Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Ова нон стоп се случува на пешачки да претркува друга кола и посебно внимателна сум кога застанува кола да не наиде случајно друга да претица, самo едно ме интересира што се случува во главата на возачот кога гледа дека пред него има застанато кола сигурно из чиста мира не застанува некој на пешачки ваљда се подразбира дека треба да помине пешак.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    57.680
    Пол:
    Женски
    Страшно е ова. На ѓубрето треба да му се суди како за убиство. Колку треба мозок да ти фали да претицуваш кола пред тебе застаната пред ПЕШАЧКИ. Алоо??!!
    Се знае дека на прометно место и на пешачки поспоро се вози, и црвено да било не смееш да убрзуваш.
    А на дотичната од погоре не знам како и стои уште мислењето, иако едитирано, срамно е воопшто да се обидиш да го браниш убиецот. За да усмрти некој на место треба минимум 80 да вози.
    Жално за девојката и семејството, исто така и за дечко ѝ што ќе има трауми цел живот. ;(
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.393
    Пол:
    Женски
    Во ред, убаво си правиш, така треба. Поаѓаш од себе, нормално, велиш ти си почетник, ама ако продолжиш да возиш ќе почнеш и без придружба и на прометни улици и во шпиц. Ќе почнеш и на автопат. Тоа би било нормално така да иде, пошто реално и во животот ќе си се наметне потребата да возиш. Сега не знам колку години имаш, ама еве да речеме ако зимаш возачка на 18 и активно возиш извини, ама на 22 г. веќе не би требало да си почетник. Јас на 22 возев насекаде, на 24 возев свое бебе во колата. На крај на краевите без разлика на годините, треба пазење и возење внимателно.
    Истото сум се прашувала. Мислам дека не мисли на ситуацијата и возењето воопшто, како на автопилот да вози. Дека не ја ни приметува колата што стои, бар не на свесно ниво. Мислам дека најдобар дел од таквите случаи се ради тоа или зошто во моментот мислат на нешто трето место на сообраќајот. А ако ја приметил ситуацијата ама си ја објаснува како стоење на тој другиот од причини семогучи ама не заради пешак, тогаш не лоша проценка, незнам како да го наречам тоа...
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.917
    Допаѓања:
    23.841
    Не знам што е битно тоа.
    Не кажав ни колку имам ни на колку сум положила. Не положуваат сите на 18 и немаат сите своја кола одма да возат.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Почетник не вози со 100ка, почетник лази по улиците затоа што не се осеќа сигурен во себе сеуште. Само мангуп со добра позадина шиба со стотка на пешачки. И не, нема да има совест, не го жалам воопшто, нема да го боли цел живот, оти тие што имаат совест знаат дека возењето на кола е одговорна работа и треба да се почитуваат правила. Овој нема ни свест ни совест, и немаа и сите други пред него што усмртија пешаци, a си живеат нормален живот после тоа.
     
    На cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.903
    Допаѓања:
    24.179
    Пол:
    Женски
    !!!
    15CFC928-5568-4225-BE97-4C6CB20394EE.jpeg
     
    На Harper, crimson, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Јас па скоро никад не пазам на семефор. На пешачки кога ми застануваат се влечкам у инат.
    На станица кога чекам бус како неписмени возат кој од кој побрзо.
     
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.395
    Пол:
    Женски
    На ваква трагедија ќе кажуваме како не знаел некој улица да премине бидејќи е провинцијалец, па кога ќе увидат сите колку е ненормален овој исказ, ќе подзабришеме и како да не се случило. :D
    Заслужуваше ова и бан ама...
    Нејсе, навикнати сме.

    Ми се има случено во Скопје ѓубре со BMW пред колена да ми закочи на зелено за пешаци.
    Нормално ми стана и горе да гледам кола да не падне.
    Се надевам само нема да се заташка случајов како со многу други, човечки живот е во прашање.
    Праќаш дете на работа или студии во друг град, до последен денар штедиш за да има лагоден живот и некоја стока ќе се перчи со скапата кола од тате сред ебан град.
    Иако свесни сме каде живееме, до последно ќе се надевам дека ќе се стори нормалното за ваков случај- она нормално што ретко, скоро никогаш не сме го искусиле овде.
     
    Последна измена: 21 јануари 2022
    На Oneo, sweet-cherry, theowndemon и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    За возењето потполно се согласувам со @Cosmic Girl
    Јас знам да возам од 14г., неправилно ама имаме голем простор и тука ме научи татко ми да возам од мала, од село сум, не сум идела во сообраќај или низ град додека не положив, ама радост жива бев кога ќе ми речеше татко ми да ја препаркирам колата на другиот влез.
    На 18г положив, возам на секаде без проблем, на 19г возев и за Грција/Албанија/Црна Гора.
    Се сметам за искусен возач, арно ама, на 22г удрив девојка на кружен кај нас во град.
    Бев влезена во кружниот во надворешна лента и чекав да се приклучам во внатрешна, гледајќи упорно лево (бидејќи од таму ти доаѓаат колите и не очекуваш ништо од десна), девојкава немајќи простор на пешачки влегла низ кружниот внатре да премине (дис из Тетово, и со точак се врти кружен а не па пешки).
    Начекав прилика да влезам во кружниот, тргам и во тој момент ја удирам девојката со десната страна на колата, падна долу.
    Укочив, излегов, ја фатив да ја носам в болница, не сакаше и продолжи низ кружниот.
    Едвај стигнав дома, не можев да спијам со денови и неколку месеци не влегов во кола да возам.
    Затоа пазете колку што можете, и како пешак и како возач.
    Колку и да имаше вина и девојката, посекако јас бев највеќе крива.
    Што е крив, крив е.
    И стварно сакам да скапе во затвор, иако има 22год. Ич не ми е жал.
    Другиве сме будали што возиме низ град 40?
    Барем совеста нека го изгризе и сам нека си признае и одлежи затвор.

