во охрид имаше убиство пред две три недели ево ова https://kajgana.com/ubistvo-vo-ohrid-0 се е ненормално
Каква катастрофа е човек да падне толку ниско и да посегне по нечиј живот. Само што си го ископа својот гроб, не туѓиот. Чувај не Боже од вакви психопати.
Многу језиво ова уште и со фалењево на статус на фејсбук, уште ова немавме видено Страшно!!! Иначе, профилот му е цел со патриотска и верска содржина (која иронија еј), и пријателски култ кон браќата Руси. Како беше, со Америка и западот доаѓаат и се поврзани психопатскиве појави, рајт?
Видено е, видено, еве да те потсетам пошто е стар линкот не го отвара морам вака да го ставам За вакви убијци, за кои е 100% сигурно дека тие се извриштели на чинот, јас сум за смртна казна, но за жал не е постои таква кај нас.
Да идат на работа и да студираат не би рекла дека ќе им текне да убиваат и слични глупости,побудале народов од што нема што да прави.
Многу судиме, без да знаеме што се носи еден поединец во себе. Не дека ги бранам сторителите на вакви кривични дела, секако дека заслужуваат казна. Но, зарем мислите дека тие се свесни што прават? Кој знае со каква болна психа се. Психичките болести се страшни. Не знаеме што ни носи животот. Нивно нека си е, нека е далеку од нас.
Никој никого не навреди,ама луѓево полудеа од што нема што да прават.Ти ако го сфати тоа како навреда,извини.
Не сум ја навреден. Прашав дали бил убицата вработен за да видиме дали си у право или пишеш за да напишеш.
Од патриотството и русите се мрднал волку, нели? Во овој случај не ја знаеме приказната на Спасе, можеби се работи за одмазда, се надевам ќе дознаеме наскоро, дека е ненормален како потврда му е статусот на фб но, да му судиш дека бил ненормален поради што бил патриот и проруски настроен е тотално безсмислено.
Во право си, но можеби било око за око заб за заб. Можеби возвратил со иста мера, можеби тие животот му го уништиле. Реков дека не ја знаеме приказната на човекот.
Не можеше а да не те погоди ова за Русите, а? Не го реков тоа дека патриотизмот и проруската настроеност го направиле убиец, ниту судам според истите, само констатирав. Ама да, ваков профил на луѓе опседнати со патриотизам и тоа стално со слики од оружје, војници (а не се тоа по професија) - ми асоцира на тенденција кон агресивност, само ова е најекстремен облик. А за видеата поврзани со религија, пак, веќе реков дека е ужасна иронија. Инаку, никаква приказна со одмазда не менува ништо во фактот колкав психопат е.
Не. Факт е дека сите луѓе не се исти, ама не за џабе има институции дал било затвор или лудница за тие кои бегаат со паметот. Заб за заб, или тие да му наштетиле на било кој начин не е оправдување за тој да наштети на некој. Болен е, треба и веројатно ќе одговара за ова, и ни една приказна во одбрана која ќе ја кажи не смеј да биди оправдана како "тешко му било" и да се износи како жртва, зошто не е жртва. Убиец е.
Најискрено како во око да ме погоди. Барем си признавам. Штом го спомна тоа по тоа судиш најверојатно. Инаку немора да значи дека ако некој стално става слики од оружје дека е склон кон агресивност или тероризам, оружјето истовремено е средство за одбрана. Тоа е исто како да судиш некому дека е наркоман бидејќи слуша транс музика. Инаку Спасе си докажа со постот дека е психопат не е потребна никакв приказна. Тоа со одмазда дадов пример за други случаеви каде не ја знаеме приказната а прерано судиме.
За жал таквите институции денес се безкорисни, посебно на Балканов. Човекот е болен сам си докажа. Тоа со одмазда дадов пример за други случаеви, кажав на пример кога некој би убил мој член од семејство дека би убил и јас, прифаќајќи ја казната и од институциите и од Бога- (ако го има)