Изјава од сведок не е шпекулација. Шпекулација може да биде само ако е погрешно пренесена. Сите медиуми известија дека поминале на пешачки, само адвокатот кажа дека претечувале. Ама ќе видиме кој лаже, кој краде и кој има вошки.
Сочувство до фамилијата на починатата и повредениот. За жал и ова ќе биде "секое чудо за 3 дена", додека си го извади народот гневот поради немоќта и ќе се заборави. Само родителите на настраданите ќе ја носат вечно тагата во нив. А и совеста на дечкото ќе го гризе цел живот за тоа што го направил, независно колкава затворска казна ќе добие. А ќе добие, тоа е сигурно. Само прашање колку. Сакам да прашам, пошто никаде не наидов на таков податок... Дали има кочено претходно? Затоа што по тоа што гледам дека е 30 метри понапред колата, не верувам дека воопшто ги има видено и кочено. Веројатно му имаат влезено во blind spot, а потоа од колата што застанала не се гледале. А стубот е огромен на новите Цитроен Ц4-ки. И, за жал, при директен судир со 60-70 км на час, последиците се фатални, и не можат никако да се избегнат. Многу пати ми се случило овака да ме собере за малку кола, посебно кога на десна лента ми сопира возило, а тие во средна и лева шибаат со 200. При секое минење на булевар со 3 ленти, сопирам, и чекам тој од средна лента да ме види и поднамали/закочи па да продолжам да се движам. И не, не е колата скапа, ниту пак јака. Некаде е од 16-18к еур, и никој не ги купува во готово, туку ги земаат на рати, кредити, лизинг итн. итн. Поскапо е да купиш некое БМВ 10 години старо во кеш, него оваа овака. Но, не е ниту битна колата овде каква е. Каква и да била, во оваква ситуација последиците ќе биле фатални при таа брзина. Дури ако била постара може и дечкото фатално да настрадал бидејќи ќе излизгала кога ќе почнел да кочи. Новите имаат break assistant collision или како им се викаше системот кој знае многу да помогне. Дефинитивно културата на возење во Скопје е на многу ниско ниво. Би рекол секаде во Македонија, ама во Скопје поради широките булевари се вози многу брзо, а нема посебна сигнализација, ниту заштита за пешаците. Партизанска е булевар каде најбрзо возат и највеќе несреќи се случуваат. Тоа е...
Читајќи ве се повеќе сфаќам дека не ни е крива државата, народот е крив за се што се случува. Усмртување човек на пешачки, прекумерно возење градска и тоа на најпрометниот дел од градот и претицување кола пред пешачки некои го сменаат за нормална секојдневна грешка што на секого може да се случи. Епа не може. Живеам во Швајцарија и тука возење повеќе од 50 во населено место, не пропуштање пешак на пешачки и возење под дејство на алхохол се смета за големо психичко пореметување. Што и реално е, ама сите не можат да го сфатат тоа.
Прво, најголема грешка е што воопшто претекувал на пешачки а притоа веќе има застанато кола. Второ, според тоа што има смртен исход а и толку оштетена кола, брзината била над 50. Направил грешки, да. А за грешките треба да се одговара. Факт. Од друга страна и коментарите се брутални. Не знам како би реагирала ако се случи на мое дете, сестра, другарка, најверојатно и јас би била гневна. Ама ете, сите други кои не се директно засегнати како да претераа некако. Сите се совесни возачи кои никогаш не направиле никаква грешка, никаков прекршок. Не се нашле во ситуација во која донеле погрешна одлука. Не, сите се идеални, освен дечкото. Не, нема да кажам дека е убиец затоа што сум сигурна дека никој не сака да се случи таква трагедија и дека ќе ја носи на совест цел живот.
Во цела несреќа, среќа е што дечкото е преживеан и е најдолем сведок за тоа што како било. Дај Боже да се оправи побргу и ќе се дознае се.
Не му е лош адвокатот, а и не кажа нешто особено битно или изнесе некои круцијални докази. Мислам дека и притворот ќе падне на Апелација. Пак ќе кажам, емоционално се водиме во случајот, затоа и посакуваме најстрого да се осуди, да е во притвор итн. Реалноста е сосема друга. Казната исто. И не очекувајте адвокат на одбраната да не го брани обвинетиот. Чисто за информација, адвокат во кривична постапка е најскапо платен. Најдобрите адвокати се кривичарите, а и најплатените. Додека да стекнеш име и репутација во оваа сфера, треба работа.
