Тој младичот не мислил на фамилијата та ние ли да мислеме. Колку да се најдете у муабет пишувате некои
Темава е бесполезна. Ниту ќе се организира протест, ниту ќе дојде правда за мистериозниот Ј.Ѓ. Така и ќе го запомниме, па утре на секоја прозиванка на шалтер или во банка ќе се вртиме кога ќе видиме млад дечко со помисла ,,дали е овој тој што ја усмрти Викторија"? И одговор нема да има, само празнина. Декадентен народ, не нѐ бива и тоа е тоа, џабе се напнувате.
Криво ми е луѓе. Кога видов сега на вести како лежи девојчето. Ама зошто го оставиле да лежи така, зошто не викнале одма брза помош? Можеби ќе се сменеше нешто. Можеби ќе беше добро девојчето сега. Криво ми е. Нека се појави од некаде семејството нека бара правда, и тој со нејзе што бил нека каже што како се десило. Па кажуваат некои смешни казни до 15месеци слушав нешто. За таквите треба доживотна казна. Постои ли уопште доживотна казна у Македонијава за нешто??????
Е како ли ќе живее сега убиецот кога може секој миг да му ја извади слезинката со нож некој, а и од семејството исто така ќе се во постојан штрек за освета. А можеби ќе си пресуди сам пред друг или Господ да му пресуди.
Да викнеа брза помош немаше да дојдат камерманите побрзо од брзата помош и да снимаат како неписмени. Ако викнале брза помош зашо ја оставиле на улица да лежи? Можеа да ја спасат ако имавме и саглам доктори. Се напнав. У право е Форумче, некои пишуваат колку да се најдат уз муабет. ЧАО.
Брзата помош го однела момчето. Од моето скромно искуство, телото останува дур не заврши увидот и го зима погребално, а не брза помош, пошо не им е тоа работа. А да. И го носи на обдукција. Малце без врска збориш, не знам дали примети...
Аууу фала шо ми кажа, фала ти пуно, фала ти, љуби те брат, да не беше ти никад немаше да ми текне. Болест.
Малецка, коа ќе се случи такво нешто не глеат дали ти ќе се напнеш зашо телото е на улица. Туку глеат увид да направат. Ги заболе за твоето мислење.
Пред неколку години во моја населба имаше сообраќајка со двајца загинати. Поминав од таму некаде 3 саати по несреќата, телата уште беа таму. Дечките беа исто на лице место загинати. Така што да, не се зима телото одма.
Така е, телото на братучед ми лежело со часови на асфалт, загина на лице место. Другите сопатници кои покажувале знаци на живот били пренесени со Брза помош во болница.
Какви се овие глупости.Доаѓа брза помош гледа настапила смрт и не смее да ја мрдне од место.Инаку ова се случило околу 19:45 а новинарите објавија околу 21
За увидот е многу битно да се одмери и оддалеченоста, исфрленоста на телото, се анализира падот, се земаат податоци, се прави скица, потоа и вешатење и талка се утврдува што е причината за несреќата, ова го нафрлав, нормално секој случај е посебен, но ова се клучните параметри. Исто така, за потешки повреди е ризично да се поместува телото без доктори од брза помош, зошто може дополнително да се дозагрози состојбата, односно повредата со само еден погрешен потег. По потреба брза помош и дава напатсвија што да се прави додека стигне за да се одржи повредениот во живот.
На лице место била загината. Ако е лицето живо, нормално се носи да се спасува зашто тука секунди се битни. Ама ако не е, нема што да се прави во болница, подобро да остане телото да се направи детален увид.