Се знае во теорија. Не знам каде живееш, ама коли паркирани на пешачки/раскрсница без никаква сигнализација за на "5 минути" да испазарат има колку да сакаш, ама никому ништо за нив. Не можи да не бил врзан, не е стара кола, ќе му свирка цел пат.
Eпа тоа е кај нас, на пешачки веќе не е сигурен човек а не по патека да вози наменета за велосипеди. Јас одам пешки на работа, не ми е блиску има пола саат одење,ама со велосипед не одам оти нема кај да го оставам и ќе ми го украдат.А радо би одела со велосипед.Секаде се движам кога има кај да го оставам на сигурно. Баш имаше случка кога бев кај тетка ми Италија,велосипеди имаше можеби 200 оставено на еден терен, сите слични еден на друг,заклучени само, ни катанци ни ништо, никој не ги краде. Ама знаат дека ако украдат има да платат казна како 5 да украле а не 1. Кај нас се тие условите,сами треба да се потрудиме да ги смениме, за наше добро. Се додека немаме опшествена култура вака ќе биде. Инаку мислам дека нема шанси да има возено 40, со 40 не се одзема живот.
Site padnavte na neviniot lik, i Ted Bundy bil zgoden pa mozda trebase da go oslobodat? Rasuduvanjeto vi e pogresno, sto ako bese debelo namrsteno dete, pomalku zal kje vi bese? Za tesko delo se tereti, kakov lik ima najmalku e bitno.
Никој не рече дека не е виновен или дека изгледа како премногу да е шокиран од случката, па ќе му се прости. Кажав мој впечаток како изгледаше. Изгледаше многу потресено, но тоа не му ја намалува вината. Виновен е, треба да биде казнет.
Секоја кола е јака ако газиш на гаста. Плус вака како што читав, не е и нешто којзнае каква јака кола неговата. @BloodElf свирка минутка две и се гаси само...
Ич не е за жалење возачот. Ама ич. Го одбранивте со милион причини. Личел ко мирно дете, леле нозете му биле у шок, па струја курци палци секакви лајна кажавте за да сочувствувате со него. Кога влагаш во кола превземаш одговорност за себе и секој останат околу тебе. Треба да си или апла нервозен или да се курчиш дека си јак возач со скапа кола за да преминеш возило кое веќе било застанато. Али пак, егото си го прави своето. Кога мислиш дека може да управуваш со цела улица, и да газиш све пред себе, ова се дешава. Угнетеност од родителите.
@BloodElf не знам, јас лично немам на пешачки видено паркирана кола, ама не сум од Скопје. И да бил таков случај, не е оправдување што не застанал или не намалил брзина, особено ако нема прегледност.
Јас појма немам од правен аспект, ама зошто никој не го спомнува и машкото што било со покојната? И тој преживеа телесни повреди, колку што прочитав не се страшни, меѓутоа колкот му бил нагмечен мислам. Плус нормално стравот и психички тоа што го преживеал. Дали се гони кај нас за вакво нешто? Пошто не само што ја усмртил девојката, повредил и друг човек, плус дечково бил во екстремно лоша психичка состојба. За влакно што се вика избегнал и тој фатално да заврши. Зашо ова никој не го коментира? Па мене вакво нешто да ми се случи нема да можам на себеси којзнае колку време да дојдам, ниту ќе можам да спијам навечер, ниту работоспособна ќе бидам. Инаку од медицинска гледна точка, можно е да се парализира цело тело кога е под шок. Во тој момент може да се случи ни името да не знае да си го каже, да не знае ни каде се наоѓа, а уште поекстремна верзија на шок е кога не може да перцепира и да прифати што направил и што се случило. Не дека го правдам, само кажувам од медцински аспект како е.
Се познава паркирана кола на пешачки ( @kristina.k да и тоа има во Скопје) се познава застаната кола заради пешаци.
Убиец си е убиец. Дали бил од богата или скромна фамилија, колку коли и станови имал, какви биле родителите, дали личел на фаца фино или лошо дете е небитно. Битно е дека тој е УБИЕЦ. И тоа така и ќе остане. Штета што веќе сам си го зацрни животот. Мада лошите луѓе поубаво поминуваат у животот.
