Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Аман аман, ве молам, за нашето/вашето ментално здравје, веќе не ѝ реплицирајте на квази адвокаткава, стварно, невероватни работи се пишуваат. Струја, правда, растурена сарма.
     
    На Harper, prashinka, noteforself и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Неискусен возач со ниска свест и брзина поголема од дозволената е доволна причина за да изгубиш контрола над возилото во непредвидливи ситуации и да се случи несреќа а башка и семафорот дополнително создава конфузија кога не работи...
     
    На Harper, P.S.love, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да големо влијание има и струјата исто и тоа што семафорот не работел.
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме занима.
    Од кај знаеш?
    И шо бе волку бранење бребре
    Вака напраил онака напраил
    Дај чим си видела
    Постирај
    Да видиме
    И ДА ПРЕТРЧААТ, ги гледаш во близина на пешачки? Намалу бе брат на 10 бар
    Ништо не те кошта
    и пак ќе кажам не претрчувале.
    Еве постирај чим си видела
    Леле пак она со струјата
    Абе шо го браниш жено имаш ли два грама мозок у главата???? ти ако си адвокатка, јака нѝ душа со адвокати по тебе
    Ја би ти ја скинала дипломата
     
    На fana, nextredstyle, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Нема пазено воопшто. Не се сите за шофери реално, затоа што има луѓе што не гледаат ништо пред нив што се дешава, камоли другите учесници и коли што прават и зашто застануваат.
    И да ти излетаат пешаци, со мала брзина нема да ги убиеш на лице место.
    Има возено повеќе од тоа што кажува, дефинитивно, а ко што пишав, не верувам да пазел и да гледал наоколу.

    А вакви случаи каде едната кола застанува, а тој во друга лента не, се случуваат секојдневно, и ко шофер и ко пешак ми се дешавало и мора големо пазење.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    Во случајов воздушните се сега најбитни оти не се отвориле. За да те исфрли неколку метри и оштета онаква на кола, можи 35 возел.

    А умирање на девојка на лице место на пешачки, не е битно.
    На пешачки се намалува брзина, затоа е пешачки за пешаци.
    И само тоа па и дека семафорот не работел, се вози повнимателно. И ако нема и семафор ако пешак не помини на пешачки, не знам да прелета некако со авион.
     
    На Harper, Just.do.it, Munchmallow20 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Да, како отежнителна околност за обвинетиот. Ако не работи семафор, пешак на пешачки секако има предност. Буквално не смееш да поминеш ако стои пешак на тротоарот, а семафор не работи.
     
    На Harper, Amellie13, prashinka и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Не е убиство, не може да биде квалификувано како убиство. Ова што ти го пишуваш е веќе убиство со умисла што е сосема различно.

    Најверојатно пред суд ќе биде изнесен со 2 прекршочни пријави:
    1. Тешки дела против безбедноста на луѓето (мислам макс е 6год) и
    2. Неукажување на прва помош (макс 1год)

    Може да се додаде и непоставување на соодветна сигнализација и пријава во МВР. Ама не верувам. Значи максимум може да лежи 7 години. Ако призне ќе има олеснителна околност но не укажал прва помош тоа ќе е додаде плус на тежина. Ако има совест цел живот ќе носи некого на душа.

    Во однос на настанот не би коментирала, само сочувство до фамилијата и полесно опоравување на момчето, како физички така и психички. Факт дека во Скопје сообраќајот е катастрофа и треба очи ширум отворени за сите учесници во сообраќајот, бидејќи тоа што носи мигот не носи векот.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Како олеснителна со оглед на слабата видливост, возачот не можел дури и навремено да го процени семафорот кој бил само во жолто трепкачко.
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Ако не работат семафори, се следат знаци и се почитуваат сообраќајни прописи кои секој возач ги учи и МОРА да ги знае, за да избегне/минимизира вакви ситуации и за да не биде опасност за себе и за околината.
    Мислам дека не си адвокат, туку трол. За друга дијагноза не сум компетентна.
     
    На Harper, Amellie13, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    27.393
    Ете дечки, да си знаете во оваа скапана држава животот ви вреди 7 години. Имајте убав ден со оваа мисла оти јас не можам.
     
    На Harper, Amellie13, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    А што ти означува тебе жолто трепкање на семафор? Дека треба да претицуваш на пешачки со цела сила?
     
    На Harper, Amellie13, prashinka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Феминке, ме испомеша од брзање. Битно слики експлицитни стварно никаде не најдов, а се заинатив да најдам
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Со оглед на видливоста бил доведен во заблуда каков е семафорот.
     
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Значи, очигледно не си полагала за возачка. Барем се надевам со вакво елементарно непознавање на сообраќајни правила дека не си возач.
     
    На Harper, Amellie13, noteforself и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    EF7610BE-00C8-4ECF-BE58-518CC7A65F73.png 6B0BBCC5-8939-427A-8981-5DEAE1CA2E00.jpeg AB527AD7-EAB5-4626-A873-09F7B91D0ADC.jpeg
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Баш ако бил доведен во заблуда требало да закочи. Јас ако сум во заблуда за семафорот прво би помислила дека е црвено а не зелено. Кога за нешто не си сигурен подобро е да застанеш.
     
