Немој молим те? Претрчувале, па немал можност да ги види! А они претрчувале на сред булевар или пешачки премин? Цццццц... ти адвокат си сигурно Едно од првите правила кои се учат кога се полага е дека кога се доближуваш до пешачки премин треба да се намали брзината, за да можеш да закочиш ако има потреба. И ова го пишува исто и во законот за сообраќај. Ама... очигледно не ти одговара, па не го ни цитираш истото.
Не е убиство. Убиство е најтешко кривично дело. Кога некој свесно ќе предизвикаш да умре. Не ја бркал со колата за да ја чукни.
https://plusinfo.mk/polica-ci-priveduvaat-momche-koe-shetalo-kuche-video/ еве за решетките. Такви се сите возила, од кај знаете кому ќе му текне да здува? Сите се исти, не ќе набавуваат 100 врсти, за некој да се осеќа вака или така @H.VAGA шо ти смета моето размислување? Еве што кажав неточно?Ама демантирај ме со факти и закони, не со тралала муабети
И што ако има еден куп? Тоа треба да го оправда дечково? Нема никакво оправдание за тоа што се случи. Ужасната сум од коментариве, се претерува и во обвинувањето и во одбраната. А како може да има луѓе што се обидуваат да го оправдаат ова не ми е јасно. Кога ќе бидете некогаш дирекно засегнати ќе ве видам дали вака ќе размислувавте. Тешко на семејството и најблиските. Сочуство.
Лесно можеш да заклучиш дека претчале бидејќи е тоа забележано и на безбедносни камери. Што значи дека возачот има направено се што може со оглед дека починатата и дечко и претчале и излетале пред него.
Па не ги спороведуваш ти. Те прашува дали ТИ Вајлд ќе си лично со ваков објективен став ако сестра ти ја прегазат? Не знам зашто секогаш не си директна и бегаш во спротивна насока и вечно несфатената овде. Знаеме дека ќе жариш и палиш ако е некој твој близок, ама не е па затоа сега ќе бидеш како и секогаш-контра.
Јас не видов експлицитни слики, каде си ги видела? Единствените видеа и слики што ги видов беа со покриено тело, ама тоа е во рамките на етичко новинарство затоа што медиумите се должни да известуваат. Семејството сигурно нема да седне да гугла и да бара експлицитни слики.
Кој рече дека треба да се оправда. Напротив! Треба да ги пријавуваме тие што не почитуваат закони и да бидат казнети. Точно дека не ги спроведувам јас. Оти на оштетениот, му иди да го убие престапникот. Затоа реков дека не се прават закони по емоции, туку по факти.
Да, кога братучет ми сакаше да му фати врски на брат ми за да му поништат казните за возење во алкохолизирана состојба без возачка јас реков не, остави да си ја плаќа, не му помагаш така што ќе ги поништите..
Да треба да закочи и точно возел согласно дозволената брзина но ете му излетале и ги турнал што и си признал самиот.
Ете така треба да е за сите. И мене ме прашувале на форумов, дали плаќаме казни, или фаќаме врски. Плаќаме. Оти така е правилно
Ама како може на булевар да вози, притоа пешачки пред него со застаната кола, семафорот исклучен, да вози преку 50??? Тој што застанал глупав е што чека птици да прелетаат???? Од пусти страв ова да не се случи трча народ на пешачки. Стварно ама ич неможам да ве разберам што вака се обидувате да го оправдате ова….
