Добро и кој исход го имаме ние со тоа што ти ке ни кажеш дека знаеш ама не пишуваш јавно ЗОШТО......така да подобро и ништо не пишувај......оставете ги нека почиваат во мир души златни....
Што и да било греота ,млади ,перспективни,тазе земени. А пак овие што коментираат бездушни дури и да им забранувале нивните што зборови се тие "ете им сега забранување" ... Многу премногу сум разочарана од луѓево...не само за овој случај.
Само пишав дека не е така како што се пишува по медиумите. Толку. Ама овде има многу радознали и што сакат да знаат. Не пишувам за да не оцрнам некој, мислам грев е за мртов човек да се зборува неубаво. Како и да е, тие најдобро си знаат. А овие што пишуваат лошо за семејството, не дај боже да им се во кожа. Оти и вие исто би постапиле како родителите
Жално.Нека почиваат во мир. За вакво нешто не е во ред да изигрувате Стојна и Петранка на селска чешма.Те слики,те детали... Не сте МВР.
Многу, значи многу мразам иритантни политичари, т.е. како градоначалникот на Штип. Користи туѓа трагедија, знае дека тоа ќе привлече внимание и емпатија, па статуси на Фејсбук “срце, ангел, мила“. Дај гонете се у три ПМ политиканти.
Да да баш ако некој пише така ќе се спречи. А од кај да знаеме дека тој што вели не е така ја кажува вистината?
Леле аман, батали ги. Најде на кој да објаснуваш. Жално за младите, нека почиваат во мир. Оставете ги.
Што ќе ти се смени во животот ако ја дознаеш вистината? Или само да ви биде поинтересен денот. Бедно, далеку од загрижени сте. Секакви приказни се вртат, тоа е тој менталитет ненормален. Па статуси, па Фросина Фро. Ми се г-а-д-и И ако толку верувате на медиумите, жал ми е што ќе ви расипам филм, ама на медиумите повеќе лаги се кажуваат отколку вистини, во глобала.
Каде пишав дека мене ме интересира вистината? Надвор од памет ми е на форум да пишувам дали некој случај е така или не како што се прикажува затоа ме интересира која е поентата на тоа, ама одговор не добив. Ако не сакате да се знае "вистината" зошто би пишале не е така па уште објаснување од кај ги познавате тие луѓе.
Секој со здрав разум знае дека не е така како што е пласирано медиумски. Или е прикажана точка од целата слика. Никој нема да знае точно освен нив и/или најблиската фамилија. Шпекулации милион. Нека почиваат во мир. Трагедија.
Исто и јас се покајав што пишав во темата-религија пред некое време. Начнав за мене мн болна тема за трагедија на мои блиски, а добив обвинување, осуда... Сосема те разбирам, а младите да ги оставиме да почиваат во мир. Господ да им даде сила на нивните семејства да издржат..
Јас дури денес дознав за ова, сега и на фб ми излезе вест, ги најдов и дечките и се изнаплакав пред спиење. Не ми се верува, млади, перспективни, баш кога животот бил пред нив, преубав пар биле, ми делуваа доста среќни заедно на сликите. Како и да е, никогаш нема да се дознае зошто го направиле ова, они сами со себе ги однесоа своите тајни и ги закопаа. Не знам што да кажам искрено, ама многу жално.
Можете да се воздржите од препукувања на темава. Нека им е лесна земја, се здрвив вчера. Најмногу од се ми паѓа мака кога двајца што се сакаат не можат да бидат заедно ради други луѓе. Никогаш да не се повтори ова.
Jas kazav i pak ke kazam familite si znaat najubavo zasto nivnite bliski go storile toa go osetivme za zal ova na svoja koza I kakvi se ne muabeti se iznaslusavme od narodot toa e cudo