    На Harper, noteforself, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.542
    Точно, Обвинителството го квалифицира делото, му дава правна квалификација, судот може да ја смени.
    И за да Обвинителството го квалифицира делото се зимаат сите елементи и не знам како поврзувате, ама ова во никој случај не може да биде Убиство. Сообраќајна несреќа е со смртни последици и како такво ќе се постапува.
    Нема елементи на убиство.
    Не е само до Обвинителството и неговата волја како да го формулира делото.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Види, стварно не е темата за тролање. Има 1000 теми форумов, ај најди некоја помалце сериозна за курташак.
     
    На Harper, prashinka, noteforself и 11 други им се допаѓа ова.
  20. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Долго се воздржува да не коментирам... Ќе бидам објективна.
    Прво, девојчето нека почива во мир. Жално, тажно. Немам зборови за утеха.
    Второ, ова не е убиство. Разбирам револт, посебно со оглед на тоа што за сообраќајниве несреќи си поминуваат со условна. Ми се гади бидејќи сум правник и знам дека така не треба. Но, во конкретниов случај ова не е убиство, а уште помалку убиство со умисла. Туку е кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а за смртен исход е пропишана казна од минимум четири години. Не е умисла, туку небрежност. И за небрежност се казнува, особено затоашто си свесен за последиците ама лекомкслено постапуваш сметајќи дека нема да настапат.
    Трето, отежнувачки околности има. Возел со брзина поголема од дозволеното, со она искуство кое го имам можам да кажам дека е многу поголема од 40-50 км/час. Сепак, не сум вешто лице за да можам да кажам дали е навистина така. Понатаму, тоа што на пешачки не застанал и претицувал и те како е отежнувачка околност. Не тврдам, но можно е за да го избегне возилото кое застанало да завтрил со намера да помине и ги удрил, што во никој случај не му ја намалува вината. Тоа што не излегол од колата и не им помогнал е истотака казниво. На лице што е повредено во сообраќајна несреќа, независно дали си учесник или не, мораш да му помогнеш, бидејќи во спротивно и тоа е кривично дело. Можеби бил во шок, секој нормален би бил, ама ни тоа не ја намалува вината.
    Четврто, олеснителни околности. Секако дека во предвид се зема тоа дека се кае, возраста, дали е претходно осудуван или не.
    Петто, притворот не е казна. Не се става некој во притвор за да се казни. Притворот е заради тоа да се спречи сторителот да го повтори делото, да не избега, да не влијае врз докази и сведоци итн. Притворот како мерка треба да биде последна и крајна. Не велам дека требало да се пушти на слобода, како ништо да не било. Има и други мерки, тоа ми е поентата. Судијата не смее пристрасно да постапува најмалку да попушти на притисокот од јавноста и своите одлуки да ги носи така.
    Шесто, тоа со објавувањето јавно личен и семеен живот, вознемирување на семејството е толку страшно. Јас разбирам и револт и бес, ама од никакво значење не е што правела мајка му, што имала сестра му. Барем не, освен ако заради потребите на постапката е неопходно да се види и ова. Се друго е сеир и не е во ред. Можеби до некаде и ќе сфатев да се работеше за некоја јавна личност или близок на јавна личност. Вака е тотално идиотски.
    Седмо, зошто во Скопје, особено на Партизанска исклучуваш семафори и притоа немаш сообраќаец да регулира? Еден ден беа исклучени семафорите и цел град беше во хаос. Па дали е тоа нормално? После толку страшни сообраќајни незгоди очигледно е дека во системот има многу пропусти, и тоа мора да се среди. Прво, според околностите улиците и патиштата да бидат соодветно регулирани, со знаци, со семафори итн. После, детална истрага за сите инструктори, школи, станици за технички прегледи, МВР, правосудство и останатите што се занимаваат со сектор сообраќај. Едукација на возачите постојано, и на идните возачи и на оние што возат независно од искуството. Секако, драконски казни за да не помисли никој да помине на црвено, да вози побрзо од дозволеното итн.
    Лично, многу ми е жал за девојката и за дечкото, трауми за цел живот. Излегуваш, шеташ и заради некој што не внимавал да изгубиш живот... Свесна сум каде живееме и дека корупцијата многу виновни ги ослободила и жалам ако и овој пат биде така. Од друга страна, не треба ни целиот гнев да се истури врз дечкото оти, како што прочитав, не бил од некого :puke: На снимките ми делуваше исплашен, веројатно дека и тој не сакал тоа да се случи, што секако не го оправдува. Сигурно дека судот ќе земе предвид дека е млад, тоа што признава вина, дека се кае... Не може да го линчуваме, за линч се многу предавници, терористи, педофили, ако се прашувам јас. Целта на казната не е да се упропасти некој, туку да се превоспитс и реинтегрира, освен кај тешки дела каде што сторителот едноставно мора да се отстрани од општеството. Човечка реакција е совеста и дека цел живот ќе го носи тоа, дали е така навистина не знам. Очекувам праведна казна, друго се е излишно. Тешко на дечкото што бил со нејзе ќе носи трауми цел живот, тешко на родителите и на семејството, жално за нејзе и за младоста.
    И да, да не судиме, ова е ситуација што може да се случи на секој, сообраќајните незгоди се почести отколку што мислите. Затоа поука, памет во глава кога седнувате зад волан, дури и минорни прекршоци можат да бидат кобни.
     
    На ElenaOfRivendell, IRBBB, Idedemja и 25 други им се допаѓа ова.