Епа ете многу фактори придонесуваат.Само жално е што поука од се ова нема да има.Отидоа толку луѓе никакви казни.
Аман неможеме да кажеме мислење?Дали мене не ми е жал за девојчето,дали реков дека е ок што возел брзо?Ама кажав и ако они поминале на црвено не е ок.Се повеќе и пешаците се замислени со мобилни во раце.Сите придонесуваме да биде општ хаос.
Кога се вози покрај пешачки се успорува и кога ти е зелено ради не дај Боже. Па и на толку раздвижена улица. Девојката е усмртена и исфрлена неколку метри, сигурно не возел по прописи. И да поминала на црвено, имало пред него кола застанато најлогично е да помислиш дека има пешак, зошто претицувал? Не е работата после кој ќе биде крив кој прав, колку и да си у право успори подобро отколку нечиј живот на душа да носиш. Се согласувам со некои од вас дека е греота за сите учесници. Греота е и за шоферот, ама сепак кога си зел возачка и си седнал зад волан носиш одговорност и за другите околу тебе. Не може тоа дека сите правиме прекршоци да биде оправдување за вакво нешто. Како и за секоја одлука која ја носиме во животот исто и ова има последици. Сигурно не тргнал од дома со намера да убие некој, ама го занемарил фактот дека тоа може да се случи во моментот кога нагазил на гаста на пешачки.
Јас за да одам дома поминвам преку обиколница. И често има вакви инциденти кај шо еден те остава НА ПЕШАЧКИ да поминиш, другиот зад него претицва. Вчера ме остај камион абе страв в коски оти немам увид шо се случва зад него. До пола, ѕиркаш дека никој не претицва. Поминваш. Истиот ден, мајка ми кола ја остај да помини, камион и кола после камион претицват. Баш вечерта си разменвавме искуства од ко видовме веста пошто вакво возење тука е реалност. Некогаш се думам шо се врти низ гла на вакви дегени. И нема и нема логичен одговор за ова. И жално шо мојот страв на некој му стана црна реалност. Државата не превзема многу. Кај нас пример оти имат исто вака чоек соберено и остаено на лице место, иди полиција два пати неделно, по 1 сат ко демек гледат шо се случва. И толку. Абе клај камери. Абе казнувај. Земај возачки. Нека преполагат копилињата ако не знат да возат и ако му се повтори ич нека не возат ебате ропаци. Сега ради некој ропак живот згасна. А сите вие со судење дека можи убиецот не убил - преиспитајте се. И да убиец. Чим свесно претицва на пешачки убиец е. Не е сообраќајка. Не е несреќа. Убиство е. Оти на та брзина ни можи да застани, ни чоек можи да преживеј. А чим друг застанал на пешачки. чунки пешак врви.
Како нема да бидам. Невина девојка ја УБИЈА. Да, ја убија. Убиство е ова, не несреќа. Да возеш во населено место и да не кочеш пред пешачки, а да претицуваш кола која застанала за да препуште пешаци на пешачки е убиство. Свесно да дивееш во населено место е обид за убиство. Толку
Кога татко ми го лупна дебил како овој ѓубре, судијата на судење рече, во ред се несреќите, зашто луѓето толку се вознемируваат кога ако сме реални никој не ја посакува таа несреќа, е до толку сме, ова е тоа нашето ете зашто сме таму кај што сме!!!!!!!!
Мммм...можеби. Ама еве лично за мене ќе кажам. Не сум уште искусен возач, возам само со придружба и ми е страв да кренам над 50 и таму каде смеам, не па на прометни улици. Си терам средна брзина константно. И празно да е пред мене, не фурам ко луда. Или ако видам некој застанат, автоматски ми доаѓа да удрам кочница, не да забрзам уште толку.
Возел со факинг 70...на Партизанска...на најпрометниот булевар во Скопје. А и да преминале на црвено, кога возиш и видиш пред тебе застанато возило, а пред него пешачки, првата помисла не треба да ти е да забрзаш и поминеш, туку да испиташ ситуација пред да продолжиш. Секој асален возач знае дека и кога правилата нему му даваат предност, пак пази наоколу.
Тоа се знае, не работеле семафорите, немало собраќаец за да регулира значи олеснителни околности, најмногу што може е условна да добие..
Баш ако не работат семафори треба да застане на пешачки, притоа друго возило има застанато пред него. Ова со семафорите не би требало да е олеснителна околност ама чудесна Македонија...
Ако бил ваков случај, тогаш Е крив до максимум. Во случај кога и пешак и возило можат да поминат, пешак има предност. При дополнително зелено, при трепкаво жолто, кога не работат, и кога воопшто ги нема семафорите. ПС А од такви што не те чекаат, дури ти свират кога за нив е дополнително кошмари си имам. У маало на две раскрсници имам така и рееетко некој да ми дал предност во таков случај.
Види ти си во право ама прашање на свест е. Плус Партизанска е улица на смртта. Долга е и привлечна за тркање, таму треба легнати полицајци да има, затоа е зададена брзина од 30км/ч не 60 или 70. Ама таму знае да се вози и до 90. Свест е дека сите три ленти, од кои едната е за автобус и треба да е само за автобус пешачкиот ги покрива сите три ленти и факт е дека ако некој застанал на првата лента не значи дека ќе застане на средната,а најчесто на средната не ни застануваат. И тоа е грешка, што од школата, што од самиот возач. Не од сите школи ги учат да застануваат на пешачки, некои не ни полагаат со повеќе пари добиваат зелено светло.