Име и презиме и слика да знаеме ќе е повеќе од корист, вака врска неаме по таблички. Може утре да ми се појави пред очи без колата, нема да знам дека вчера утепал чоек.
Можам да дознаам али од понеделник тек.. Треба некој да има пристап до компјутер.Персоната шо ја знам не може утре
Не е малолетник со кола в раце, па да пишувате дете. Возрасен е од 22 години, многу на таа возраст и професионално се занимаваат со возење. Не е до годините, колку што е до сообрајната култура и безредието и хаосот низ скопските улици. Казни треба, камери, радари. Златно девојче загина, штета. Премногу млада. И тоа на пешачки. Деца гинат на улици, руски рулет се пешачките премини во Скопје. До кога само? До следната трагедија! Си ја мразам реченицата, ама секогаш е така. Гласен е народот три дена само.
Пред да излезам слушнав за веста и на прва ми беше ко "ништо ново". Нешто што често го слушаме. Нешто кое 2 пати ми предизвикало шок и го "навикнав". Да, толку одвратна ствар навикнав да ја слушам. Првиот шок ми беше Иван. Неколку дена пред тоа искочивме големи друштва и се запознавме. Дента кога се случи бев излезена во близина, и можев да видам полиција и комбиња брза помош. Ништо подетално, не ни обрнавме внимание. Вечерта кога се прибрав дојде шокот. Опишување на целата ситуација. Шокот дека некој може туку така да го снема. Шокот колку беше млад. Шокот следните неколку дена во школо кога ги гледав неговите поблиски. Тишината низ ходници. Ужасно чувство, што мислам засекогаш остави трага длабоко во мене. Вториот шок беше комшија. Секој ден добро утро. И тоа утро се поздравивме. За потоа кога си дојдов дома мајка ми да ми каже дека на раскрсницава кај Симпо (раскрсница што секој ден ја поминував), го утепале човекот. Па не ми се веруваше. Зајдов дома. Сабајлето го видов, зашто, како...?? Не ми се веруваше дека неколку саати можат да сменат нечиј живот. Животот на најблиските. Животот што и мене ми беше пред очи и не очекував така да го снема. Од дома одново воспитување како треба не 2, туку 10 очи да отворам пред да поминам улица. Исто и денес, слушам мајка ми ми вика отварај очи те молам!! Од прва, не изреагирав многу. Отпосле пак, ми дојде лошото. Секој од нас може да се најде во таква ситуација. На пешачки, на тротоар, на угорница, внатре во продавница. Затоа што некои стоки не рамислуваат, немаат осет, немаат совест. Не знаат што е болка, не се плашат од ништо. Психопати класични. И најчето, продолжуваат да живеат како ништо да не било а не се свесни колку луѓе оставиле со болка, трауми и шокови за цел живот. Многу ми е жал за девојката. Нека почива во мир. Дечкото се надевам ќе се опорави. Се молам да нема веќе вакви случаи.
Страшно! Си тргнал во мол, за да пазариш нешто, да се опуштиш од секојдневни обврски, а на крај да завршиш 3 метри под земја во Бутел. Заради некоја стока со чачкалица во уста. Не знам што да кажам. Нека и е лесна земјата. Кон тоа води тој менталитет: „Имам врски у полиција, ќе ти скинат казна, немај гајле сине, ќе ти завршам да положиш возачка, мој добар пријател е асистент на факултет за испитче“! Ништо нема да ме чуди за 1 година типот да е главен на сепаре по кафичите. Ќе му средат. Само да се подзаборави малку.
Многу сме јаки ние Македонците само на фејсбук. Ќе им се стресат ногавиците на големите од јаките коментари, мислете си. И како и секогаш, ќе се збори до три дена, после како ништо да не било. Семејството ќе си остане цел живот во црнина завиено. Ќе се влече предметот по судници до бесконечност и на крај може и загинатиот крив да излезе. Промени во системот не се прават со јачење на фб туку во нормални држави народ се крева и за најмала ситница а не пак проблем кој се повторува и повторно и повторно гинат невини луѓе по улиците.
Воспитувајте си ги децата. Не им купувајте возачки. Не им давајте бесни коли. Не подмитувајте судии за да им го спасите гзот кој сте го испуштиле од раце коа биле мали. Резултат на ташак родители е ова. Прво правило што ти кажува инструктор е -на пешачки не се претркува . Ебемти неспособните родители. Само кеш знаат да направат. А децата од мочка.
Се додека народот ќути и мирно ги прифаќа сите срања и неправди кои секојдневно ни се случуваат нема ни да има фер казни. Во далеку понормални држави се палат цели градови за ништо а кај нас виновникот е секогаш во право и никој не мрднува со прст за никого. Сега уште и жртвите ќе испаднат виновни што му го пресекле патот на бесното говедо. Судејќи по финиот автомобил кој не го заработил сам сигурно, позади него стојат тате, бате и деде кои веднаш ќе се фрлат во акција и ќе му го спасат газето.