Пошо се праите паметни сите, овде се караме меѓусебе и после зашто некој вака така проаѓа.Глејте као се понашате, за една мочана работа не сме согласни,а ја уште протести викам.Само вие дробете на Фемина Форум.Не дај Боже ваш близок да е, со дрва и камења ќе мававте. ЗАКОН ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ: (5) Учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат според барањата дадени со помош на знаци или според наредбите што ги даваат полициските службеници и униформираните службени лица од ставот (1) на овој член и кога со тоа отстапуваат од пропишаните правила на сообраќајот или од значењето на сообраќајната сигнализација поставена на патот. Пред секој ПЕШАЧКИ има СТОП ЛИНИЈА, што значи ЗАСТАНИ линијава НЕ ЈА ГЛЕДАТЕ? понатаму: Член 19 (1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. (2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин. (3) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба. понатаму: Ако на обележаниот пешачки премин сообраќајот не е регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, ниту со знаци на полициски службеник, возачот е должен кон таквиот пешачки премин да се доближува со доволно умерена брзина и да го запре своето возило за да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои стапиле или кои стапуваат на пешачкиот премин. Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин. Анализите покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем. Од една страна, има многу неодговорни возачи кои не ги почитуваат, ниту пешаците, ниту сообраќајните правила и прописи, но има и многу пешаци кои, исто така, неодговорно учествуваат во сообраќајот. шо не ви е јасно? Ве демантирам СО ФАКТИ И ЗАКОНИ. Не ми зборете дрндрн јариња муабети @WildMk еве што викаш закони се прават со факти не со чувства. Кривичното дело е сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување или кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување. ОН СВЕСНО НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПЕШАЧКИОТ.Не е дека искочил од дома и рекол ,,еј ќе згазам некој" свесно НЕ ЗАСТАНАЛ ПРЕД ПЕШАЧКИ ПРЕМИН Со колкав фонт да пишувам за да сфатите Не реков дека искочил од дома со таа умисла.Не очекував да сте вакви буквалисти цитирам: Убиство со умисла е секое противправно убивање на друг човек, без никакво оправдание или изговор кај е оправданието?Не ги видов? Земи си наочари ако не гледаш, еден не видел?Па двајца? Кај гледла Кое е оправданието прашувам што не застанал, а ВЕЌЕ БИЛЕ НА ПЕШАЧКИ
Согласно член 19, возачот е должен да застани во случај кога има стапнато лицето на коловозот, но во случајов додека тој се движел и немало никој они нагло се појавиле и му претчале.
За поуката на масите не можам да тврдам, јас можам за себе да кажам зошто ми е важно да се "искористи" ваква трагедија за конечно да мрднеме од мртва точка. Знам која е поуката која јас ја носам, која моето семејство ја носи. И не, стварно не е "без оглед" на пресудата, треба да почнеме сериозно да размислуваме зошто дете што убива друго дете ни е нормалност и кога недостатокот на казна нѝ станал изговор. Офф топик, но следам црна хроника во Италија. Нивното судство е исто пар екселанс корумпирано, ама знаеш најеклатнтните трагедии и убиства како добиваат судска завршница? Единствено со притисок од јавноста и никако поинаку. Секој ден Биљарката да ја потсетуваме дека згазила некого/убила некого и дека избегнала казна. Па нон стоп да ти спијат новинари пред зграда, да не можеш да најдеш работа пошто си неосуден убиец и така со години додека судот не ги попушти стегите, не ги извади предметите пикнати во фиока и не пресуди. Правдата така ја добиваат, и им успева. А кај, срамота било, сме збореле каква му е фацата.
Притисок од јавноста. Ниту може да го повтори делото, ниту пак може да влијае врз постапката и сведоците оти веќе е направен увид, прибрани се доказите. Нас не учеа дека притворот е најстрога мерка и дека треба да се користи ретко и во исклучително тешки дела. Ова не е такво дело. Може да се водиме според емоции, не знам некој дали би останал имун, ама коментираме правно и реално. Делото се квалификува според Кривичен закон и според такво ќе се суди. Не е убиство, не може ни да биде, читав дека е Сообраќајна несреќа со смртни последици. Нормално дека адвокатот ќе ги бсара олеснителните околности за да добие помала казна. Има видео камери, ќе покажат како дошло до несреќата и согласно тоа ќе се развива постапката. Дечково е виновен, признава. Тоа и те како ќе влијае врз казната, и не бил под дејство на алкохол и дрога. Ќе видеме како ќе се одвива до крај. Не спорно е дека не ги почитувал сообраќајните правила, морал да намали пред пешачки оти често се случува да ти влета пешак. Ама со помала брзина се закочува одма. Овде мислам дека се работи за поголема брзина, затоа и немал време да реагира.