Адвокатот на возачот очајно се обидува да го одбрани, ама очајни работи кажува. Ако бил блокиран погледот кон улицата, се знае дека закочуваш, а не идеш да преминеш друга кола. Има логичка причина зашто колата пред него стоела во место. Немам коментар за изјавите. Неговата реакција во моментот била исправна и брза?! Wtf?!
И јас не сум од Скопје, баш во другите градови мислам дека има и повеќе такви, насекаде паркирани. Не знам дали возиш често, ако да, сигурно ќе приметиш некоја, затоа што сметаат. Кај мене во околина редовно има некој паркиран точно на кривина на влез во главен пат, затоа што од спротива има маркети. Ни трпкачи, ни жмигавец некој уклучува. Редовно ѕиркам во колата пред мене дали има човек или е само пакиран и не знам колку пати ми се случило досега да има некој внатре, да помислам заборавил жмигавец, да си чекам и да се чудам зошто не влегува во лентата кога има прилика, а тоа господинот ја чека жена му да излези од маркет. Така да ..
Си вадеш еден збор од цел текст, си го цитираш и не знам што вусшност сакаш да кажеш? Влетал, да, влетуваат, затоа пред пешачки се намалува брзина, оти во секој момент треба да очекувач пешак. Што не е јасно? Одбраната се вади дека влетале, а и да влетале, он е должен да намали брзина и со помала брзина има можност да закочи. Сега појасно ти е?
Да виновен е! Но, не е убиец! Не го направил тоа со умисла. Жал ми е од видеото за дечкото и неговиот живот се оцрни, па и како може да се споделуваат неговите родители па и да се вреѓат, па и од дечкото споделуваат слики и го линчуваат. Кога ќе одговара Кичеец, за сообраќајката што ја направи и тоа во период кога треба да е во затвор, за Кичеец немаше такво линчување, тогаш и дечкото треба да одговара кога и Кичеец би одговарал. И не само тој туку и други богаташи што не одговараа сите тие се на слобода без грижа на совест, а ова момче поради притисок од јавност ќе добие максимална казна, а се гледа дека е потресено и цел живот ќе има грижа на совест.
Ај кажи ми за она погоре што коментирав, пошто навистина ме интересира. Дали може дечкото на Викторија да тужи, дали има основ и дали може некако него да го обештетат и за телесните повреди и за психичките трауми? Пошто колку што ми е жал за девојчето, толку ми е жал за него, си идеш до Сити Мол да си купиш нешто и пред очи во дел од секунда ти го снемува човекот што го сакаш најмногу на цел свет. Па јас би се скренала со паметот, нема да знам што да направам од болка. Среќа добар е, го пуштиле на домашно лекување, ама во ептен лоша психичка состојба бил.
Исто и јас слушнав вакви коментари од мои познаници, во стилот греота е, не сакал, сирото дете итн. Верувам дека паѓаат на невиниот поглед и навидум милото лице. Не сакал ама се случило. Штом седнува зад волан, има да си ги почитува правилата или да си ги сноси последиците. Воопшто не ми е жал за возачот.
Едно знам, девојката ништо нема да ја врати, тешко неа и на нејзините. Дечко и велат дека е во шок не знае за себе. Живеам во близина на Сити, луѓе таков животински крик имаше не можам да ви опишам. Ужасно. Дечково не знам кој е. Едни велат дека е син на функционер, други дека е од просечно семејство. По тоа кој адвокат го брани не би рекла дека е од просечно семејство, зашто адвокати од калибар на овај не бранат ситна боранија. Како и да е. Едно е важно, секогаш ама секогаш кога има раскрсница без разлика, зелено,жолто,црвено мораш да намалиш брзина и да бидеш на штрек дека некој ќе ти излета. Особено на обележана раскрсница. Дали имало семафор или не си има правила. Не сум правник, ама сум возач. Милион пати пред мене стоела кола, сум застанувала позади неа додека не проценам што е работата, па после реагирам. Не се претицува пред пешачки. Нека им даде господ сила на семејството на девојката, а на дечково сила да се носи со последиците.
Не, не ми е јасно. Ти како правник треба да користиш правни термини, а влетување на пешак на пешачки не е правен термин. И во никој случај не треба да се смета за олеснителна околност.