Гневна сум и на возачот, но најгневна сум на овој народ што ќути и пишува само статуси по социјални мрежи. Во Скопје да си пешак е исто ко да газиш по минирано поле. Живеев до пред 10 години таму, не дека немало сообраќајки, имаше и тогаш, ама го чукнал со 50-60, му скршил некоја коска, ова што е сега летање со 100. Пред еден месец бев во Скопје, таква сообраќајна некултура немам видено никаде на свет. Во Ѓорче застануваме на семафор, типот позади не претица на црвено. Понатаму одиме накај Ист Гејт, стоиме сите во гужвата, фати еден се качи на тротоар и не претица 2 коли. И што народ сте бе, дај соберете се на протести. Арно пишала некоја членка, за митинзи може да ве собираат ко овцички, а за сигурноста на вашиот живот нигде ве нема, ни за воздух, ни за сообраќајки. Ние во Гевгелија една шака народ сме успеавме референдум против рудник да избориме, успеавме да прекине преработка на отровен отпад, вие во главниот град што луѓе сте не знам. Макар за вакви протести треба и од провинција да дојдеме, сите да се собереме.
Вчера еден возеше пред мене и нагло закочи пред пешачки откако половина пат беше изодил еден дедо. Си помислив, абе шутрак се знае каде е пешачкиот намали со брзината и да нема пешаци. Синоќа уште повеќе се изнервирав.
Проблемот е многу подлабок од тоа „родители, воспитувајте си ги децата“, или „во мое време не беше така“, затоа што трендот на вредности креира воспитување. Во здрав систем најпаметните и најспособните го креираат системот, а другите се адаптираат на него. Кај нас е сосема спротивно. Кога едни Германци почнаа да претрчуваат на пешачки кога е црвено, што ли останува за нас, кои вчера научивме да јадеме со лажица. И, на тие што вчера научиле да јадат со лажица му даваш мал благодет од капитализмот (автомобил), па homo habilis излегува на површина.
Жално за девојката, нека почива во мир. Истото и мене ми се случи, на пешачки ме подбра мотор. Среќа што сум сеуште жива и уште се упоравувам од тоа. Типчето уште си го вози моторот Во нашата држава ништо нема, законите не важат за сите исто и тоа е тоа.
Пред скоро 25 години го загубив дедо ми зошто го удри кола додека поминувал пешачки премин. Возачот, во 20-ти години, претекнувал друга кола која го пропуштила дедо ми на пешачкиот. Ударот го отфрлил далеку, жив со скршен колк го однесоа во болница. Му го оперираа колкот, но умре во болница после 3 дена, не знам дали беше тромб од операцијата или беше нешто од повредите. Витален беше, без никакви здраствени проблеми пред несреќата, еден Господ знае колку долго ќе беше со нас да не беше сообраќајката... Во болница викал како не ме остави на место, несакам да живеам како инвалид и да се мачам. Момчето отиде во затвор за него само тоа знам. Не го тужевме за оштета, моите не сакаа. Многу ме потсети случкава на него и ме вознемири.
За жал ќе го "казнат" како и сите овие што усмртиле човек зошто се правеле мангупи. Буквално страв да ти е улица и на пешачки да поминеш, а камоли каде што нема ознаки. И мене ми се има десено влакно фалеше да ме соберат на пешачки, стојат коли поминувам добро што се свртев и видов улетана кола се вратив чекор поназат и помина...Греота за девојката и за сите животи кој згаснале заради вакви мајмуни кој мислат дека ако земале возачка го фатиле Господ за брада. Овде кај мене на улица населено место летаат како будали живеам баш на улица и со страв излегувам со децата да не излета некој. И тоа ги знаеме кој се ќотек јаделе дури ама џабе, тука дете основно уште кола вози...па после зошто вакви работи ќе има...
И мојот дедо го удри кола и почина. Враќајќи се од риболов на влез во Велес го удри и го остави таму. Вечерта имаше митинг па кога оделе натаму дека има ресторан го нашла полиција. Никогаш не дознавме кој е. Воа е пред 15тина години.
Ужас! Бог да го прости дедо ти. А за сторителот - верувам дека постои повисока правда од оваа овде земскава.
Уште колку луѓе треба да загинат за правдата да биде задоволена и да почнат да се казнуваат соодветно овие од "угледниве фамилии". До кога "Знаеш ли чиј сум" ќе биде најголемиот отров во државава. До кога жртвите ќе ги сметаат како дворски шут, како ничиие дете, лице со иницијали кое нема семејство. До кога делата ќе бидат квалификувани како небрежност со казна по 1-5 години. Денес е таа жртва. Утре сме јас, ти...
Отсекогаш се плашам кога преминувам улица, особено во Скопје, секогаш чекам сите коли да запрат па да преминам или пак преминувам со поголема група на луѓе. Отварајте очи луѓе, се е збеснато, цел народ е збеснат веќе не се знае што се прави.
Само да знаеш што се прави Алек (на Мијалков помалиот син)... Ама ај, не е сега тема на разговор тоа...