Секој ден ново разочарување. А пожарот како настанал не се знае? Аман, секоја мајка гледа прво детето да го спаси кога е во опасност. Оваа бездушна.
Имам што да кажам на темата, ама мислам дека ќе бидам погрешно сфатена. Само на кратко - не скокајте - каква мајка, каков татко, туго-леле. Ако комшиите знаеле дека го врзува детето, пријавиле во социјално? Ако пријавиле, оти детето било дома и малтретирано? Некој со здрав ум ни куче на ланец не врзува, за дете ич да не зборам. Заспани служби, заспани, сега ќе се судиме кога е предоцна.
Потпишете ја петицијата што кружи на фб и твитер за родилката која беше осакатена од монструмот човек (не велам доктор, затоа што најверојатно се работи за купена диплома и знаење добиено со колење на кланица). Барем толку можеме. Има ли правда во државава?!? Да видам дали на тие во комисија ако им беше роднина така ќе реагираа. Ако нештото не може да се купи со пари, може со многу пари. Срамота, осудија човечки живот да е еднаков на мравка. Во државава може да касапиш луѓе, да газиш со кола и притоа неказнето да поминеш, ама не дај боже ќебап да украдеш.....Мизерија, дно
Го врзувале детето пошто агресивно се однеувало. Како може 7 годишно дете агресивно да се однесува? Што прави толку лошо? Кине книги? Крши играчки? Кажи му немој така. 10 пати кажи му немој така 11от ќе те послуша. Комшиве ништо не знаеле за луѓево. Нови станари биле од пред 5-6 дена. Пожарот ради парно загревање најверојатно избувнал. Еден на вести кажа дека детево избегало од пожарот, можеби тогаш од кога избегало го врзала скренатава. Се нервирам. Некој плаче за деца некој со ланец ќе ги врзува. Да ги врзе господ да ги опере ваквите родители!
Се запрашале ли зошто воопшто тоа дете е агресивно? Покрај толку психолози, терапевти во 21 век тие за ланец се одлучиле? Зборува колку се способни да го одгледуваат тоа дете.
Еве, еве ти го доказот пред очи. И тие со него се однесувале агресивно. Сите гледаат децата да ги спасат во вакви недајбоже ситуации. Овие скренативе го "заборавиле" детево и тоа врзано. А кој го врзал тоа дете така? Самото? Не. Ај тргни пожарот на страна. Која е потребата за врзување? Врзувањето ти е одговор како се однесувале со него.
Никој друг не настрадал, само детето? Само било оставено дома? Може и затоа го врзале, да не прави бељи дури е само дома а родителите којзнае каде. Страшно.
Некаде пак пишува дека било само дома. Како и да е, замислувам што се' може да имаме по комшии и да не сме свесни, а и да сме да пријавиш нема кој да реагира. Да си возрасен барем имаш шанса да бараш помош, децата кој да ги заштити.
Кажаа во станот живееле две жени и неколку деца. Сега која што им била на децата, не кажаа мислам. Неќам да замислам како му било на детето тие последни минути.