Е што не е тема на разговор, некој сличен копиљаш изгазил девојка синојка, да не сам заработил за да си купи толку скап џип на 20 години, иста сорта како него, кога ќе ги видам онде кај Block кафе во Аеродром на тротоар паркирани ренџ ровер, мерцедес ц класа, итн. итн. , а замисли од другата страна има паркинг, ама не, он мора да се паркира пред кафичот, сите да му ја видат колата.. Сега им ставија столбчиња таму па не можат да се паркираат баш на тротоар пред кафич, ама сељак е сељак, среде тревник кај што се делат две ленти одма од другата страна беше паркиран со ренџ ровер, само за да не се паркира на паркинг кој патем мислам дека е бесплатен и е за гости на кафичот, а иста ситуација е малку понатака и кај Еквилибриум, среде пат паркирани со скапи коли, тротоарот нема кај да поминеш, абе на улица треба да искочиш за да поминеш..
Дечки ќе кажам едно непопуларно мислење, може и ќе ме осудите и ќе ми се пуштите. Ама мене ми е жал за сите што учествувале во сообраќајката. Дури и за сторителот. На соц. мрежи прочитав за возачот коментари кои малтене бараат линч и на него и на неговите родители. Крив е, без разлика како се случило. Но, треба да сме свесни дека секому може да се случи да биде на негово место, сакате да си признаете јавно или не. Нема човек што вози, што барем еднаш во животот не направил сообраќаен прекршок. Еве јас сум возач и не познавам ниту еден друг возач кој не направил некоја работа што е прекоршок дур возел, ама му поминал без последици и без да го фатат. За бељата не треба многу. Дури и да се пази, совршено да се вози, секогаш има некој друг во сообраќајот што прави грешка и треба да пазиш и за него и за себе, или има незгоди кои не биле предизвикани од возачите, туку од други фактори и сплет на околности. Момчето ќе живее со сознанието дека убило човек, до крајот на својот живот. Освен ако не е психопат, кој не е способен за каење и сожалување на другите, ова бреме е казна за сторителот само по себе, дури полоша и од затор и од смртна казна. Нема начин да се искупиш за одземање живот, мртвите неможеш да ги вратиш назад, а ниту времето. Една погрешна и избрзана одлука, ама последиците трајни и катастрофални. Кога влегуваш во кола со една нога влегуваш во гроб. Кога ќе седнеш зад воланот, сето она што го носиш како нервоза, лутина и емоција или ќе го оставиш вон колата или не тргнувај воопшто. Ако си излегол со кола нема пиење ни малку. Ако не се осеќаш добро, не возиш. Ако доцниш не може да надокнадиш за времето со стискање на гаста, ќе си возиш колку што треба и ќе си задоцниш, а нареден пат ќе си гледаш да си излезеш на време. Ова ми го кажа татко ми кога положив за возачка и кога ми ги даде клучевите од колата. Ме уплаши посебно првата реченица, ама ми рече тоа тие е вистината, што сакаш да ти кажам? Колата е средство за превоз ама и оружје сама по себе и ризик.
Е тоа де. Секогаш има друг. А зошто да има? Зошто се вози толку бргу и не се застанува на пешачки?Убаво пишаа назад ние немаме сообраќајна култура. Нека постават камери, повеќе полиција на критичните места, оти џабе е пешачки кога има секакви сељаци. Никогаш нема да има крај ова. А причина највеќе е врските што секој пробува да ги најде за да помине полесно. Кај нас се е со врски, се е мито, се е корупција. Никогаш и нема да не биде
Точно, во право си, секој што вози сигурно барем еднаш ја чукнал колата, му пишале казна за прекршок и слично. Мене што најмногу ме плаши кога возам е да не изгазам некој, да не удрам некој, со таа помисла возам со пропишана брзина и почитувам правила, а најмногу ме плашат багабонтите што не почитуваат ништо, запираат кај сакаат, те претицува кај сака, никаква сообраќајна култура, буквално. Последна случка, ме гледа на пешачки дека стојам(како пешак) и наместо да запре, да намали брзи затоа што гледа дека е пешачки, убврзува да ме прелета на пешачкиот, а не размислува дека може човек наместо да го остави. Е тоа е таа непромисленост.
Има огромна разлика помеѓу поминување на жолто со 50 и поминување на црвено со 100ка. Не може казната да биде иста. Не може човек со примања минимални кој возел 60 и вози југо, да плати исто со некој кој има примања лупам 1000 евра и со аудито прошол на жолто со 100ка во зона 50. Ама разликата е што сиромавиот пак ќе ја плати казната. Овој со аудито само ќе сврти еден број. Или некој што година дена вози со нерегистрирана кола, со некој што задоцнил еден ден. Да не се разбереме погрешно, секој прекршок треба да се казни, макар и најмал, но правилно а не со селекција.
Во право си, не велам не. Ама ако некој не се прави фраер и не лета со автомобилот, нема да има човечки жртви. Брзината е клучна. Ако возел со нормална брзина ќе била повредена полесно девојката, а не на лице место да ја убие. А и немало ништо да го кошта да застане на пешачки премин па макар пешакот поминувал на црвено.
