И каква врска има клипчево со Заев, со името, со "двојазичноста"? Идиотски закачки ко таа погоре има од секогаш, дури многу почесто знаеше да се чуе за некој инцидент. Неспособноста на Мвр е непроменлива константа.
Тоа дека го има, го има, ама доколку имаше сајт на полицијата каде јас ќе можам да го ставам видеото анонимно, тие би биле надлежни да го проверат и да пишат под него за што се работи. Вака нема пријава до нив и тие не се надлежни. Доколку кажат дека не било ништо, а било, засегнатите страни, а и народот, ќе може да им суди т.е. коментира под видеото. Па ќе треба да се активира јавниот обвинител. Знам, барам правна држава, во држава во која тоа не постои.
Има. Давање моќ, контрола на државата и никаков страв за можните последици. Ова да го направеше Македонец ќе беше експресно најден за 24 часа, а социјалните мрежи ќе беа преплавени со коментари од “граџанството“.
Леле дај не претерувајте. За лигави закачки сега уште смртна казна што не спомна. Ако треба ќе реагираат. Еве ти пријави ги. Зошто чекаш?
Точно се додека не те засега тебе ќе биде лигава закачка. Во врска со пријавувањето ти очигледно не читаш што пишав.
Лигава закачка? Тогаш лигава закачка беше и девојката од Штип што јадеше шамар од дечкото, ама ти тогаш се уби од пишување како треба типот да биде линчуван, бла бла бла бла. Тоа е ИН, ова не е ИН да се коментира. Смири малку страсти и не иритирај родители чие дете го нашле нокаутирано на улица.
Смешен си у секој обид за сеење меѓуетничка омраза. Се ситиш на секој еден меѓуетнички инцидент од поединци усијани националистички свињи, за да доловиш некоја си поента, која има смисла само у твојата глава. И да.На клипчево наидов неколку пати и коментарите од двете засегнати страни, беа доказ дека сеуште има надеж за нас, од таквите како тебе.
Тоа со девојката беше друго и не ги мешај. Таму јасно се гледаше кој е крив, кој прав. Овде не гледам ништо посебно. Ниту гледам дека се 5 души како што пишаа, ниту дека детево изгледа уплашено. Затоа велам дека е фејк. И детево не го знаеме кое е.
Хахаха, како да не. Фејк? Скопје не е 8 милиони град, па да не се дознае кое е тепаното дете. Се знаеме сите горе-долу. Веднаш ќе се споделеше на видеото од каде е детето, дека се е лажирано, дека се пријатели, но од тоа немаше ништо. Напротив, под коментарите имаше еден куп навреди и охрабрување да се продолжи со истото. Тоа со девојката е исто како и ова.
Нели беше фејк? Колку сте само смешни. Зошто чил? Па, и за девојката од Штип полицијата истражуваше, па ти не престана да колнеш и повикуваш на линч, ама тоа е ИН, турбо „граџански“ да се коментира, плус, не дај боже некое маче да е отруено што тогаш ќе им посакуваш, али вака за овие теми само чил треба да биде. Ништо да не се коментира, ништо да не се зборува, затоа што идеалистичкото граџанство ќе биде нарушено. Патем, полицијата ќе истражува“ла“, али судот ќе ги пушти. Ко и во 95%. Со што ќе излезеш следно? Дека го тепале, пошто маска не носел?
Аман, ти да не си детено? Не знам што упорно го мешаш случајот од Штип кога таму беше апла насилство. Овде не гледам ништо. И уште тврдам дека изгледа фејк, а дали е, нека видат тие што треба А и освен од тебе и плус два-тројца, не гледам други да реагираат на видеово.
Не дај боже девојче да јадеше шамари онакви, ќе ги распневме напаѓачите. Ама ако, ова машко е, срамота е да плачи за два-три шамари. На видеото јасно се гледа дека после вториот бокс или шамар што и да беше, детето паѓа на земја. Изгледа требаше крви да му бликаат за да ја процениме ситуацијава како сериозна.
Не ми се верува дека упорно ја тупи и ги правда насилнициве. Прво прбва старо е видеово, па фејк било оти дечково не се бранел, па не се гледало тука кој е крив кој е прав , па детево не се знаело кое е, и детево не изгледало уплашено. Изгледа ако си крив ќотек смееш да јадеш Господе што глупости се изначитав дури не ми се верува и стварно не сакам да верувам дека сериозно размилсува вака.
Дојдовме до заклучок дека не се важи ќотекот ако не изгледаш уплашено. Како и да е, насилство е . Ниту е битно дали го знаеме детево, дали се бранел или било старо видеото. Па уште го снимиле овие и го објавиле вметнувајќи изнасмеано емоџи за да се истакнат покажувајќи ја својата ,,јачина". Класичен безобразлук од луѓе што немаат ништо паметно да истакнат , па се пробиваат во центарот на вниманието преку вакви ср*ња. Постојано читам и слушам нови гадости, навистина не знам уште колку ќе тонеме.
Членката рече дека и личи на фејк, што е МоГуЧе. Не рече да се убие, аман од вас веќе. Нема сигнал на сител па напнати на форум доаѓате...