Не сакам да глумам нечив адвокат ама луѓе сите сме учесници у сообраќај и свесни сме дека секунда треба за да се направи беља. Неприлагодена брзина, мобилни у рука и све тоа заедно е загарантирана катастрофа. Малку ми е невкусно ова станови, џипови, сестри. И да го осудат условно ние ништо не може да направиме, законите ни се такви какви што се. Млаки и креирани за да ги штитат злосторниците а не жртвтите. Еден млад живот е згаснат и тоа треба да биде поука за сите што седнуваат зад волан како да се однесуваат по улиците. А да и ми смета она муабетот за народот бил таков. Сегде се дешаваат сообраќајки со смртни последици, една Америка има 40 иљади жртви годишно.
Точно. Ама ти не возиш со брзина над дозволеното и не леташ со колата. И да ти искочи некој кој претрчува, кој ете гледал у телефон или некако да не внимава имаш време да закочиш. А и да не закочиш, ако не е голема брзината нема некој да го усмртиш на лице место од ударот. Нема оправдување за убиецот, од било која гледна точка. И не е дека сите се совесни и се каат доколку направат вакво нешто. Примерот што го посочив пред некоја страница, кај што сељакот го усмрти човекот и жената го изгуби бебето кај млечен, беше втора негова сообраќајка а и првата завршила со смртен исход. Се гледа колку го потресло тоа што и претходно учествувал во нешто такво, пак си возел како дифтар и пак одзел 2 животи. Знам дека си мислите дека сите се човечни како вас и дека цел живот се каат после за тоа што го прават, ама не е така. Има едноставно психопати што ич не ги интересира ништо, не размислуваат како нас, едноставно не им е гајле. Мора санкции, оти ако оставаме на совест еве до кај сме дојдени.
Ако шоферот вози 50 ќе успее да застане, да ги види на време и исходот нема да е смрт. Они, ќе заработат прекршочна. Ама еве кога ќе се деси сообраќајка, семафорот продолжува да работи, истрчуваат пешаци на црвено да помогнат, кола има застанато и некоја будала им се улетува и ги гази, зошто шо бараат они на улица, црвено им е. Мора да се следат сите учесници во сообраќајот, тоа е муабетот. Вистината за тоа како се случила некоја сообраќајка никогаш нема да ја знаеме.
Само не ми е јасно зошто им е дозволено на луѓево да бидат пристуни при непосредниот увид на полицијата, зошто се слепени до колата цело време? Зошто веднаш не се однесени во станица? Стојат, пушат цигари и зборат на телефон, а покрај нив лежи покриен леш.
Ама вака во теорија сето тоа звучи добро, ама во пракса не е така, и има милион ситуации кои не можеме да ги предвидиме а се случуваат за секунда. Сега колку и да разглабаме ние тука што и како е исправно, да сите знаеме што е исправно, ама на дело нигде и никој тоа не го спроведува. Дури ни овие најгласни што се Добро во случајов се работи за млад дечко, колку што се распрашав било мирно дете, така да не верувам некој на таа возраст да не се кае, и да нема психички последици после одземање на нечиј живот. Освен за случката што си ја споделила, сигурно тој некој е психопат, друго објаснување нема. Штетата е веќе направена и назад нема, за жал. Се надевам дека нема да се повтори.
Од каде тоа дека има стан па и кој му го има купено? Пишува дека работи во градежна фирма, може сам си го исплаќа по пониска цена и сестра му еве пишуваат дека има. Не го бранам, ама вака однапред да се кажува кој што како има купено. Не мора да значи дека е со подароци од родители. Неговите родители по сликите и не изгледаат на богаташи.
Али кога возиш со толкава брзина немаш време да закочиш пред колата испред и за да не удри у кола рефлексно претекнува.. претпоставувам тоа се случило...
Пишувам тоа што треба да ти се пише. Нема потреба да се меша имотна состојба за која ни не знаете како ја има стекнато.
Вие што го браните ваљда вака ќе го бранете и ако го згази вашето дете. Аха, важи. Сите преку ноќ од доктори станавте адвокати, судии и детективи.
Какво црвено, само жолто трепкале семафорите значи и за пешаци слободно движење, а за возачи е знак дека има опасност на раскрсницата, не е регулирана со сообраќаец и задолжително мора да застанат на пешачки.
Ќе има вештачење секако, но сакав да укажам на коментарите погоре дека не е во прашање " дел од секунда", туку неприлагодена брзина. Да не возел брзо, можеби ќе успеел да закочи доволно за да не се случи сообраќајка со смртен исход. Да удриш некого и тој да лета од силината на ударот веројатно значи дека брзината е факторот поради кој тој временски интервал "дел од секунда" не бил две секунди, пет секунди, односно време за рефлексна реакција која некого би спасила.
пред се, прочитај уше еднаш или уште пет пати ако треба тоа што го пишав. надодаде куп срање што не го кажав јас, туку ти. и да, срање е. и патем, која са па ти што се згна да судиш неговите дали имаат по тоа КАКО ТЕБЕ ТИ ИЗГЛЕДАЛЕ на слики!? бре бре све адвокати форензичари стануете коа ќе ве мавне пмс или синдром паметуење . Следен пат коа ќе ме цитираш те молам нека е нешто што вреди да го прочитам . А не срање.