Членката рече многу работи не само тоа. А за сител не ни знаев дека нема сигнал ете кој гледа и си проверува дали има дали нема
Јас го разбирам до некаде,мината недела низ Ѓорче возиме и едно детенце 12 13 години го гледам тргна и преминува,на мм му викам кочи кочи,чкрипиме тука,а тоа се изнасмеа се заврте назад и се врати на тротоар кај што му беа другарчињата и чекаа зелен семафор,толку мн се изнервирав,што да немаше гужва ќе застаневме и ќе му ја залепев една,ич не ми е гајле чиво дете е,шамарчето не ќе беше ништо во споредба со тоа што можеше да зацрни 2 фамилии,неговата и нашата и познавајќи се себеси со доживотни психички проблеми ќе бев.
Леле, вчера слично ми се случи. Возеа две деца по крајот на улицата пред кружен тек, и на едново му текнува дека тука е местото да го вози точакот на едно тркало. До сред улица дојде, да се возеше малку побрзо ќе летнеше и он, и точакот, и тркалата. Уште се враќа назад кај другаров и се смеат заедно. Нив им е тоа смешно и интересно. Уште повеќе ме изнервира што знаеше и виде дека оди кола, затоа што се сврте пред да почне. И после како да не сакаш да станеш да му го треснеш тоа точакот од земја. И да не зборам како излетуваат од споредни улички на главна. Ниту гледаат дали коли има, ниту пазат. Со точаците, залетани, трчајќи. А нема, и 30 да возиш, ако ти излета така изненадно, што? Да не успееш да закочиш веднаш? Мора да се внимава, ама децава се како муви без глави, збрлавени.
"Т Е О В Е Л С КА" работа Човекот кој се спремал да биде наш амбасадор во Брисел, и соопштил на сопругата дека е во врска со друга жена. Сопругата зела нож и почнала да го коле, итн. *новости од кругот на дипломатскиот кор.. **СДШнаНашатаЗемја! https://vecer.mk/node/519989
...таа најпрво се онесвестила, а кога се завртел да побара помош таа го прободела со нож во грбот, а потоа и на раката. Откако успеал да ја совлада била повикана Брза помош при што на Игор му биле констатирани тешки телесни повреди, а случајот бил пријавен во полиција, додека од страна на Игор.П поднсена била кривична пријава за семејно насилство.
Според пријавеното, претходно И.П. физички ја нападнал Б.П., по што таа му нанела убодна рана. Маж со години се изживува над жена, еднаш ја напаѓа и таа возвраќа, го прободува и таа завршува во затвор - тој на слобода да малтретира други жени. Веќе видено сценарио. Женските затвори по светот се полни со жени кои си ги убиле долгогодишните насилници, силувачи, кои биле жртви на насилство уште од најмала возраст па под притисок посегнале по дроги за да "заборават" Самиот наслов на веста е ужасно проблематичен. Одма е во одбрана на мажот, тој само у признал дека е во врска со друга жена, а "хистеричната" прво глумела дека и сѐ слошило, само за да го избоде. Без разлика што пријавата на настан фино вика дека тој прв ја нападнал.
Ама баш. Прво е напишано дека тој и соопштил, она се онесвестила, па кога тргнал да и помогне го прободила со нож. Значи од точка А каде и соопштува до точка Б каде се онесвестува магично е испуштено како таа уствари зела нож во раце. Којзнае што и правел и низ која психофизичка тортура ја подложил за да проба да се одбрани. Али да најлесно е и кажал дека има швалерка оваа ножот му го брцнала хухухуахахах. Мрш.
Веројатно ѝ најавил развод... обично мажените жени не им е грижа дали мажот изневерува, само да не ѝ се наруши положбата во бракот и сите привилегии со тоа.