Би го пуштила исто како што е пуштено детето од Перо. Правда само за малиот човек а за другите нека нема?
Точно.Сум гледала crash tests Со 40ка моеш да здобрип некој.Плус претркувал, кој вози со 40 кога претркува не ме јебете.За да претркаш треба да забрзаш убаво. башка : колата му е лом и нему, како у дрво да мавнал, значи убаво ги плеснал, башка починатата летнала некое метро од силниот удар Ме нервира коа лажат.Си бил мајчин да претицуваш?Кажи ,,не возев по прописи, убив човек” и крај Не да се лажеме овде како мали деца Не може со 40 да возел А ПРЕТИЦУВАЛ НА УЛИЦА КАЈ ШТО 50 е дозволено
Тоа што возачот е со иницијали е затоа што е осомничен и се додека не се обелодини за виновен е со иницијали. Исто е и за малолетници. Девојката е жртва погината семејството е известено и мвр може да ја објави со цело име и презиме.
Аман Вајлд. Медиумите треба да пишуваат. Луѓето треба да зборуваат, макар и работи што не сакаш да ги читаш. Колку поголема медиумска застапенст, поголем притисок врз институциите да се мобилизираат и да не пробуваат да заташкаат или пак, како што е пракса, да се помине само со условна. Дали дечково имал лик на мирно дете, дали потекнува од богата фамилија, не го негира фактот дека е убиец. И да, убиец си, кога поминуваш на трепкачко жолто, претекнуваш и усмртуваш друго лице. Не ретко читам и коментари од типот, таа лента е за брзи возила, друга лента за спори. Во градска средина, нема брза и спора лента, лимитот е 50, неписмењаци. Во другите метрополи, кога нема семафори, од киломентар те пикираат дека сакаш да поминеш, веднаш застануваат на пешаци. Во случајов, семафорите не работеле, што значи треба да се ориентираш според дадените знаци за предност, но со претпазливост. Секогаш кога поминувам улица, правам застој, додека не се осигурам дека и другата лента е слободна. А неколку пати се случило, да има претекнување од дебили и влакно фалело да не се слепам на нечија хауба. Сообраќајот е хаос. Ништо не се почитува. Не ми е јасно како може за сообраќајни незгоди да има толку лесни казни. Камерите за што служат. Колку пати само имам начекано лудаци на црвено што летаат. Се тоа треба да се казни и возачката да им се одземе за навек. Само на ТикТок колку видеа има со луѓе што се снимаат како возат во градска средина, притоа правејќи неколку прекршоци. И за што ја плаќаме полицијата?! Нон стоп вработуваат за да седат и ништо да не прават. Немам никаква доверба во институциите. Не постои една што не е корумпирана и функционална. Жално за девојката, и жално за момчето што ќе живее со таква траума. Максимална казна за убиецот.
Не е работата дали јас сакам да ги читам, или не. Криво ми е оти блиските на девојчето се изнагледаа и изнаслушаа потресни сцени и муабети
Кажаа дека нова била колата. Мое мислење: дечково сакајќи да се пофали со новата кола, возел со многу поголема брзина од дозволената. Ако возеше со 40км/ч сигурно ќе можеше да закочи и можеби би ги удрил, ама сигурно немаше да ја усмрти.
Не е веќе со иницијали, ти си преспала изгледа што сѐ се пишува за него. Знаеме име, презиме, висина, тежина, адреса, матичен број, знаеме сѐ за потесното и поширокото семејство. Помина времето кога можеше некои работи да се сокријат. Нејсе, тоа е една од последиците на неговото однесување.
А замисли никој ништо да не објавеше и да напишеше? Замисли сите да молчат и да се правиме како ништо да не е. Не зборувај во туѓо име, кога не си во нивна кожа и ти посакувам никогаш да не дознаеш како им е. Потребна е прекумерна медиумска застапеност и тоа е факт. За држава како оваа, што секогаш пробува нешто да напика под тепих. Типичен пример е со нашата форумџика што бара нејзиниот пост се повеќе да се споделува, за да има повеќе притисок од јавноста кон надлежните. Се докажа и покажа дека само на тој начин имаш поголема шанса за да ја добиеш правдата. Не ти ја разбирам поентата. Ако ти смета нешто, не читај.