    Нека почива девојката во мир, ништо нема да ја врати.
    Ама да не биде и оваа работа секое чудо за 3 дена.
    Нека има правдина за сите, аман веќе, деца растеме тука. А татковците и мајките на ваквите, нека се чукнат малку во глава.
    Нека си ги сносат последиците и они кога веќе дале џип и купиле возачка на синот.
     
    На Oneo, cresa-jagoda, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.393
    Пол:
    Женски
    Страшен е сообраќајот во Тетово. Кружните текови во шпиц се ко деветиот круг од пеколот. Се пикаат кој кај стигне, хаос е. Многу ме изненади пред некоја недела поминав низ градот и полиција ги казнуваше колите што беа паркирани на булеварот и мислам дека првпат во животот го видов булеварот со сите ленти за возење. Обично се паркираат во три реда и само една лента е за возење.
     
    На crimson и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.616
    Зошто да не пазиш на семафор, затоа се ставени да се знае кога ќе минуваат коли кога пешаци, и како тоа се влечкаш од инат на пешачки, не е окау. На пешачки се гледа да се мине побрзо, оти еве еден ќе ти застане ама тој во другата лента може не.
    И ваков пешак да бидеш треба да се казнува. Пошто и пешаците се безобразни во некој случаи.

    Чисто да напоменам не во овој случај со згазената девојка. Причина овде е преголемата брзина на возилото. Ако возел прописно ќе можел да реагира, да закочи, одбегне, па макар и да дошло до судир немало да биде со вакви последици.
     
    На Oneo, cresa-jagoda, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Тоа е целиот муабет. Ти си ја удрила девојката, ама поради нормалната брзина не си ја усмртила, туку таа станала и не била ни повредена. Тоа го зборуваме цело време. Грешки се случуваат, ама ако возел дегенов со нормална брзина, девојката жива ќе беше.
     
    На Oneo, cresa-jagoda, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    И пешачките се за исто поставени.
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    8.035
    Пол:
    Женски
    Моја препорака, да внимаваш буквално на се.
    Денес на многу дегени им даваат возачки дозволи.
     
    На cresa-jagoda и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.616
    Епа ако нема семафори на пешачки на прометни улици, кога ќе минуваат возилата, цело време ќе минуваат по 1 пешак, плус инат ако е како тебе.
    Кога има семафори на пешачки не значи дека пешакот има апсолутно право да си минува кога сака.
     
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    14.141
    Пол:
    Машки
    Зошто уште не се знае идентитетот на возачот? Не е малолетен да се објавуваат само иницијали!
     
  17. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Па тоа и сакав да доловам, мене ми се случи, фала богу добро беше она.
    Не бев јас психички.

    Да возел он барем 40, девојката немаше да почине, ќе ја повредеше, ќе и скршеше нешто, ама треба да си луд да возиш до толку низ прометни улици за да усмртиш некого.
    Па уште господинот не излегол ни од кола.
    Чие дете ќе испадне дека е, ќе видиме.

    Би те советувала да пазиш, секакви луѓе возат.
    Може да има ситуација кога некој брза со 4 жмигавци (итна работа се случува), не ќе ти допира тебе нели?
    Или брза помош, полиција? А ти си ставила слушалки и не слушаш пример? Зошто проблем да се прави кај што не мора да го има?
    Биди си внимателна.
    Не дај боже да те удри некој ко овие, правдина да не можеш да извојуваш? Сите некој не сака и не чека дома, не гледам причина да се игра руски рулет со животот.
    Друго, зошто од инат полека да се движиш на пешачки?
    Пешачки треба да се помине нормално, не со трчање секако затоа што некој ти свири.
    Оти некој ќе те чека и ќе укочи, друг нема. Се може да се случи, внимавај аман девојче.
     
    На cresa-jagoda, crimson, Sakura и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не морал тој ни да пази дали работел семафорот или не работел.
    Некој друг пазел пред него, колата што веќе застанала да ги пропушти пазела, какви црни семафори какви глупости.
    Кога гледаш дека ВЕЌЕ е застаната кола застани зад неа и не се глупирај.
    Потполно истово ми се има десено, повеќе од 17 години немаше детето, на 15 сантими успеа да закочи до мене.
    Овој првиот што застана да ме пушти на пешачки изгледа глуп беше, па паметниов ќе го претицува и него и мене.
    Во населено место не можеш да возиш толку брзо за да немаш време да застанеш, без разлика на пешачки, семафори, кружни и слично.
    Овде имало веќе застаната кола, ние дискутираме дали поминале ко што треба тие двајца или не, боже сачувај.
    Најстрашното од се е што ќе се заборави и ова.
    Ко што се заборавија и сите други усмртени.
    И болницата тетово. И автобусот што изгоре.
    Трагедија до трагедија, толку не прават глупи, извештајот на истрагата до утре, до задутре и никогаш.
    Се до следната трагедија.
    За глупости очи си вадиме, за Аце дали бил наш или не, тој умрен пред два милениуми, а деца што гинат ни треба точно 3 дена да надминеме и заборавиме.
    Колку сме глупи некогаш не ми се верува.
     
    Последна измена: 21 јануари 2022
    На Oneo, Annath, senjorita-v и 15 други им се допаѓа ова.
  19. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    830
    Сувишно е што и да кажам, згасна млад невин живот од небрежност. Немораше да биде така.. време е судството за ваквите случаеви да го промени законот, директ во затвор за ваквите несовесни возачи да си полежат неколку години
     
  20. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Зошто?