И мене не ми е јасно нешто. По медиуми пишува дека се обесиле поради недозволена љубов од страна на родителите, а ваму на Фејсбук има слики како се верени.
Регистрирани се, живееле заедно и правиле куќа. Ама се разделиле. Она се самоубила во семејната куќа, а не на истото место како него.
Сигурно нема да ги изнесам нивните приватни работи на форум за да ми веруваш ти или било кој. Доволно е што напишав дека не е баш така како што се пишува.
На твитер една вика биле во брак, она го варала .. А бе глупости. Пред камера кажуваа комшии што растела пред нив дека не била мажена.. И слика имаат од нив на Твитер извадено. Греота.
На фејсбук профилите има слики од тоа како ја има запросено, како се имаат регистрирано. Сега секој што сака може да зборува но само они двајцата знаат што и како е било. Да ги оставеме да почиваат во мир.
Кога ја прочитав веста останав без зборови, а порталиве колку само да пишат нешто изгледа. Да се врти вест да се има прегледи. Толку мила и позитивна девојка, жално..
Ќе ги трачариш уште незакопани? Што е важно кои се, дали биле во брак. Ова е creepy, трагично е која и да била причината, не е нешто со кое треба да си го исполнуваме времето.
Тоа порталите полни се https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...GNwgQgUCXdHmpN7xstvzETE#.YO7XTKxUDcs.facebook
Абе разбирам, новинарите сакаат да се читани, ама да им се чепка по ФБ профили за забава стварно ми е одвратно. Лесна им земја.
Пишуваат дека последната година не живееле заедно, а тие се во брак од јануари. Ете колку измислуваат порталите
Без разлика дали биле во брак или што и да било, жално е млади си го одзеле животот. Нека почиваат во мир.
Леле леле цела Македонија коментира и пишува за ова, викаат на твитер кружеле слики од нив, а тука очи ќе извадите на девојчето што праша како се викаат за да види слика на Фејсбук. Одма ќе ги трачала, глупости... А вие едни светици по други теми, нема грешка. Нека им е лесна земјата... Јас прво помислив дека е нешто на верска основа (како што и најчесто бидува во ова ѓубре од менталитет) ама очигледно друго е.. Како и да е, многу тажно....
И шо ако види слика? Одвратни се и тие на твитер, ама и девојчето не е за оправдување. Не треба да се користат за забава вакви случки.
Е па ете и градоначалникот на Штип објави слика од Александра. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=339288184422473&id=105234821161145