Подобро да се почни од некаде него да ја вртиме главата на вакви немили случки, кој убива куче спремен е да убие и човек без око да му трепне
Пуштен е психoпaтoв и пo луѓетo викa дa се ебaт сo кучињa, a девoјкaтa кoјa гo oргaнизирaше прoтестoт е пoднесенa пријaвa. Случaјoв гo кoментирaaт и вo еднa групa зa зaштитa нa живoтните. Мoе е дa се прoтестирa пред негoвaтa куќa и пред институцииве зa кoнечнo некoј дa се oсвести. И кaкo е пуштен нaдвoр лудaкoв мене не ми е јaснo? Сaмo еднo знaм - сè сјебaнo вo oвaa нaшa усрaнa држaвa.
Искрено, мислам дека малку се претера со реакциите во случајот со бруталното убиство на куче. Не со реакциите на згрозеност и осуда, туку со сите останати. Прво, многумина по социјалниве мрежи ги осудија сведоците на овој ужасен настан - како тоа ништо не преземале, како они да биле на нивно место ќе го спречеле човеков, истепале, убиеле и не знам што друго. Да расчистиме една работа - никој не може однапред да знае како би постапил во одредена ситуација, особено во ситуација во која никогаш не се нашол самиот. А откако нешто веќе ќе се случи, многу е лесно да се паметува и теоретизира за тоа што и како требало да се направи - особено на социјални мрежи. Второ, не ми се допаѓа и како граѓанскиот сектор се справува со целава ситуација - човеков е за секоја осуда и апсолутно треба да биде казнет, а најверојатно и испратен на психијатриско лечење - меѓутоа, тероризирање на целото негово семејство, со закани, навреди и клетви - не е во ред. И не ми е јасно зошто се собирите пред неговиот семеен дом, а не на друго место. Многумина кажаа дека законски предвидените казни за вакви дела се многу ниски и несоодветни. Се сложувам. Ама, guess what? Убиецот на кучето не е крив за тоа какви се казните - криви се институциите. И повторно, се враќаме на суштината, а тоа е дека ваквите протести и искажување на револт треба да бидат искажани кон институциите и да бидат во насока на подобрување на законите и нивното спроведување, а не наместо тоа да бидат насочени против поединци кои го прекршиле законот.
Не знам ни јас, а убеден бев некако дека ќе го крка. Ама тоа е, Во постот сум заборавил да го вметнам зборот „српски“, сакав да кажам дека го коментираат и во српска група за заштита на животните и една членка дури сликаше пари од 450 евра за некој да му „одржи“ лекција на психопатов.
Кога пишав јас дека е прашање дали ќе лежи/плати, вие бевте убедени, ете, веќе си заработил кривична. Па што ако? Демек досега не ви беше јасно во каква држава живеете, па сега се чудите што е ослободен? Мислам, да, смеењево е иронично и од мака, но за жал, пак ќе кажам, живееме во хотел Македонија, и тоа треба да ви е единствен и доволен доказ дека вакви и слични случаи секогаш вака завршуваат.
Следам ситуација и мислам дека веќе ја претераа. Океј, пријавија, излегоа на протест, објавија дека е убиец ама да се лепат насекаде слики со неговиот лик и текст Психопат и Сериски убиец, веќе е премногу. Колку што ми беше грозно кога ја видов сликата со кучето, сега исто толку ми е грозно кога ги гледам овие осуди.
Ете така, зошто не сме ненормални да претепуваме за одмазда, тогаш сме пи*ки А штом госпоѓата е толку јака фраерка за да се сили на фб, нека премине граница па самата нека тепа. Ако има јајца, секако.
Значи ете жал ми е за кученцето како за живо суштество ама повеќе од се ме исплаши фактот што секој може да си се шета низ центар со секира и шипка во рака и никој да не реагира и да нема казни. Го виделе и си мислеле дека оди да сечи гранче или грмушка. Алоо па не сме во шума бре луѓе!!
неможам да најдам може линк? иначе незнам дали се сеќавате младата девојка која се породи на табановце мислам кога иделе на екскурзија. Во тоалет што го фрлила детето што бидна со случајот се дозна зашто тоа било
Уште едно грозоморно убиство, но со повеќе жртви. Покрај самиот грозоморен чин, сторителот тоа јавно и го објавил на својот фејзбук профил. Имено: Велес и Македонија се потресени по црната вест за убиството кое се случило доцна синоќа во 3 часот по полноќ. Како што информираат од полицијата, убиен е еден маж, а повредени се четири лица, членови на истото семејство, од кои некои потешко. 46-годишниот С.В. во три по полноќ насилно влегол во куќата на 66-годишниот сосед Д.Н. со кој имал нарушени односи, и со чекан и хебла кои ги носел со себе, на него и неговата сопруга Л.Н. како и нивната 31-годишна ќерка Т.Н. кои биле на првиот спрат од куќата, им нанел тешки повреди на главата. Д.Н. кој потоа бил пренесен во велешката болница за жал им подлегнал на повредите и покрај напорите на лекарите, а неговата сопруга со крварење на мозокот е итно донесена на Ургентен во Скопје. Убиецот се качил и на вториот кат од куќата каде се наоѓале братот на убиениот и неговата сопруга, и и нив ги повредил. Од МВР информираат дека напаѓачот е приведен, а полицијата работи на целосно расчистување на овој случај. *Извор: Прес24
Колку треба да си психички растроена личност за сам да си го уништиш животот до крајност? Покрај твојот и на неколкуте околу тебе. На крај ќе си пресуди самиот, само жално за ужалената фамилија на починатиот.
Да беше изолиран случај ќе беше изненадување но рајата е нервозна повеќе од обично, дали е тоа кумулативното дејство на постојаната криза, дали се горештините или нешто друго...кој би знаел. Пред пар месеци имаше масакр во Сарај каде што некој лик (качак) уби три лица од фамилија на брат му нешто така, а пред или после тоа веднаш уште еден масакр во Бутел каде што 84 годишен антички пензиониран милицаец (?!) го уби внукот а ден два покасно на раните подлегнаа и сопругата и ќерката на убицата, што наведените ликови ги става во категорија на spree killer или масовни убици. Ви случајов во Велес е интересно користењето на ФБ за објавување на злочинот и за разлика од претходните два масакри во кои играл пиштол - тука имаме чекан А на што мисли со тоа монструми е нејасно, дали имал децениски нерешени имотно правни односи или нешто друго, дали мислел дека во комшиите влегол ѓаволот па на овој начин ќе ја спаси околината...