Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Види, и јас се имам качено со поднапиен возач зашто сум си рекла во моментот 'ајде близу е или ајде ништо нема да се деси'. И јас сум возела со 2-3 пијачки. Сега не ми паѓа на памет.
    И искрено, мислам дека треба да се крева фама околу секое вакво убиство. Ако немаат пари за билборди да се организира да се донира, новинарите да притискаат, луѓето да протестираат.
    Толеранцијата за алкохол во крвта да биде 0.0, а казните не 230евра туку 2300евра.
    Чичко ми во Германија го фатија со кола (ептен малку имаше пиено), го привеле во станица и му го земале возилото привремено.
    Пријател направи сообраќајка во пијана состојба во Италија, огромни казни плати, возилото трајно одземено, возачката одземена и мораше да посетува терапевт на психијатрија неколку месеци.

    Мора да се сменат законите, мора.
     
    На warrior, LadyC, Pixi5 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Овде мора да се применуваат законите прво.
     
    На LadyC, Stressed Out, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    41.196
    Пол:
    Женски
    Озбилна си со коментаров за нечија туѓа смрт? :puke:


    https://burevesnik.net/index.php/ek...j7Zv9l8PHTw1O09BQ-RkQW4kiBQMOgp8jYKF11t82Fb6A
     
    На Pixi5, x.Daisy.x, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Точно сама,но девојката била жива ама родителите на возачот и сопатничката не повикале брза помош веднаш, туку си ги одвеле децата на чистење, па средиле работа и после тоа повикале брза помош кога девојката веќе искрварила и починала. За ова треба да има одговорност.
     
  5. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Знам ситуација, пријатели на моите родители, братот пијан излета од пат и за жал малолетната сестричка почина, родителите не поднесоа тужба ама сепак беше во затвор, направил прекршок и мора да одговара. Така да и за овој случај, одговорност мора да си поднесат, без разлика кој се и чии се..
     
    На elimkd и Amelia им се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    17.646
    Пол:
    Женски
    И тоа среќа што се родителите екстремно богати па можат да си дозволат за адвокати и странски експерти инаку се би се заташкало.
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.616
    Не гледам никаде да се води истрага за девојката од Струмица чии родители патем ги донираа органите, а за девојчето од Крива Паланка возачот го осудија нешто минимално неколку години. Пишува дека возачот бил на интензивна нега во Скопје, а другата сопатничка скршена карлица така да тешко дека не викнале брза помош.
     
  8. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Не се води истрага бидејќи се донесе пресуда за возачот во затвор е, не прашувај на колку е осуден, бедно е ама тоа е. Семејството на девојката мислам дека доби социјален стан и вработување добија.
     
    На Meckicja и violetblue им се допаѓа ова.
  9. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    На Meckicja, MrenaRiba, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    19.821
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто некој се противат на воведување на смртна казна.
     
    На Meckicja, franca, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.836
    Допаѓања:
    80.792
    Пол:
    Женски
    Како може да постојат вакви родители, не можам да ги разберам. (facepalm) Се надевам дека ќе добијат казна каква што заслужуваат, а не да им намалат.
     
    На marchi-cool, P.S.love, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  13. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.357
    Пол:
    Женски
    Треба да се прави психолошки тест пред да се стане родител. Најстрога казна за овие монструми.
     
    На dejziii, P.S.love, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.324
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Машки
    24 годишна девојка смртно прегазена на пешачки премин кај Сити Мол... Другиот тешко повреден исто 24 години.

    Алоо луѓее имате бе осет?
     
    Последна измена: 20 јануари 2022
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.272
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Страшно е ова веќе, ни на пешачки не застануваат, е како да поминеме ние да прелетаме.
    Секогаш морам да застанам пред пешачкиот затоа што никој не застанува, срамота.
    Жално за девојчето, несовесни возачи има и ќе има засекогаш.
     
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    9.771
    Бог да ја прости... Душиче... Поминав пред еден саат едвај од кај Сити Мол, видов куп полиција и болничко комбе, баш си кажав дека белким нема ништо сериозно.

    Ова веќе е хаос низ Скопје! Секакви возат и добиваат возачки. Претекувал на пешачки друга кола која застанала.

    Каде ќе му оди душата незнам јас
     
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.077
    Допаѓања:
    131.253
    Пол:
    Женски
  18. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    2.894
    Значи, многу сум гневна, пред неполн месец на татко ми му се случи слично и едвај преживеа, а ене го ѓубрето дома седи крсти нозе!!! Значи, им се може никој не ги казнува па лудуваат по улици, нема казни ниту закони во оваа напатена земја, ете затоа им се може да возат лудо на никакви казни!!!!!!!!!! Човечкиот живот изгледа не вреди.
     
    На sj *O*, SnowWhite8, Traveler91 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.272
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Не е само во Ск секаде е, ние сме мал град па и кај нас се случува, несовесни се возачите, тешко им е да застанат на пешачки, летаат со тоа колите.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.684
    Пол:
    Женски
    и тоа возачот е роден 1999 година, дете којзнае колку има возено за да оставиш некого на лице место.
    Жално немаме никаков кодекс на однесување, ниту почитување на правила.
    само ние на балканот се однесуваме како неадерталци, во град ти да возиш над 100 е лудост