Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Сочуство до најблиските на девојката и дај Боже барем дечкото да преживее.

    Значи дефинитивно треба како народ да се сплотиме и да бараме казни за вакви случаеви каде што татини синови купуваат јаки коли и убиваат невини души.
    Ако се сеќавате на Тијана Јурич од Србија што беше силувана и притоа убиена, таткото толку се залагаше и иако знаеше дека детето никој нема да му го врати се бореше и донесеа закон за доживотен затвор за такви злосторства.
    Знам дека не е исто ама на секој од нас, или пак на нашите деца во иднина истото може да им се случи.
    Девојка млада, со мене генерација си поминува на пешачки и некој малумен што не сака да почека ја гази и и го отфрла телото неколку метри напред. Каде го има ова?
    Не знам што да кажам а да не погрешам. Има многу случаеви каде што имало смртен исход а убијците пак си возат како ништо да не било. Бидејќи од Државата нема никакви закон, барем ние како народ да направиме нешто. Сите не засега ова. Исфрустрирана сум, нервозна, гневна, и ми е многу жал што живееме во Држава кога ќе се случат вакви работи сите знаеме дека нема виновникот нема да одлежи казна.
    Пред 5-6 години од Велес се враќаа мој чичко, стрина и баба и на кривина еден дечко од Кочани ги удри право во нив бидејќи претекнувал кола. Баба ми на лице место почина, стрина ми беше во инвалидска количка некое време бидејќи имаше проблеми со стомакот(органите и беа извадени), а чичко ми имаше операции. Дечкото после една недела од собраќајката си одеше по дискотеки и се забавуваше. И ден денеска сеуште не е казнет.

    Едит: кога партиите ВМРО, СДСМ одржуваат митинзи има над 10 000 народ а кога треба да се сплотиме за вакви случаеви едвај 100 души ќе излезат а ова сите не засега. Ах бре Македонче.
     
    Последна измена: 20 јануари 2022
    На sj *O*, Victorian, Meckicja и 26 други им се допаѓа ова.
  2. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Ќе испадне сега дека девојката и дечкото преминувале на црвено и батково ќе треба да плати казна за возење со прекумерна брзина, ама ќе плати тато, како што и тато му ја купил колата.
    Ти се плукнам во државата!
     
    На sj *O*, Victorian, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Читам и се ежам.

    Да даде Господ све најлошо да му се дешава на убиецот.
    Господ е голем, мене ме слуша и скоро се ми остварува и ова да ми се оствари дајбоже.

    Децата нека почиваат во мир.
    Верувам дека најмалце се криви и дека у секунда се појавила колата од нигде никаде.

    Дај да организираме нешо, протести.
     
  4. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    Сочуство...
    Толку сум гневна и бесна.
    Рутина е газење луѓе на пешачки и бегање, ме чуди како не избегал.
    Така беше и студентката Фросина мислам пред некоја година на пешачки, така Верица на пешачки, усмртени, така вечерва девојката....
    И колку дивјациве добиваат казна, една година!?

    Такво колиште и детиште од 99год многу добро знаеме како ќе помини со казна и тој.

    Поткупени со пари за на митинзи очи ќе извадат, ама за друго ништо македонче не знае да излези и да се сплоти.

    Ужас, гнев, тага, тешко на најблиските, да не му е човек во кожа сега!
    Од оваа дно и до гуша во кал никој не не вади. Секое чудо за три дена, како за се до сега и ние само ќе си ќутиме.
     
    На sj *O*, Victorian, noteforself и 12 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Не мешајте господ е голем и остали тракатанци, туку што 22 годишна девојка има изгубено живот во дел од секундата,
    КАДЕ БИЛ ТОЈ ГОСПОД ЗА НЕА ?!

    За вакви копилиња, убијци зад воланот доживотна казна би им дала, бел ден да не види до крај на бедниот живот свој.

    Камери да се постават сегде поготово по булевариве, па кога честитка неколку пати ќе им стигне дома у плико да видиш дали ќе згазат на гас повторно.
     
    На Hecate, Be-yO-nCe, M.B. и 11 други им се допаѓа ова.
  6. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Возачот со иницијали Ј.Ѓ, девојката В.Н
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.922
    Допаѓања:
    23.872
    Камери има ама колку се одржуваат и прегледуваат тие снимки, кујзнае. Или и да се гледаат, којзнае колку им е гајле да ги казнат.
     
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.397
    Ми се плаче од мака и немоќ. Вукојебина баш. Затоа НИКОГАШ не би родила дете во дупкава.
     
    На sj *O*, Victorian, noteforself и 10 други им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.323
    Пол:
    Женски
    Ни во доживотен затвор копилево не би го стрпала. Сериозно со нозе би го изгазила, онака око нема да ми трепне.

    Да родиш дете, да го гледаш 24 години, да го сакаш најмногу на цел свет, да ти е се во животот за некој недоносен да фаќа да претекнува на пешачки?

