Со оглед на тоа дека е постирано ЈАВНО на фејсбук Превземам од Фросина Фро се гледа дека е размазен некој
Јас друго те прашав,дали барем една членка рече не е крив?Рече се брани дечкото,јас не прочитав никаде некој да пише такво нешто.Си коментираме,разменуваме,ама ниеден нормален човек не оправдува некој кој возел брзо и усмртил некој.
Ова е тема во која не се зборува за општи правила во сообраќајот, или за мене, тебе и за тоа дека може секому да се случи. Зборуваме за конкретен случај. Извесно е дека пешаците коректно поминувале улица, и дека неприлагодената брзина е проблем от поради кој сѐ се случило во дел од секунда. Ако не возиш хистерично, има шанси да успееш да реагираш и сообраќајката да не заврши со смртен исход. И да, може да им се случи на сите невнимание, ама ако е невнимание со сто на саат, тогаш не е невнимание и нема што да дебатираме понатаму.
Ме заебаваш нешто или? Кој што е мирен вози со 50+ на една од најфреквентите улици и раскрсници во Скопје? Живеам овде кај Сити мол и знам каков хаос е. Башка да бил мирен, немало да лета А станови манови, не е од туку така
А од кај знаеш станот од кај му е? Како можеш да пишеш не е од туку така? Настрана тоа што го направил, на сликите не ми личе на некој багабонт. Таквите се познаваат.
Не знам како судите за црвеното светло на пешаците и дека општо генерализирате со гледањето во мобилни. Вие го познававте девојчето за да пишувате општо и да го препишувате тоа или..? Јас не ја познавам, ама малку лутате со коментарите. Ако семафорот трепка жолто, има и тоа улога зошто е така. Трепка. Жолто. Препрочитајте малку правила на сообраќај.
Уште ова и мислам доволно беше. Сега ќе зборуваме за дечково,ќе бараме по фејсбуци кој бил што бил,дали бил мирен или не,дали биле богати и сл.Родителите ќе си ја трескаат главата што изгубиле дете.И знаете што?! Три дена ќе трае дебатата и се ќе заврши на тоа.Во нашата држава секое чудо за три дена.Така е со се.До следната сообраќајка. Имаше едно истражување во скоро време,од 11 сообраќајка со смртен исход само еден беше осуден на затвор од 6 месеци.Другите условно.Ова не го знаевте?Тајна е?Ништо не се менува во оваа држава.
Леле па како се фативте за становиве, божеее, човек не смее ни имот да има. Демек нешто излегува нечисто заработени пари или што сакате да кажете? За информација и луѓе со чесно заработени пари купуваат имот, и имотната состојба нема врска со несреќава. Можеби се земјоделци мајка му и татко му од каде знаеш? Ете дечкото работел градежно.
Заклучувам дека е размазен по кубикажата и цената на автомобилот кој го вози. Тоа се викаат комплекси на нижа вредност во психијатријата.
И он и сестра му која е патем моја генерација (20 год)? Па вчера се расправавме у темине, како нема пари народот ни за леб, на 30 год а после од кај му е станот, ја му го купив ако сакаш да знаеш Не е багабонт, ама не е ни мирен, немало да претекнува и да УБИЕ некој ако е мирен @Snowflake97 не е за нечесните пари, него дека е размазен и распизден, и дека неговите имаат пари и дека ќе го извадат од сите гомна.А девојчето од гроб никој нема ! @Abel ја дома шо зборев, тато вика 80 коња е.Шо модел е ова? Гуглав цитроени 2021 ама не го препознав..Па уште и возач почетник.Зелка
ЗЕЗАШ или?????!!!! Најголемите багабонти имаат слатко лице и нормален стајлинг, срце! Моторџии со тапија возат понормално од вакви размазени татини лигавци! НЕМОЖЕ да се забележи кој е уличар а кој нормален, да беше "добро дете" немаше да брза на пешачки!! Чукнете главите и помислите како блиските на жртвите се чувствуваат кога гледаат вакви коментари! Нема да глумам добродушна, посакувам све најлошо на гнидава. Да го изгазат у затвор дајбоже.
Дечкото го има на видеата од Сител од првичните вести за несреќата. Ми падна во очи што седел во кола без да излезе дури не стигнале полиција и брза помош. Не ми изгледа нешто потресен на видеата, веројатно е во шок ама не ми изгледа нормално што седел во кола без да види дали треба помош. И мислам на 22 години од работење градежно ни на кредит не се купува таков автомобил и стан во Скопје, реални да сме. Не дека има врска тоа, и богаташи и синови на "битни фаци" се должни да почитуваат закони и правила во сообраќај. Да има совест и него ќе му е уништен животот после оваа случка, ама жив е и дали в затвор, дали со уништен живот него ќе го гледаат неговите, а девојката не се враќа. Премногу ми е жал и за родители, и за роднини и за нејзиниот дечко кој бил во страшен шок , а најмногу за изгубениот живот, цела младост, цел живот пред неа за секунда да згасни.
Не е темата тоа но нивните постапки чисто ја покажуваат психолошката состојба! Фуј како не ви е срам бре да пишувате вакви работи. Ама знам зашто е така. Да беше некој ваш близок на местото на девојчето ќе урлавте до бескрај. Ама да, кога си седнат дома на топличко си дозволуваш да браниш убиец без да размислиш подлабоко, додека нејзиното семејство ќе ја закопува два метра под земја. Сето ова поради мочко разлигавен што не закочил.
Па тоа ти зборам деее. Размазеност и АЗДИС е ова Имам колешка, спие на пари, исто станови куќи, џип вози (и има истечено тоа за почетник) од 14 год. вози ама знаеш како вози? со 100 очи отворени! Камо да беа сите ко нејзе.И татко и` може да сврти број два, да пушти 1000,2000 евра ама има мозок. Овој слабо.И не го бранете.Да имал мозок ќе застанел и да шо ти рекле за багабонтите.Другарка моја полицајка, со искуство по Скопјево и сто убиства видени, психопати социопати ми има речено ,,од најтивките највеќе да се пазиш пошто 100 гласа имаат во главата" А и како беше ,,изглед вара" И ја имам мила фаца. еве кој ме знае @Stark пример нека потврди, личам на 17 години, ама ако ми ја изгасиш лампичката, нема да ти личам на толку изгледот не значи НИШТО понекогаш
Крив е. Пишуваат не било точно дека е од богато семејство ,мајка му во пицерија работела. Возилово не кошта ни 20 000 еур. Можеби им е семеен автомобил. Можеби имал наследство за станот. Не е ни битно. Битно е што лошо се вози. Пола од коментаториве по социјални мрежи гледаат во телефон додека возат. Еден живот е изгубен,друг уништен за памет.