Ниедна од нас не кажа дека возачот во случајов не е крив,само реков може да има милион ситуации.И не,неможе секогаш да е крив само возачот,мислам и според закон него казната му се намалува ако поминат пешаците на црвено.Еве ако има правник што знае повеќе нека објасни.Исто така реков и ние пешаците треба повеќе да внимаваме,за сами себе да се заштитиме.Незнаеме тој што вози во каква состојба е.
A вие сте добри со луѓе, не ги тепате, не возите ко ненормални, не крадете итн итн зашто се плашите од казни или зашто етички и морално не можете да направите такво нешто? Јас претпоставувам секој од нас имал некоја прилика да украде нечии пари и не го направил тоа и причинта нема врска со кривична одговорност. Одговорете си го прашањево па после ќе расправаме.
„Осомничениот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Убиец!!!!! убиец. А да прашам, зашто починатата е со име и презиме,а УБИЕЦОТ е осомничен?Он е УБИЕЦ БЕ Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомниченио управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба гнида! убаво рековте, не можел да закочи! Дваесет и две годишниот скопјанец кој вчера ја усмрти дваесет и четиригодишната девојка на булеварот Партизански одреди не бил под дејство на алкохол, покажуваат првичните анализи на крвта и урината, објави телевизија Телма. Не мора да бил на нешто, за да напраи срање, ние сме држава кај што секој втор има природна ретардација, кај нас младите поготово.Гледам јас и мои другари со мене кога се како возат.Само за нас не ми фуфка, ние и да умреме ајде де, друг на душа НЕ САКАМ ДА НОСАМ. Подобро јас да умрам со се него
Точно така кога се качувам во авион за мене и мојата безбедност одговорни ми се пилотот и тој до него, не ми е гајле дали системот не чинел и тој бил неспособен да лета а го ставиле, зошто покрај за неговиот живот и безбедност одговара за многу други истовремено. Тука е виновен возачот, прекршил многу правила во сообраќајот. Дали играл дота, имал станови, јака кола, се здрвил или не тотално небитно, битното е дека усмртил млада девојка, ништо на целиов свет не ја враќа назад, а таа траума на дечко и што пишаа доползил да види дали е жива ништо на свет не ја брише. Само затоа што не закочил и внимавал како и каде вози, е сето ова вака. Тој не бил на трки на формула кога возел на главен булевар на фраквентно место и тоа пред пешачки бе, каде брзаат, каде? Што и да извадат како олеснителни околности џабе е, девојката назад нема да се врати.
И кој е крив за тоа? Кој им го дозволува тоа? Што зборувам јас всушност? Државата. И пак ќе ти кажам, има случаеви, без станови, нормални луѓе кои наоѓаат начин да не лежат оти имаат врски. Како ќе ги средиш еве богаташиве да не газат луѓе? Не да плати, тоа може. Казни го 10 години затвор, па не знам дали ќе претекнува на пешачки.
Пак не се разбираме... Пешаците ќе бидат казнети прекршочно ако поминат на црвено, меѓутоа ако возач не намали брзина кога се доближува до пешачки, не застане ако има пешак на истиот (без разлика дали било црвено или зелено) и притоа и го усмрти лицето, казната е затвор и мислам дека се води како ненамерно убиство или нешто така беше. Муабетот ми е, одговорноста кај возачите е стократно поголема. И искрено многу ме нервираат муабетиве, не пазат пешаците каде одат и слично.... Па на пешачки поминуваат?! Зошто да пазат?! Се додека сме со тој мајндсет дека возачите се главни, а пешаците маргинализирани, вака ќе биде. Многу, ама многу сум лута и револтирана!!! И ич не ми е гајле дали бил добар дечко или не!!! Усмртил младо девочје!!! И брат да ми е, ќе го плукнам!!!
Знаеш случајот со Фросина што беше пред неколку год исто на партизанска? На дечкото му е намалена казната затоа што викаат дека поминала на црвено исто на пешачки.Е сега што нејзините тврдат дека одбраната лаже тоа е друго.
