А како се забавуваат? Земаат слика и играат над неа, пеат, се смеат? Каде е тука забавата? Па кога ќе исчезне некој, кога се удави онаа жена во езерото во Прилеп чинам беше, кога во сообраќајка ќе загине некој никогаш не сте отвориле на Фејсбук слика пошто на големо се шират во коментари или на профили на фамилијата или блиските која на тој начин ја објавуваат трагедијата...? Јас на пример во неколку наврати од љубопитност сум ги отварала сликите на педофилите во Македонија бидејќи сум сакала да видам како изгледаат, профил на личност (име, презиме, возраст)... И сега тоа значи дека се забавувам или фаќам сеир во тие моменти? Кога нешто се прави јавна информација луѓето се интересираат и стануваат љубопитни... И јас мразам трачање и буткање нос во туѓи работи и начинот на кој некои овде се дрзнуваат да бараат детаљи е безобразен ама сакам да кажам дека не е секогаш за забава, трач или фаќање сеир.
Пополнување на времето, трачарење на нечија трагична судбина. Не е ок да се споделуваат слики по социјалните мрежи, замисли, нивните фамилии тоа го гледаат, при сета болка уште тоа им фали, да гледаат народот како си прави чамче муабет. Тоа со педофилите е друго, ама ова, ги повредуваш нивните блиски.
Мене не ми е јасно што може да е толку страшно да забраниш некој да да се сака. Ај мислев вера е во прашање, ама и тој и таа се христијани, бар по имињата. Кажуваат по фб дека тој бил од прекрасно семејство. И сега? Место да им се радуваат на внучиња на родендени ќе им идат на помени. Сташно.
И тие ко градоначалников. Тој шо го знај починатиот, знај како изгледа, не му треба слика. За шо е сликата? За народот да се занимава, а овие да покажат колку биле 'потресени'. Сето е то глума, нема врска со жалење. Тргнете од вас самите, тој што сте го изгубиле, а ви значел, ви треба на слика да го клајте на интернет за да видат другите, или го жалите внатре, во вас?
Вие душички не ги трачаревте. Од вакви како тебе што наредуваат кој што да прави гине народ. Што сакам ќе им правам мене господ ќе ми пише грев. Не им појдов на погреб со тапани. Неможе туку така јас да се самоубивам пошто родителите не ми го подржуваат бракот. Тука се крие нешто трето. Ете и куќа на само почнале да градат се тргнале од сите, тука има нешто трето.
Луѓето се самоубиваат од причини што за нас не се ,,доволно добри" за да се самоубиеш.Моја комшика имаше перфектен живот,ама долги години се бореше со депресија.На крај се обеси.Така да не е на нас да објаснуваме и размотеуваме дали имале вистински причини за самоубиство.Човек кој си е ок со психата нема да си посегне по живот.
Да требало да биде јавно изнесено и да ги знаеме и гледаме сите, немаше по иницијали да бидат пишани во порталите, име и презиме ќе имаше. И правилно што не споделивте тука на форумов тоа што знаете.
Колку што видов на фб, веќе биле во брак. Не верени, туку во брак. Каква е таа забранета љубов?!? Порталиве очигледно глупости пишуваат. Жално, убав пар.
Па очигледно ќе мора да измислуваат кога има такви како вас што глумат загрижени за некаква приватност или дека немало да почиваат во мир ако се знаело што-точно-како било. Зошто ти да знаеш а не другите, си се запрашала? Зошто да имаш ти привилегија да знаеш што било-како било?
И што сакаше да кажеш со ова? Од ист град сме, нејзина братучетка ми е кума и ете знам. А зошто би ти кажала како е/било тебе? Што е битно тоа за тебе? Ете не е така како се пишува, а јас не сум таа што треба да кажува по форуми како е. Која сум јас да изнесувам нивни приватни работи и проблеми?
Samo oni si znaat samo familiite im najdobro kako e sto e jas ova od iskustvo go kazuvam oti I jas pred pet godini izgubiv prv bratuced na 20 godini si go odzede zivotot so besenje I kakvi se ne muabeti se iznaslusavme od narodot sto e i sto ne e ama nie najdobro znaeme zasto bese taka