Те замолувам да го напишеш, јас не го знам еве. Не користам социјални мрежи и немам поим кој е човекот, а би сакала да знам заради лична безбедност и заради безбедноста на сите вас.
Пријател бил во близина кога се случило се... Момчето на девојката станал и со кривење дошол до неа, а она веќе била мртва. Не ми е јасно како не сфаќате што е умирање на лице место. И брзата помош да била таму во ист момент, немало да и помогнат... Во Железара летото удрија жена (мајка на две малолетни дечиња), на лице место беше и она (на место каде на 2 чекора има амбуланта со доктори и опрема за прва помош) и исто со саати беше покриена на местото каде што беше почината.
Сè додека некој не возврати со иста мерка, нема правда. Ова сега што го пишувам никако не е во ред, ама кога еден ќе виде дека правдата се зема во свои раце, секој нареден ќе си внимава и очи не четири, туку четириесет ќе отвара. На закони не се надевајте. Да не се правиме нетокму, сите знаеме дека секое нешто е за три дена. И овој случај ќе се заборави. Реалноста е ваква.
Wow на на 22год да имаш стан на свое има, па и џип и сестра ти да има исто стан. Како да сум во друга држава Браво. Уште мислите дека ќе има казна некоја?
Ако родителите му се аргати едино. Земјиште или имот да продале за да ги обезбедат децата, друга опција не ми текнува...
За женава што ја згази летото тој одредија куќен притвор Тој ненормалниот со дете позади бил и исто на пешачки со претицување ја изгази... Секакви муабети се изнаслушавме за да го правдаат (демек она замаена била), па надвор беше 40 степени, во 4 поручек беше тоа, каква да била.. До продавница пешки била со кеси накај дома... И тоа на уличка каде не е нормално да возиш повеќе од 40, не е ни можно, а тој шибал 100+. И што направија, катастрофални лежечки на секој чекор ставија и него куќен притвор...
знам точно каде се случи. знам и колку е тешко од жито да се приклучиш накај кружен. греота за детето што видело татко му како убива жена ..
Прежално. Нема зборови за ова трагедија што можела да биде спречена. Момчево е готово, освен ако не е некој тежок монструм не знам како би поминал преку ова. Како да живее некој со вакво нешто на совеста? Ама, да, битно ќе живее, за разлика од девојкава на која и го одзел тоа. По толку трагедии ништо да не се смени во сообраќајот е катастрофално. Да не се крене толку свеста дека не треба да се вози толку брзо, треба да се почитуваат знаците, ама не. Ќе се гине вака без врска за да се стигне две минутки негде порано.
Што има овде за чудење, игра Дота. Имал стан, имала сестра му. И јас ќе купам стан и ќе го ставам на син ми на името. Што има овде поврзаност со сообраќајката? Детето од 22 години очигледно неискусен, млад, во луди години, во држава кој к*р не ја боли за безбедноста во сообраќајот, си претекнува на пешачки. Логично е нели, штом застанала кола пред тебе, пропушта пешак. Ама ете не размислил и се случила незгодата. Кога ќе има подобра регулација и надзор во државата ни, нема да се случуваат волку несреќи. Не верувам дека детето сакало да ја усмрти девојката. Ќе плати доволно, 2 години затвор, цел живот на совест. Две семејства се уништени. Државата, МВР е таа која мислам време е да превземе нешто во врска со сообраќајот и сообраќајната култура. Гледаш дека Партизанска е проблем, стај издигнати пешачки, мора да закочи. Најди начин и регулирај го тој сообраќаен хаос. Камери, радари и високи казни. Не дека низ Европа се посвесни, туку го има сето ова кое го наведов. И ставаат ред. Овде е проблемот, а не станот на дечково и сестра му.
Секако дека одма викнале брза помош. Тело не се поместува од рандом луѓе од страна особено не при вакви незгоди. Може да не пишувате нешто само колку да се напише и особено не "можеа да ја спасат"? Зашо е скроз ненаместо, а смртта била моментална.
Не знам кој дел од цитатот на сликате што ја постирав не го разбираш за да ја видиш паралелата? I told him: 5 of my friends died in a car accident He told me: RAMPAGE Играл дота... Јеби га, тоа е кога ќе се заиграш толку што реален мешаш со виртуелен живот па ќе ги направиш истите грешки.
Каква врска има имотнава состојба на човеков? Зошто вакви информации се објавуват? Имал на негово име па што богати родители, можеби и дедовци, синкир само тој е единствен со стан и кола на тие години, разликата е што лошо го воспитале родителите, не му укажале како правилно да ужива во луксузот. Ќе се извлечи од ситуацијава како и многу други, ќе се заташка, ќе се потплати и крај, ако ви текнува и Алачки изгази човек па заташкаа, де човекот не бил на пешачки, па наводно ќерка и возела па оваа ја превзела вината …. Прежално за девојката
Дали и толку ако е нешто на некој влијателен. Е***е законите,за вакво дело треба построга казна. А,за совест... Тој да имаше совест,немаше да ја прегази.
Секогаш вака завршува. Наместо да се стави фокус на релните проблеми, ќе гледаме кој повеќе ќе изнеси информации и за двете страни, малку сеир, трач и толку. И не знам зошто мешање сестри и фамилија до десетто колено. Едит: затоа не треба име во јавност ни за жртвата, нити за сторителот. Ќе копаме профили.