Секоја несреќа е дел од секундата, тука немаш време ниту за размислување, ниту како да постапиш, едноставно додека трепнеш се случува. Со оглед на тоа дека не работеле семафорите ајде он побрзал да помине, тука во тој момент девојката и дечкото кога едниот автомобил им застанал сигурно тргнале да претрчаат, и они брзале и овој брзал без ни жртвите, а ни возачот да размислат и да погледнат со четири очи. (ова е само моја претпоставка).
Во случајов децата немаат вина. Стрпливо чекале, не брзале, не претрчале, немале телефони во рацете... По подолго чекање поради нефунционирањето на семафорот, конечно некој застанал и ги пропуштил да поминат.
Па државата не ги казнува. Ги пушта. 2 години добиваат. Дали и толку. И како влијае тоа? Нема строги казни, и ќе се случуваат уште многу вакви несреќи за жал. Не бев блага, не можам да бидам, само коментирам како стојат реално работите.
Ете се испостави семафорите биле на жолто трепкаво. Значи не минеле на црвено и во случајов имаат предност тие пред возилата.
Ова е точно, се зима и ова околност како олеснителна за сторителот. На пример, ако си возач и имаш несреќа, и почине некој од совозачите, при надоместок на штета доколку загинатиот совозач има присуство на алкохол или други опојни средства, се намалува вредноста на штетата. Или ако совозачот бил свесен дека возачот е во алкохолизирана сосотјба, исто се намалува вредноста на штетата. Казната исто зависи и дали родителите во овој случај, ќе се приклучат во гонењето. Може да се случи да се спогодат и да се откажат. Ќе го гони само ОЈО, ќе се договорат, ќе признае, и ќе добие помала казна.
А пешачкиот како сообраќајна ознака има некоја функција или како? Чаре е или кинези да дојдат на власт или роботи. Дури е истиот тој народ, стално ќе има некој за некого да скине казна, да замиже на едно око за некого, и така. Дека може секому да се случи, може, ама не секој ќе вози со 100 на саат на булевар или со 400 на автопат. Во странство ако се исклучени семафори, сите возат најспоро можно, не знам зошто. Апропо муабетот 400 на автопат, преѓе прочитав, чешки милионер поставувал рекорд во брзина на германски автопат, па го казниле. Не дека е ограничена брзината на автопатот, дека опасност по безбедноста било. Мислам Камиказа е точниот збор.
А добро, што значи трепкачко жолто светло??? Не беше- да се помине внимателно крстосницата? Само семафори и пешачки ли се правила во сообраќајот? Еве не сум шофер. Појма си немам од возење и правила, ама знам дека кога семафорот трепка жолто, треба посебно да си внимателен. Не значи дека семафорот не работи и имаш право да поминеш како сакаш. Дури, дури и да тргнеле на црвено, гледаш дека кола стои, намалуваш, крај!!! Зошто не знаеш таа кола зошто застанала и што се случува на патот. Летоска враќајќи се од Охрид, имаше одрон, истураше, пред нас колата буквално ја исфрлија камењата и ја извртеа, 2-3 коли застанавме. Мафтаа сите да поднамалат, мм со батерија им даваше знаци на тие што доаѓаа(зошто беше на кривина) но никој не намали...среќа не се случи катастрофа! До кого ќе беше ако не изгазеа и измаваа? До нас, што сме застанале да помогнеме и да тргнеме камења да не дојде до поголема катастрофа, или до оние кои не ја прилагодуваат брзина според условите на патот?
Не трепнал, претицувал. Да подзакочел зад автомобилот пред него, немаше да дискутираме. Пешаците биле на пешачки, пред нив автомобилот застанал, очекувано и тој зад него да застане. Лошо претпоставуваш.
Како не е вина на пешак да помине на црвено?За што служат тие сигнали?Кога на возачот му е зелено на пешакот му е црвено,значи не смее да помине.
Прекршок е, ама сепак вината е кај возачот. Ова кога полагаш го учиш, штом пешак стапне на улица, мора да застанеш оти во случај на смрт или телесна повреда, ти одговараш кривично. Ти пишав, ова може да е само олеснителна околност за казната.