Се случува? Па ако се наслонувате на непочитување на сообраќајни правила не ни треба воопшто да имате возачка оти тешко нас. Нема "се случува" Нема буквално никакво оправдание. 0.
Тоа што има еден куп коли застанати не е оправдување. Прво спорна е брзината. Тој и да ја преминеше колата со нормална брзина може ќе ги удреше, но немаше да биде ваков исходот.
Голема е брзината, објаснување имаше тука. 1. Возел со преголема брзина зашто ги исфрлил неколку метра. Никој со нормална брзина нема да исфрли некого. Може да падне, а не да лета. 2. Колата е премногу искршена. Тоа оштетување не е од мала брзина. 3. Брзината ако беше мала, можеше возачот да закочи.
Па со оглед на тоа колку се реагира на прекршоци пред да се случи некоја трагедија, може и само да настрадаш ако следиш правила. Се случило да застанеме на пешачки да помине пешак и да не слупа тој од назад. И сега што? И не знам по што заклучи дека возам непрописно! Ти реагираш, пријавуваш прекршоци, или вака само на форум немаш оправдување, пошто прекршоци има на секој чекор!?
Drugarka mi skoro udri vo divo zivotno nesakajki so 120km na cas. Ne se otvorija tie tvoi famozni pernicinja.
На луциферка кажете и дека има сензори за перничињата на неколку точки на колата. Ако не ги допри со удар - нема да се отворат.
Кај гледаш дека директно тебе ти се обратив? Мислам дека само си се пронајде во мислењето. А да бидеме искрени, најчесто гледаме како поминуваат на црвено. Ама да претицаш со брзина на пешачки ти е трипл прекршок, буквално три пати се заебуваш, можда и поише.
Ако е вклучена во одбраната смее да пишува овде вакви работи? Нели додека истрагата е во тек сите инволвирани директно или индиректно не смеат да кажуваат работи. Оваа овде си кажува работи кои ги нема на вести и кои се чувствителни. Не сум правник еве @JuLleE нека ми каже.
Па ова не знам што е тогаш И да, мора да земиш во предвид и дека другиот учесник може да не почитува правила. Прво и основно затоа што скоро никој не почитува, потоа затоа што некогаш е небитно кој е во право, кој не, како и во случајв всушност. И друго не знам каде прочита да напишав дека нема никаков прекршок.
Хипотетичка ситуација број 1. Возачот вози по правила и прописи, ама сака да ја премине колата пред него и со нормална брзина ја преминува. Во исто време преминуваат двајца пешаци, дечково, кочи пешаците поминуваат или можеби удрени со мали повреди. Вистинска ситуација. Возачот вози со преголема брзина, ја преминува колата пред него, ги удира пешаците, со што тие се здобиле со повреди, од кој едниот пешак се здобил со тешки телесни повреди и има смртен исход. Ако дечкото возеше со нормална брзина немаше да биде ваква ситуацијата сигурно. И на крај некој ќе каже повредите се од асфалтот.
Немаат сите коли перничиња или нефункционални се. Не се заобиколува пред пешачки, по 100ти ебен пат го кажавме ова. А пешачки од далеку се гледа, не го прајте ќор.