еве и пример за вчера.. https://skopskoeho.mk/100-sanktsii-za-brzo-vozene/ јас мислам дека моментално казнуваат повеќе од било кога. секојдневно на грид има извештај од МВР колку се казнети и за што. Еве и близок пример ќе дадам, колега 2021 три казни изеде за полукружно вртење каде е забрането, друга казна за застанување на недозволено место и третата нез за што беше.
Епа државата нема да се управи уште долго изгледа. И? Нека се шиба стотка и понатаму пошто што знаеме ние сами, телетабиси? Ако не ни напишат казна не знаеме дека ваљда минуваат луѓе на пешачки и затоа стои колата пред нас. Или дека црвено е за стоп.
Се прашувам зошто толку често не работат семафори низ градот? Се расипуваат или ги исклучуваат намерно? Ако ги исклучуваат намерно зошто одма не постават сообраќаец? И со семафори е опасно да поминеш, а без семафори е хорор. Кога гледам дека трепка жолто многу ми е страв, без разлика дали сум во возило, на точак или пешки. Сите гледаат на сила да поминат тогаш.
Казните се една работа, но не доволна. Додека некој не лежи в затвор онолку колку што му следува ништо не правиме. Тие клошарите двајцата што го снимаа девојчето, колку брзо излегоа. Осудени на 2 години демек, за 2 месеци надвор. На регистар за педофили еднаш читав, нападнале дете, осудени на 3-4 години. Тоа не заслужува да се нарече казна. Ќе го казнат некого 200 евра за брзо возење, а тој со ваков џип и ќе се загрижи многу.
системот си е таман. казните не се мали. ама има уште тенекии. ако продолжат вака како што тргнале од МВР би требало да е подобро. Мислам дека нема лесно да се извлече детево зошто веќе голема бука се крена за тоа колку се ниски казните и како тоа условно ги пуштаат. Затоа беше и тој закон погоре што го спомнав донесен. Ќе видиме. Ова е само мое мислење, а што ќе биде пак зависи од "моќ ствари".
Тогаш сите гледаат да се протнат побрзо, да не чекаат и да испаднат глупави, нели, снаодлив народ сме ние, а од пусти комплекси по патиштата изгинавме. И не е само системот, до народот е, не треба некој да ти каже дека треба да внимаваш, штом седнуваш зад волан треба да си свесен дека си одговорен за туѓи животи. Ама, најлесно е да се фрли вината на системот.
На кој начин ќе ги средиш телетабисите? Еве немаат совест, зимаат возачки, никој не ги контролира, и што, ќе чекаме совеста некогаш да им преработи? Ама кога ќе ги зголемат казните, кога нема со врски да кинат казни, кога наместо 2 години, ќе лежи 10, кога ќе им одзимаат автомобили и возачки, ќе станат одма посовесни. Ти велам, не дека надвор од Мк се посовесни, туку функционира системот, казни има.
Посовесни се затоа што тие казни се од одамна и со тек на време таа строгост влегува во мајндсет и веќе не размислуваш само за казни туку и за животи. Станува култура на живеење. Нема секаде камери, полиција, има места каде може да профучиш одвреме навреме без да те фатат. Па и да те фатат имаш да платиш. Ама не фучат. Не е ист народ само казните различни. Не.
Нема никакво оправдување за дечкото, и не сакам да излезе дека го бранам, ама малку реални да бидеме во ваква ситуација. Тоа што возачите немаат култура (повеќето) е факт, ама тука го занемарувате фактот дека многу често и самите пешаци не внимаваат воопшто, се загледале во телефон или со слушалки, не погледнуваат и претрчуваат преку улица. Јас иако секогаш возам со нормална брзина низ град неколку пати ми се има десено од нигде никаде некој да ми изрипа пред кола, без да стој на пешачки, туку како што се движи моментално му текнува дека сака да премине и без да подзастане да погледне директ на улица излегува, и недај боже да сум удрела некого на крај ни крива ни должна ќе го носам јас на совест цел живот. Џабе е сега колку и да го напаѓаме дечкото, он сигурно не сакал и не ни помислил во моментот дека може да има пешаци земајќи го во предвид застанувањето на другиот автомобил, сигурно помислил дека можеби ќе застанува со 4 жмигавци и решил да го помине. Сега колку и да го осудат без разлика секоја казна е мала, ама тоа што он цел живот ќе живее со тоа дека убил човек, е тоа е доволна казна за него, он секој ден ќе живее со тоа и нема да може да избега од сопствените мисли ниту дење, ниту ноќе, тоа е најголемата казна што сам си ја препишал и тоа доживотна. Така да не знаеме точно како била ситуацијата, прежално е и за девојката поготово кога ќе помислам дека генерација ми е, и се наежив кога прочитав, сликата како лежи покриена цел ден не ми излегува од глава. Дај боже само да преживее дечкото што бил со девојката.
