Дали е можно да е вистина ова дека 67 годишната жена во Струмица ја силувале, ограбиле и задушиле (убиле) двајца малолетници 13 и 14 години??? Има ли случајно некој од Струмица да знае нешто повеќе за ова? Како ги откриле дека се тие? Не можам да поверувам!!!
Само што ја барав темава и сакав да отворам дискусија на оваа тема. Јас искрено сум навистина згрозена од случајов, не разбирам стварно колкаво е тоа лудило во еден детски/тинејџерски мозок најпрво да помисли на вакво нешто а после да го реализира, страшно и лошо навистина. Мислам дека веќе е време сериозно служби, училишта и сите институции да превземат нешто во врска со воспитување на децата, ова што се случува не е нормално. А најпрво родителите се тие што мора да си ги воспитуваат децата.
И јас сум шокирана, цело попладне пробувам да ја истерам веста од глава. Што им се случило на децата за да се развијат во такви психопати?
Цел ден ја барав темава и ми искочи конечно. Се запрестив од статусот на Ина, луѓе ова веќе станува алармно, ако децата поминат неказнети дека се малолетници тие ќе најдат друга жртва.
Кажаа на вести дека во казнено поправен дом биле однесени, ама ја мислам дека е подобро малце да ги однесат во психијатриска болница да подлежат, утре на овие деца когќе им заврши казната они ќе бидат спремни пак истото да го повторат, ќе речев и полошо ама што полошо може од ова да се случи...
Полошо од поправен дом нема, таму гарант ќе ги малтретираат и тепаат. Па ќе се бранат со тоа и ќе ги пуштат на крај, требаше во затвор па од таму на психијатрија. Леле од каде таа волја за убивање на таа возраст јас не знам.
Воопшто не ми е чудно деца да извршат убиство. Е сега злоба ли е, пропуст на родителите или нешто трето, не знам.
Уште од првата објава како да се знаело дека е убиена, прво што ми падна на памет е дека за тик ток се снимале ама веројатно не. Инаку 67 годишна може да е во состојба да се одбрани, а може и да не е. Желудникот ми се превртува и се плашам од иднината. Ептен страшно ми делува се. Би требало да е оваа идеја поттикната од интернет. Нека има интернет нека постои ама контролиран, нека одат децата во школо па од школо на спортски активности и јазици. Не знам ни јас веќе што пишувам од мака, да умре бабичка на таков начин, сега што и да им се направи на децава џабе е, нема да се врати времето, ама да секако треба да се казнат, да не помине неказнето. Ужас!!!!!!!
Правдајте ги пак јавни соби, сами дека си бараат жените, учете ги дека се машки и ги личи, нека не сносат одговорност за манијакално понашање па после ќе се чешаме кога ќе излезат вакви вести. Колку што е нивна одговорност, толку е и на сите што пишуваат коментари и бранат манијаци. Па ќе силуваат и ќе убиваат после, па што, им се може. Пу.
Јас сум згрозена и запрепастена од случкава. Кој изопачен мозок треба да го имаш за на 13 години да посегниш ладнокрвно по нечиј живот?
ваквите однесувања во запад одамна постоеле, одамна има малолетници по психијатри а потоа кога ќе наполнат доволн години и во затвор. Сега е дојдено кај нас, пошто кај нас секогаш се што е од запад многу каасни со децении. Се надевам дека ќе завршат на психијатар две години а потоа 3 до 4 години и во затвор. инаку, да не се наместени? да не има и трето лице што тоа го правело а они само да гледале па ги наместиле, чудно ми е што од вчера за денес ги открија кои се.
Децата треба да скапат во затвор. Ригорозни казни треба за ова. И да бидат повикани на одговорност родителите.
Се е можно. Како и да е овие деликвенти се познати во градот. Не им е веројатно прва кражба штом луѓето ги знаат кои се со име. И какви родители спомнувате?! Овие сигурно се оставени уште од мали да просат по улица. Инаку често во последно време гледаме дека стари лица кои живеат сами се таргет група на напади и убиства.
Да дојде до овој стадиум, кажува дека целосно сме потфрлиле како заедница, како држава, како луѓе. Деца се. Не е можно да немало претходно знаци на антисоцијално однесување. Со деца кои се криминогени и насилни мораат да работат социјалните служби. На таа возраст, однесување, најчесто,може да се модифицира. Ама кој кај нас? Кој?
https://mk.tv21.tv/maloletnik-so-bmv-h6-pregazil-doktor-na-ulitsata-majka-tereza/ Нешто околу ова? Не знам кој прв да обвинам, не знам. Се надевам докторов ќе се спаси, а на детево доживотно не би му дало возачка дозвола.
Секако ќе одземат возачка на некој од Сингелич, важи. Па уште некој BMW x6 што вози, нема грешка. Се скапаа снимање за Тик Ток како возат по 200 низ град, низ Центар ќе изгазеа луѓе што си поминуваат, се јачаат секоја вечер па никој ништо не прави. Ќе си поплачеме малку, ќе се понервираме, ќе се помолиме некој да не не собере дури си идеме пешки и тоа е тоа. Секое чудо за 3 дена.
Најголемата вина тука ја гледам кај родителите, какви родители, такви деца. Штом вози BMW X6 јасно е. Загреота докторот.