ајде бе? поголема глупост од ова немам прочитано во животов мој. па и ако си жена, не знам што да кажам...катастрофа.
Стварно не знам што да мислам за вакви случаи. Да, тој може ја нападнал прв. Ама она него со нож... Колку и да сакам да разберам Тој ако ја нападнал би одговарал за насилство Таа сега ќе одговара за обид за убиство Ќе видиме одбраната нејзина што ќе каже
По мое и има кажано или оваа има разбрано пошто еден грст народ сме, се скарале, почнал да ја тепа и оваа у афект пробала да го повреди со ножот. Од сите случаи што ги имам читано вакви, а и она што @DAngel го посочи, најчесто жените кои посегнуваат по вакви работи се претходно премногу малтерирани, што на психичко што на физичко ниво. И кога ќе им прелее чашата и не можат да издржат више, нема институции кои можат да им излезат во пресрет, нема кај да се обратат и во положба на немоќ и револт го прават тоа. Имавме у град ние сличен ваков случај, тој пијандура што ја тепаше, ќутеше жената, пријавуваше, трпеше се дури еден ден не и пукна филм и со секира го отепа. Затвор е сеа, сама си се пријави. Прст од мала нога сечам дека има разбрано, се имаат скарано, овој пробал да ја заќути со ќотек и таа зела нож. Ама кај нас новинарствово ти е едно големо па вакви новости се пишуваат за да привлечат внимание.
Не знам. Може таа кажала нешто, може му рекла нешто за децата ако имаат деца, може нешто му рекла за швалерката, тој се изнервирал и ја шлапнал
А како тоа некој надворешно знае како и е на некоја жена во сопствената кожа?што мисли и како и е на неа,дали и е гајле или не? како можат такви заклучоци воопшто да се носат?
море р'ѓав копач у глава за такви педерчиња ( да ми извини хомосексуалната заедница) со мали ку.иња, што тепаат жени... ако не цркне од раната од тровање да цркне... Се извињавам однапред за став искажан у афект...
претпоставувам од лично и од блиско искуство. и јас познавам такви. што така се решиле ... не знаеме за неа конкретно, ете очигледно не и било сеедно. ама знам многу кои знаат и не реагираат на тоа...
тоа е веќе друг муабет..... Како и да е она ќе го јаде за обид за убиство со ладно оружје, евентуално ако ја нападнал па некако во самоодбрана она да возвратила...
за самоодбрана да биде мора да има видливи докази. шамар нема да пројде коа има човек со тешки повреди во болница без разлика на полов орган