Ако пешак помине на црвено може да заработи прекршочна пријава, додека ако возач помине на црвено и не застане на пешачки и притоа има жртви заработува кривична пријава, без разлика дали поминале на црвено или не. Ова се основни сообраќајни правила и се учат додека се полага, ама како што гледам ретко кој ги знае. Кога се приближува до пешачки премин, возачот е должен да ја намали брзината... ама кај нас летаат, не возат. Чаре за ваквите е само камери на секој пешачки премин и раскрсница кои ќе снимаат и ќе праќаат казни дома. Да нема кинење казни и слично. Па да видам тогаш дали ќе возат како луди и ќе ти свират кога поминуваш на пешачки Идиоти!!! А возачов, би сакала да скапе во затвор, ама познавајќи ги закониве не верувам повеќе до 2/3 години да добие преку сила. Ако воопшто го прогласат за одговорен, оти знаеме какво ни е судството
Не знам дали би решило нешто одземање на возачка привремено како педагошка мерка. Фатен си во прекршок? Океј, одма ти ја зимаме возачката на лице место без поговор на 3/6/12 месеци. Па, кога ќе се обидеш втор пат да направиш прекршок барем да се подзамислиш дали ти се исплати и дали сакаш да идеш пешки.
https://a1on.mk/macedonia/semaforit...ozvolenata-brzina-i-ne-zastanal-na-peshachki/ И после ќе се пријави во Бардовци, де непресметлив, де ова, де она, ќе излезе за година дена максимум. Се додека не се смени законот, вака ќе е. При ваква дешавка, да се знае дека ќе лежиш 16 години и цел имот на твоето поблиско семејство ќе биде одземено од држвата, да видам дали ќе се најде мажага што ќе вози побрзо од пропишаното. Ова е убиство со умисла. Не може да не знаел што може да се деси при брзо возење. Исто како при незаштитен однос да очекуваш да добиеш плејстејшн
Ама ист народ, надвор од Мк и во Мк се однесува различно. Таму почитува, дома не. Велиш им влегло во мајндсетот. Епа треба и на нашите да им влезе. И мора да почне да им влегува. А се знае како ќе им влезе. Нема друг начин за да ставеш ред.
И така е и не е. За такви со толку имот која и да му ја пишат казна ќе може да ја плати. Мислиш не му е пишувана казна до сега. Плус сообраќајките, ни една не видов со пунто уно да е, значи не е небитно инфо колку пари имал. Тоа претекнување на пешачки го пишуваш ко нешто сосем нормално да е, а не е. Тоа со имотната состојба и е за потенцирање оти тие се тие "никој не ми може ништо, ќе газам луѓе ко во видео игра, повеќе луѓе повеќе поени". Играњето игри е тотално ирелевантно. Живеам во странство каде има 100 пати поголеми богаташи од овој, па такви инциденти нема. Полиција исто не ме застанала со месеци. Ама направи ли прекршок спас ти нема. Само да допреш пешак на пешачки со кола, плаќаш казна, поени, ти ја земаат возачката, те пуштаат на тест да проверат дали си ментално здрав (што не е ич лесен). Ако си нездрав, ти плаќаат лечење во специјална установа, возачка нема. Ако си здрав, ти земаат возачка си го плаќаш тестот 3000€ и плус казна. Ова во Скопје веќе ни полиција не може да помогне. Од Ѓорче до Ист гејт, за 20 минути возење два огромни прекршоци видов. Дечково случајно го знам, онака само на видување, но познаници негови велат мирен бил. Сеедно, откачил и треба да си плати.
Не секој наш е сељак што шиба во населено место и минува на црвено. Затоа беа спомнати скапи коли, станови и слично пошто не може да е случајност стално такви фаци да газат луѓе. Просечен човек од Мк си почитува правила пошто знае дека баш тој ќе настрада а нема ни да плати ни кој казна да му скине.
Ова ми нема многу смисла. Ако сум на пешачки и гледам пред мене автомобил, последната работа што ми паѓа напамет е да претицам. Попрво ќе намалам брзина за да добијам на време и да видам што се случува. Дека не помислил дека на пешачки има пешаци не држи вода, нема што да мислиш, отвараш четири очи, не одиш со глава во ѕид претпоставувајќи што има позади ѕидот.
Па што зборувам јас, казни за сите и нивна реализација. Небитно чие дете е. Се друго нема да даде резултат и да се среди тој хаос.