Знам дека нема кулутура, ми се има случено многу пати. Две третини од годината одам со точак низ град и на работа. Самото тоа што сум велосипедист ги иритира. А не сум ни брза, ни точакот ми е брз, и си внимавам. Еднаш на пешачки пред МКЦ почнав да го поминувам, беше слаб сообраќајот, таман стигнав до средина, од спротивен правец кај што возат колите, еден таксист што беше далеку и можеше фино лепо да застане на време, место да успори се убрза кога ме виде. Го приметив и застанав на време немаше проблем ама типот у лет, кога ме прошиша го спушти прозорот и ми се развика на цел глас „симни се од точакот!„ и ми мафташе со прст. Во ред, признавам дека треба да го поминам пешачкиот симната од точак ама која ти е бре тебе логиката? Прво со кола си, убрзуваш на пешачки додека некој проаѓа. Треба ли да ме згазнеш за да ми ја докажеш поентата? Луди се сите. И не е само овој случај, ми се дерат кај стигне и кој стигне, а возам точак многу внимателно и по велосипедска патека. Им сметаш што постоиш, те пцујат те навредуваат. Еднаш еден стоеше со колата на црвено за него (значи скроз застанат пред пешачкиот, спремен да си врти на раскрсница), зелено за мене на пешачки, го гледам дека се спрема да врти, дека му е црвено, ама гледам дека стои веќе некое време на црвеново како да чека зелено. Успорувам, гледам дека чека, се пуштам на пешачки внимателно, мнооогу полека пак, си мислам дека нема да тргне и веќе кога скоро го одминав, од нигде никаде тој трга да врти на црвено и ми го цивнува задното тркало. Ме занесе ама среќа не ме бутна со точакот, ама имаше звук на удар и малку ми свитка жица од точакот. Дури од звукот човекот се штрекна! Се свртев одма и го погледнав, прозорот му беше симнат, му го слушнав изненадувањето дека ме удри. Во прв момент мислев намерно сака да ме згазне и не сфаќав зошто! По фацата му сфатив дека не ме ни виде! Лазев, ама не ме видел, тргна на мое зелено, негово црвено! Гледал дали одат коли одспротива, не гледал дали има некој на пешачки од другиот правец. Човекот избега кога виде дека се свртев и дека ме закачи, стисна на гас. Мизерија...
Нешто што имам приметено кај новите шофери, само што земале возачка е дека им е проблем да запрат. Затоа што очигледно не возат добро, немаат искуство па тоа тргни запри баш им е проблем. Па наместо да запрат, полесно им е стиснат на гаста.
Да згазеш човек на пешачки премин не е несреќа, тоа е исто како намерно убиство. Да ти е страв да излезеш надвор... Што ако се пазиш сам кога другите не те пазат. Бог да ги прости загинатите.
Не знам како може да го обвинувате детето без никакви докази и официјално соопштение на надлежните органи. Сепак се додека нема ништо официјално срамота е да се соопштуваат таблици иницијали и како што тргнало и името. Го обвинувате пред време ете можеби и не е крив можеби они на црвено поминале. Ако е виновен на МАКСИМУМ НЕКА ОДГОВРА но без да знаеме не може да го обвиниме како криминалец иако за дел од настанот секако е виновен но треба да се види што и како а не да се побара јавен линч како што тргнало. Навистина ми е жал за девојчето нека и е лесна земјата и на поубаво место да биде него во овој живот.
А, како не е виновен???? ПРЕГАЗИЛ ДВАЈЦА ЛУЃЕ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО!!! Ајде да е на автопат па океј. Кај Сити Мол треба да се вози макс 60. А, со 60 и те како може да се закочи!!! Плус па и на пешачки. И да, треба да е објавен со се и нека скапува во затвор.
Жално за настраданите. Искрено, не сум видела некој нормално да вози, многу ретко. Сите некаде екстра брзаат. Стави им таму легнати пречки на секои 10м да видиме дали вака ќе прават. Ужас!
Не знам ни дали се правел фраер, ни дали брзал, ни што си мислел додека возел ни дали бил под дејство на нешто. Не знам ни што било со семафорите, дали работеле а не се почитувале, или не работеле. Сигурно дека не почитувал некои правила штом дошло до несреќата. Кои точно не сакам ниту да инсуинирам, ниту да нагаѓам, си има полиција да си направи увид. Како си дозволуваат луѓето да си коментираат за настани кои не ги виделе, за луѓе кои не ги знаат? Одма знаат и кој и зошто и како, па проценуваат каков бил како личност, какви биле неговите. И имотната и финансиската состојба му ја проценија на неговото семејство според колата! Не е ни прв пат нема да е ни последен пат при незгоди, вака да се осудува. Почина момче возрасно во несреќа која беше негова вина, уште телото не беше однесено од улицата, плачат сите, а една теткица минувач ја слушам гласно вели со презир на фацата- родителите се криви. Кај ќе им оди душата на луѓево се прашувам? И да си имаш таков став, зошто мораш да зборуваш гласно, малтене над починатиот, такви глупости? Мисли дека е многу паметна што кажала јавно? Па тие родители што велиш дека заслужуваат осуда и казна, во моментот го преживуваат најстрашниот момент од своите животи. Загубиле чедо. Грам сочуство нема повеќето во луѓево. Егоизам до максимум! Го осудуваат тој што ја направил бељата дека немал почит кон другите, ама јас велам и тие дека тие што осудуваат и оговараат немаат почит кон никого.
Иначе знам дека светот им е рушен сега, ама фамилиите не смеат да остават ова така да пројде. Ми текнува за случајот кај Млечен што беше, со парот од Тетово на мотор. Сељачиштето, газда на фирма нормално со џип, фатил да врти кај што има дупла полна линија и ги чукна нив. Мажот почина на лице место, а жената го изгуби бебето и мислам дека нешто ногата и остана трајно повредена. Прво го осудија само условно од небрежност демек, ама знам дека таа место не ја фати и одеше и се бунеше секаде, па на крај сепак го ставија 2 години во затвор. Не е некоја победа, ама ем име му се дозна, да го знаат сите кој психопат е, ем се прекина тој магичен круг кога усмртуваат луѓе на лице место и со условна казна поминуваат. Нека се сплотат фамилиите и нека бараат правда, тешко и мачно ќе им биде, ама нека туркаат до крај. Еве иначе за овие што зборев.