да не ме разбереш погрешно.. Јас сум апсолутно против секакво физичко насилство. Ако некој има сомнежи треба на достоинствен и културен начин да ги реши, сега да не разглабаме начини на решавање... А насилство единствено оправдувам кога е возвратено од страна на послабата и физички повредена страна..
кој како различно, кој како сака... секој си има право да мисли и толкува како сака... ваше право, исто како и моето да се изразам... јас мислам дека тоа е можно сценарио, а како било навистина тие само си знаат и си е меѓу нив... иако, баш е штета, не треба насилство, треба смиреност и добрина со добри односи меѓу луѓето...
К.ре ипол, недигнато....ама пустиот е на власт па и иден амбасадор... Јеби га, кога имаш фотеља мислиш Господ за муда си го фатил....
Очекував да видам манекен. Ама овој? Гарант земал младо пиле. И јас сум против насилство. Баш ме интересира како ќе заврши случајов.
Јеби га, ветил вработување во ЕЛЕМ или ќе ја носи да му биде "десна рука" на амбасадорско место, и толку треба на денешниве неписмени и напукани....и за млади мажиња ова исто значи. Ќе видат тетка со џип 20 години постара и одма и лижат газот за џипот да го возат.... Таква ни е државата и народот, прост, неписмен, за ц,цка, г.з, младо к.ре, ветува брда и долини. Зашто да се потат да создаваат кога некој може на тацна да им го сервира....е сега колку ќе трае и какви последици ќе има, веројатно и не размислуваат, а и со што би размислувале, нели
Знаеш која е швалерката или само текот на приказната совршени ти одговара со менталниот склоп "сите жени се курви"
Те разбирам. Ама тука правиш муабет за дете. И да го рашамараш, нема да му дојде памет затоа што мајка му и татко му ќе се свртат кон тоа дека возрасна личност им го удрила детето и на крај ти ќе го јадеш, а тој ќе добие лекција само дека никој не смее да го чепне, а не дека не смее да поминува на црвено. Да беа закониве почитувани и спроведувани, ќе можеше детето да плаќа казна, т.е неговите родители. Пред некој ден на дечко ми пред кола му излета 7 8 годишно дете. Корекција: не му излета. Лабаво си одеше. Дечко ми закочи, детево не се ни сврте накај колата. Најлошо од се? Родителите чекаа да преминат улица и никој ништо не рече и не направи. Мислиш дека да излезевме јас или дечко ми да го истепаме детето дека тоа дете ќе научеше што е правилно? Ќе завршевме ние претепани или пријавени.
очигледно читаш постови што ти одговараат, и си ја вртиш водата накај твојата воденица. А, да, и никаде не пишав дека сите жени се курви, никаде не ни пишав дека жените се курви, зашто не го мислам тоа. А тоа дека денес се случуваат вработувања на фризерки у ЕЛЕМ или на шоферчиња млади на министерки или директорици пред пензија, веројатно или не следиш што се дешава во државава или носиш розеви наочари. И не етикетирав ЖЕНИ, ги етикетирав сите без разлика на пол кои го прават горенаведеното. И не, незнам која му е швалерката, ама вакво к.ренце од 55 и кусур може да го има некоја само ради потреба. А он што сака нека прави со швалерисувањето, не е тоа темата на муабет, темата е црна хроника,, и нападот со нож кој засега нема полициски официјален извештај но во медиумите се споделува информација дека при кавга он ја нападнал физички и она му возврватила со убод со нож, за што ако е вистина целосно ја оправдувам сопругата негова и се надевам дека ќе ја ослободат од обвинение дека било во самоодбрана
Вие што правите муабет за децава што истрчувале на улица, застанувате на пешачки на СЕКОЈ пешак? Или си продужувате пошто немате време да чекате. За да ве рашамараме и вас де, затоа прашувам. Пошто реткост, ама стварно е реткост да ти застане човек на пешачки. Точно дека и деца треба да се учат на правила, ама не за џабе во близина на школо, градинка, детски игралишта, тесни улици во населени места се вози споро и со внимание. На сред булевар да ти излета, веќе е друго. У реду, шамарајте. И вас нека ви пукне некој шофершајбна или дупне гума следен пат кога нема да застанете или ќе ги исполижете тоа гумите од кочење пошто не сте виделе дека има пешачки па леле види кај нашол да преминува. Да знам дека вас ви излетале на сред улица, ама прво битно е дали вие почитувате.
Ако е вистина, дека тој ја нападнал физички без намера да ја убие, а таа го закачила со нож, не е самоодбрана тоа. За да е самоодбрана треба и тој да ја нападнал на начин на кој таа би умрела ако не се одбрани. Или ја нападнал на начин кај што таа нема можност да избега. Ако може да избега, а не бега, му закачува нож, не знам колку е самоодбрана тоа Ама си правиме ние чаршиски муабети, господ знае што било
Застанувам секогаш! Детево истрча на пешачки со семафор,немаше потреба ние да застануваме и да го пропуштаме ќе си чека зелено,другарите негови чекаа а тој фраерски тргна и се смееше.
Пред неколку дена имаше двократно убивство во Слима. Двајца геј-пар се ладнокрвно убиени во својот стан. Во ова убивство како второ - осомничен се води Скопјанецот Виктор Драгомански кој работел како обезбедување во Пачевил. Првиот е Албанецот Даниел Мука кој се изјаснил вчера дека учествувал во планот но не го извршил убивството. За нашиот сограѓанин сеуште не се знаат многу детали,но предизвика револт кај Македонците овде кои сметаат дека ваквите луѓе се продале за пари. Истрагата е во тек...
Леле колку се потресов сега слушајќи на тв за човекот што се удавил во Вардар обидувајќи се да ја спаси девојката што се фрлила од мост во реката. Жално, добро дело сакал да направи, а завршило трагично за двајцата. Нека почиваат во мир, се потресов многу стварно.
32-годишниот Гоце Димитриевски загина кога тој и неговата бремена сопруга, кои се возеле на мотор, ги удри автомобил чиј возач преминувал преку две полни линии и вртел во забранет правец. Сопругата Наташа беше тешко повредена, а како последица на ужасната несреќа, го загуби бебето. https://a1on.mk/macedonia/vinovniko...i-uslovna-kazna-rodninite-na-zhrtvata-gnevni/
За 2 убиства условно,за 150 кебапи 5 години Затвор,за 10 тегли Ајвар 3 години Затвор,е ова е нашата Вукојебина.
За која правна држава зборува власта цело време, не знам. Ни п од правна држава немаме. Делото не било со умисла и го признал човекот и ај условна казна, а тоа што два животи се одземени, нема врска. Никаде не треба пристрасност и поткуп, најмалку во судството.