Не е буквално ослободена,ама сигурно ќе и се намали казната.Она пола ја одлежала.Тоа е таа наша држава.Ја уништи фамилијата.Пред некое време и татко му на Пино почина,а мајка му константно спомнува одмазда,што не би ме чудело.На крај и таа ќе заврши во затвор.
Кога дојдоа, кога се раскомотија... https://kurir.mk/makedonija/hronika...vo-makedonija-napadnale-drzavjanin-na-indija/ Кај отиде таа темата каде се пееше од некои членки колку се лични и умни авганистанските "преведувачи и хуманитарци" ?
Сериозно ова? Барем малку да глумеа на почеток од благодарност ако не од друго. Членките ги бараш? Не се отидени да им посакаат добредојде?
https://fokus.mk/kumanovets-i-dbbbv...i-za-skvernavene-na-grobot-na-mladata-jelena/ Леле ова кога прочитав ми се стемни... Луѓе, какви психопати шетаат по земјава бре? И тоа ја тргнале плочата, ископале се, го отвориле ковчегот и проверувале по телото за да наводно најдат некој златен ланец за кој имале сознание дека е таму! БОЖЕ ГОСПОДЕ, КОЈ УШТЕ ГЛЕДА И ДАВА СОЗНАНИЈА СО ШТО Е ЗАКОПАНО 17-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ? Гревови....
"Триесетгодишен кумановец заедно со двајца осуденици пуштени на викенд" Моментот кога ти е поубаво да си осуденик, бар имаш слободни денови.
Случајов е комплицоран. Осомничениот за убиството на девојчето е нечиј син и сега вршат притисок врз семејството за да не се разреши случајот. Мајката ја бркале и со автомобил и и претеле. Голема мафија има во Куманово.. Еве инфо околу случајов. https://www.slobodenpecat.mk/majkat...hat-deka-mnogu-brzo-kje-ja-razberam-porakata/
Пишав ама си го избришав мислењето... Можеби не сум јас таа која треба да кажува толку многу за случајот ама знам повеќе отколку што мислите... Ја знам целата мрежа. Главната алка е битна, тој што штити- Оливер Спасовски. Не мора да кажувам повеќе ајде...
Па веќе кога знаеш кажи.На анонимен форум си де, зошто да не напишеш? Многу повеќе луѓе треба да ја знаат вистината, барем девојчето го заслужува тоа.
Леле аман со овој случај веќе, со јелена и мафијашките фамилии, девојката сама се качила во кола да ја вози пијан и издрогиран возач ама она светица е оти загинала. Богаташи и нивните размазени дечишта.
Дали се качила сама или на сила, возачот е одговорен за нејзината смрт. Кога возиш носиш одговорност и за тие во кола и надвор од кола. Другар мој лежеше 8 години затвор за ваква работа и исплати 2 милиони оштета на семејството. Го осудија како за убиство со умисла, животот му се уништи ама секој треба да си сноси последици од постапките. Затоа учете од туѓите грешки.
Одговорен е да, нема тука дилема. Ама мене вината не ми е на исто рамниште како девојчето на пример во Струмица што загина на пешачки или исто во Скопје пред некоја год. Ако јас се качам да се возам а гледа дека возачот е пијан дел од вината си е и моја. Ме иритира толкава фама што се дига само затоа што е ќерка на некој си таму. За разлика од другите случаи каде девојчињата ни криви ни должни ги удрија на пешачки па ништо епилог, ама овие родители немаат пари за билборди.
Сите три се деца на некој.Сите се богати од ,,угледни" фамилии.Родителите можеби и не би терале некаква правда да е се така чисто таа вечер.Дечкото не викнал одма полиција и брза помош,него чекал да дојде прво татко му да му кажел што да прави.За тоа си постојат сведоци.Секој родител си вика дека можеби би било поинаку ако викнал брза помош,можеби би преживеала.И сега кога ја тераат правдата до крај,кога викаат експерти од странство им се закануваат.А уште полошо е ова со откопувањето од гробот.Не ти го оставаат раат детето да почива.А ништо немаат земено.Сите златни работи се во гробот.Ова е чисто ради одмазда,и да им нанесат болка,родителите да го видат тоа.Ужас