Ти очигледно немаш слушнато или прочитано комуникација помеѓу играчи на Дота или слични игри. Еве сите кои играат, станаа криминалци. Ко да не сте биле млади и деца. Изрази, кои врска немаат со реалноста, ниту ги применуваат. Од слика поврзана со игра му направивте профил. Да не ја спомнувам и имотната состојба пак, која нема никаква врска со несреќата. Еве не знам објасни ми, што тоа има врска? Станот и играва.
Законите се такви, нека ги сменат во делот на казната. И овде нема намера, не ја прегазил намерно. Работава е што мора нешто на се превземе за да не се случуваат вакви несреќи. За совеста, он си знае, верувај.
Абе што мешаш сега баби и жаби. Кажаа горе дека имотот беше спомнат во контекст на тоа дека е размазен и потекнува од имоќно семејство, па затоа може нема да добие казна. Дотата е игра која сите ја имаме играно, ама постирав зошто се поклопи со ситуација од реален живот за него конкретно. Ти адвокатка да не се накануваш да му бидеш па тераш правдина кој што пишал и дали има врска?
Да знаел,девојката ќе беше жива. Совесен возач вози во рамките на дозволеното,а не вон нив.И застанува кога има пешаци кои преминуваат улица.
Строго го осудувам дечкото, но ако гледаме реално највиновни се родителите. Не може на неискусен возач младо дете да му купуваш побрза кола да кажеме. Детево е научено дека он може се и дека тато му го чува грбот, тато се ќе среди, а он нема одговорност за ништо нели тоа е на тато синот. За жал кај нас ако си добро ситуиран те воспитуваат дека ти можеш се со пари и до некаде факт е. Жално е што генерално изгубивме секаков бон тон. размислете само од кога не сте слушнале од сосема непознато лице едно - Добро утро , колку од нас даваат предност на автобус, кола, пешак... На семафори ако не тргнеш у иста секунда одма свирење како да си направил најголем грев . Колку од нас помогнале на старец да премине улица ? Кога секој од нас ќе почне вистински да почитува правила и да се труди да биде подобар човек, со мали чекори општеството ќе се менува, бавно да но барем ќе има напредок. Кога на децата наши ќе ги учиме дека сите сме исти, дека за нашите постапки ние самите одговараме, да бидат љубезни, да почитуваат , нашата мала Мк ќе биде подобро место за живеење. Општеството е оставено на нас младите да правиме промени.
Чекај не ми е јасно, не читав од почеток ама дали ти сериозно браниш и сочувствуваш со некој кој претицувал на пешачки со далеку поголема брзина од дозволената и усмртил човек?
Не, туку се и сешто пишувате на темата, кои немаат врска со несреќата. Си правете како баби на чешма муабет, колку стана имале. Нека платат, нека го извлечат. Не може да сфатете дека не е до нив туку до системот е. И се додека тоа е побитно од човековиот живот, нормално дека ќе се случуваат вакви несреќи. Становите ви се пример дали ќе биде казнет или не. Јас би ти рекла врските. Ете. За овие дела побитни се врските и каков адвокат ќе има. Има многу начини да го извлечат. Млад, неосудуван. Ќе одлежи во Бардовци, ќе биде психички непресметлив. И да не редам. Ама детево, чие и да е, нема да лежи долго.
Јас да бранам некого, особено за овие деца? Не, зборувам за ебаната ни држава која апсолутно ништо не превзема, луѓе умираат на секој чекор. Тоа го зборувам. Не е до становите на дечково, не е до имотот на родителите, до системот и државата е. Детево ќе лежи 2 години. Девојката почина на 24 години. И ова повторно ќе се случи, ако не се превземе нешто. И ние пак ќе плукаме кон возачите.
Па зарем постои сообраќајна култура и образованост во Мк? Почитува некој правила? Казнува некој? Не. Партизанска е руски рулет, ставил некој ред? Знаеш колку лица загинаа таму? И пак се повторува.
Тоа што државата е село без кучиња е друга работа. Ти ко индивидуа кога седнуваш зад волан треба да знаеш како се вози. За тоа полагаш тестови и пракса, плус знаеш дека животи се во прашање. И да знам дека нема да ме казнат малку памет треба да имам да знам дека не може да возам пример низ населено место или околу училиште со 100ка. Кога ќе прегазам некој државата ќе ми е крива што не ми направила реклама за don't drink and drive и слично? Моја одговорност ќе е и нема извинување. Не е првпат па да се извлечи лекција и да продолжиме попаметни. Се случува многу често и пак исто е. Нека лежат сите до еден. И онаа мх, мх што прегази човек и избега којзнае каде, се врати?
Системот има ОД-ДО. И најново имаше и нов закон баш за сообраќај, на код гледав пред извесно време, ама не запамтив како беше "крстен" , пошо не е моја струка, само запамтив дека квалитетен закон беше Не може да направиш прекршок и да се молиш на господ да не излезе пешак од страна. Ќе си го јадеш. А колку ? Живи били па видели. И ич не му ја жалам совеста иако се укочил у кола не можел да излезе ( тоа слободно може да се води како одбива да пружи прва помош). Плус ако и пиел, ете уше нешо да му натанкарат. 21 год може е малку. Ама малку е само кај нас у државава изглеа. Низ светот на 21 веќе знаат што сакаат од животот... Барем паметните де.
Па не знам Џулс, еве ти кажи, јас не слушам секој час да се газат луѓе? Вајда постои таму некаде зад три мориња и Планини кодекс на возење, што знам. Чим сите овие што возат не прегазиле некого и не подмитиле за да положат полигон.
Абе и доктори што прават тешки грешки немале директна намера да го убијат пациентот нели? Било од нестручност, од што занемариле некоја состојба итн. Ама не верувам дека ќе го браните со "ама немаше намера да ме убие, несакајќи било" да ве однесе до раб на смрт од нестручност.
Да има закони и нивно СПРОВЕДУВАЊЕ, барем малку ќе се плашат дивјациве. Вака знаат дека никој ништо не им можи. Се' додека полицијата се изживува само на сиромаштијата, додека даваат возачка за еден ручек во кафана, ќе ни се повторуваат несреќите. И муабетот за станот нема да реши ништо. Ако се прават чамче муабети, подобро затворете ја темата, греота е.
Да супер би било сите да сме совесни и да почитуваме правила, ама не сме. Затоа има казни. И има реализација на тие казни. И високи се, а не прегази пешак и лежи 2 години. Оти да бидеме реални, не се сите совесни и затоа треба некој да создаде механизам за заштита и контрола. За да не се случува ова. @Acronia нема кодекс, има казни. Културата и совесноста се регулираат со казни. Не оти низ другите држави се многу посвесни. Да не се лажеме.
Како е само дечкото крив?Крива е и државата,системот.Спроведи ги законите на дело,возиш брзо одземи му кола и возачка,си поминал на црвено одземи возачка,си возел пијан одземи возачка.Сигурно не му е прв пат на дечкото да вози вака брзо.Да го казнеле некогаш убаво не би помислил веќе така да вози.