    Прст од нога сечам дека е или синче на некој од политичариве или пак е од некое богато семејство, само тие се вакви психопати и грам осет немаат за реалноста околу нив.
     
    На sj *O*, Victorian, @Zaljubena и 29 други им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.397
    Господинов не ни сакал да излезе од колата. Гомно е мал збор.
     
    На sj *O*, Victorian, @Zaljubena и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Немам мир од кога ја прочитав веста, и на црвено да поминале не е он воз па да ја прегази до смрт! Дивјак!
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Епа, тоа е.
    Секоја една будала што ќе направи осумнаеска добива дозвола за возачка.
    За полнолетство ги частат клучеви од кола и вожња на пијано по изолирани каде што нема многу луѓе.
    Вие не знаете за тоа?
    Убав тој на мајка дваесдве годишен, да го повози бе ем вето на тате, да видат другарите колкава фраерчина е.
    Ќе го платиме чика Пеле на полигон и така со протекции за 500 евра ќе поминеме супер, багатела.

    Нејсе...
    Деталите за случајот сеуште не ги знаеме во целост.
    Можеби, само можеби било навистина несреќа.
    Зошто медиумите често пати знаат информациите да не ги пренесат онака како што треба.
    Да почекаме, можеби навистина е несреќен случај, иако според фотографиите кои ги видовме, како и снимката не изгледа така.
    Прејезива глетка, ноџињата сеуште неоладени ставени под кеса.
    Толку е брутално што боли дури.
    А нај језа ме фаќа дека можеше да биде некој/а од нас.
    Знаете колку е лоша улицата пред Сити Мол?
    Хаос.
     
    Последна измена: 20 јануари 2022
    На sj *O*, noteforself, Lavender4 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Да му ебам се да му ебам.До кога веќе ова до ко га не ми е јасно?
    Што го коштало да ги пушти беее
    не ми е јасно, што
    а овие од Сител шо ја сликале, уште помалце мозок имаат од него
     
    На sj *O*, Lavender4, quattro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    22.821
    Пол:
    Женски
    Не не,не може да е несреќа, булевар е, сити мол е тука, се знае дека има луѓе, гужва...
    И пешачки е!! Тука завршува приказната.
    И да било црвено за пешаци, должност му е бар да намали, пошто има кола која веќе стои. Од кај знае, може дупка се има отворено.
    Сеа вака лупам од нервоза.
    И ќе лупнам уште нешто.
    Знаете како иронично и индиректно ми одговорија на коментар дека не местам паричка за бадник на ќере?
    Така е, се за нашите среќни дечиња!!!
    Нема врска со темава знам, ама пукам на вакви работи, и ми иде свашта да изнакажам.
    Ми се гади од тоа каде живеам, и дека не знам дали некогаш ќе биде подобро.
     
    На sj *O*, noteforself, Hija.de.la.luna и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно имало кола веќе застаната за да поминат? Дали сериозно?
    :sweat:
     
    На sj *O*, staycalm, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    5.738
    Пол:
    Женски
    Дечкото не е починат како што кажаа, туку со тешки телесни повреди.

    Од кожа ме вади фактот дека никој нема да одговара за стореното. Премногу жално за девојката, млад живот згаснат во секунда. Тешко на фамилијата. ;(
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    41.193
    Пол:
    Женски
    Ова се тие збеснати дечишта кои на 18 години добиват џип од тато и мама за роденден. Апсолутно размазени и несвесни за околината околу нив, со главата во филм каде постојат само они, без никаков осет за последиците од тоа што го прават зашто никогаш во животот не ни го доживеале ефектот на своето однесување.И најтрагичното е што пак нема да доживеат, зашто и за убиство ќе ги извлечат и ќе ја добијат најглупата казна, златните мали мамини синчиња.До сега за сите случаи беше така, зошто мислите дека сега од чиста мира ќе е поинаку?

    На пешачки, на семафори, вакво нешто да се случи нема оправдување, шансите да е навистина несреќен случај од некој трет фактор се премногу мали.


    Едит: тек сега го прочитав ова, не знам дали веќе сте пишувале зашто не прочитав ама
    Убиство.
     
    Последна измена: 21 јануари 2022
    На sj *O*, noteforself, Lavender4 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Да, не треба којзнае колкаво предзнаење и возачко искуство за да го вклучиш мозокот и намалиш брзина во реон каде што е фреквентно и движат пешаци.
    Овој не ќе да бил трезен штом двајца не вишол пред себе.
    Ќорав тешко со дваесет и две, ама под наркоза и те како.
     
    На sj *O*, Victorian, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    22.821
    Пол:
    Женски
    Стои дека неофицијално, претекнувал друго возило.
     
    На cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  20. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Претекнувал или се тркал?
    Нешто смрди тука.