Никој не сака првично детето трагично да му загине. Сликите се најмал проблем. Трошиш енергија за глупости. Тоа што медиумите објавуваат не е пракса само кај нас, туку секаде во светот. Си се фатила за сликите, те сликите. Не е малку побитно да се смести дечково во затвор, барем на 30 години?!
Ја познавам цела фамилија лично, се знаев и со девојчето. Во шок сме сите. Нема да коментирам дали јавноста моментално правилно постапува, зашто ни самата не знам што е правилно сега. Само знам дека не смееме да оставиме ова да пројде како ништо да не било. Боли, многу боли. Гневна сум и бесна при самата помисла дека тој убиец е сега жив… Ве молам барем тие што сте во Скопје, ве молам најискрено правете нешто. Протести ли не знам што…. Ве молам луѓе не оставајте да има уште жртви од покварени и невоспитани детишта. И чувајте се
Тоа е една од последиците на социјалните мрежи. Судење на фб и толку, по 2 дена ќе се заборави, ново срање ќе биде побитно. Дечково е крив, колку што е крив, тој ќе живее со тоа. И последен ќе биде, задутре нема пак да се случи со некои други актери? Од мали деца на предно седиште што возат, без детско седиште, од таму почнува сообраќајната култура и едукација. После веќе растат, криво насадени. Поука од настанов- нула. Без оглед на пресудата.
Да знам дека нема да ме однесе некој будала ако возам велосипед или нема да ми биде украден на прво оставање, не би се возела никогаш со автомобил освен ако не дозволат временските услови. Мислам дека многу би се согласиле со мене.
Претерувате со анализите. Божем судот вас тука ќе ве чита пред да донесе одлука или коментарите на фб. Ако сакате промени се знае како се прави тоа. Прежално за девојката и дечкото. Огромна трагедија.. навистина нема потреба од дополнителни оговарања и споделување непотребни информации. Висина, тежина знаеле. Информација од голема важност. Се надевам правдата ќе биде остварена.
Истово за малку ќе ми се случеше на пешачкиот кај Градежен на зелено. Толку брзо возеше што дури кога бев некаде на средина го видов дека доаѓа. Затрчав за да поминам на островчето, а будалата прошиша зад мене на црвено, минимум 90 возеше. Не разбирам што им се случува во мозоците, ни грам совест немаат. Spoiler Инаку @Feminka22 40mph е 65kmph.
Мене ми е најтрагичен моментот што видел дека некој стои и он го претицал.Тоа е најзастрашувачки по мене.Не знае да процени.Џабе што идеме на психолошка проценка. Мене пример за очно, со десново око ништо не гледав од ситните Ја му викам на тој не гледам он мене печат ми стаи.. Досега денски сум возела само бидејќи гледам ептен бистро.И навечер (кога сум совозач или нешто) гледам луѓе ако има од далеку и бои на семафор, али дур не земам наочари јас лично не влагам у кола.И на моите им кажав. Поентата на муабетов не ми е да покажам колку сум јас совесна, него и таму кај шти правиме проверки ги заболе.Ја му викам ништо не читам доле он мене печат ми стаи..уште колку ги има ко мене кузнае
Џабе ке разглабаме што би било кога би било вака така онака, ама да му бил паметот во возењето дури и ќе закочел скроз, може да чукнел само да речеме. Куче ни рипна пред кола, возеше татко ми 40-50, во место закочи, добри и ние и куче, на половина метро од кучето. А според тоа како е колата уништена, он воопшто не ни пробал да кочи, не му дошло ни инстинктивно. Друго, зависи и од масата на колата, колку поголема, толку поголема штета. Не за џабе се законите за почетници, почетник не може да исконтролира толкава кола колку и да скока до плафон дека кола е кола, не е. Жално. Системот ќе профункционира кога дете на големец ќе биде не дај боже удрено. А може ни тогаш.
Ова е еден од најпаметните постови на темата, особено болдот. Точно е дека на млади луѓе кои свежо положиле за возачка не се дава луксузна кола. Прво, затоа што е скапа и може да ја искршат, а со тоа да ја загрозат сопствената безбедност и безбедноста на другите, и второ заради искуството кое го немаат. А, дечково ги направи двете фатални грешки. Возеше добра кола без претходно искуство.