Немој никогаш да се водиш според ова мислење дека ќе препознаеш од која причина стои кола пред пешачки! Веројатно и притворениов си имал некое "логично" објаснување за автомобилот што закочил пред него. Вакви таленти што паркираат пред пешачки ни се секојдневие, буквално. Секој божји ден пред пешачкиот без семафор има паркирано возило, додека мајмунот вади пари од банкомат или чека ред пред банка. И секој ден е нов мајмун, т. е. друга кола. Ни возилата во втората лента имаат прегледност на пешачкиот од таа страна бидејќи е блокиран видикот од паркираното возило, нити пешаците можат да видат возила на улицата, па мора со ѕиркање од позади паркираната кола да видат дали е чист патот за поминување. Затоа возилата со лазење минуваат (барем повеќето) бидејќи не се гледа дали пристапува некој пешак, зошто ќе го види откако ќе го прегази. И никому ништо, секој ден иста приказна, како да е тоа нешто најнормално. Битно ние да си завршиме работа, грижа и одговорност за другите - не постои. Казна - нема. Епа затоа само саможивноста ни остана, и таа ни се удира од глава.
Не те разбирам, какви рестрикции на струја? Колата пред него е кола, не е мравка да не ја види. Јас сум целосно за да има дечкото одбрана и сите факти да се земат во предвид. Само моментов ако сакаш да ми го доразјасниш со колава пред него. Да беше тој прв, и овие му улетале, ќе се дискутираше друго. Сега се дискутира зошто не застанал кога веќе имало застаната кола пред него. Крај краева претицување е кога двете коли возат, едната побавно па ја претицуваш. Кога е застаната, комон сенс е да се запрашаш зошто е застаната. Еве ако сакаш правно да ми го објасниш во два три збора, што вели одбраната за тоа дека го игнорирал застанувањето на другата кола. На сред бел ден ми се десило истово повеќе пати, затоа е гневот на луѓето. Еден ми застанува да поминам, другиов го претицува јас дури сум на сред улица, на 5 сантими од мене. Не можеше никој да ме убеди дека не ме виде или не ја виде колата застаната. Али овој линч кон детево треба да престане. Се надевам само ќе биде се спроведено законски, целата истрага, правда да има. Ама многу вознемирувачки работи прочитав, па за мене сите 3ца се деца. Дај Боже сила на сите 3 семејства, најмногу на родителите на Викторија и памет на сите како возиме по улици.
Од каде му е податокот дека децата претрчале преку улица? Според мене тоа е лажење. Или изнесување на рекла-казала муабети, што не му доликува на адвокат. Не реков дека изнесе којзнае какви докази, ама ова и не е толку наивно затоа што повеќе е напад (обвинување) на жртвите, а помалку одбрана. Особено без претходно да ја провери веродостојноста.
А вие уште верувате дека е во притвор дечково? Јас не верувам.. Добар театар за народни маси . И кога ќе подразмислам па и зашто да иде. Колкави криминалци со тапија беа во домашен притвор..
Со дечкото(обвинетиот) имало уште еден човек во кола, тој викнал брза помош за повредените.. Можеби он, како сведок, кажал дека претрчале.
Го однесоа во комбе со решетки внатре како најголем криминалец, татко му обичен човек, сигурно е во притвор.. Да е дете на овој оној немаше да оди во притвор, внук му на Груби, третиот обвинет во случајот со Саздо наместо во затвор, на слобода е(само за споредба)..
Па, да не не е така Нена? Не го оправдува никој дечкото, апсурдно е да се мисли дека некој тражи оправдание. Ама ако Судството постапи по барањата на јавноста дека треба цел живот да го мине зад решетки, тоа е уште поголем апсурд. Ајде ако не јавноста нека го суди, не мора да имаме закони и протоколи. Истата таа јавност која идентични барања има и до врховните чиновници (читај во заграда - кримоси), во нашата држава па, никој не (не) рецка. Ете, му се одзема возачката дозвола, му се отвори досие, казна затвор сигурно не му бега, и нема да е пониска од 4 години. Најтрагично од се` е што ништо од ова нема да ја врати Викторија, ниту пак ќе се покрене свесноста за внимание во сообраќајот. Жртви и понатаму ќе има, додека булеварот кај Сандаски, Партизанска и уште три до четири места во Скопје вечно ќе бидат улици на смртта.
Камерите ќе кажат дали претрчале или не и ќе се види дали се точни изјавите на тој до него. И брза помош сигурно имаат доказ од кој број од кој им е јавено. Некогаш сите претрчуваме и си викам ајде да не ме чека. Важно на вистинското место за премин да е. Дали со лазење или претрчување сеедно. Ова изјавата со претрчување е како да не е на пешачки. Адвокатот не знае како да одбрани па со вакви глупи оправдувања.
@Acronia исто мислиме. Нека го стаат во домашен бе. Кога поголеми кримоси се во домашни притвори. Факт е дека дечково е уништен и дека е крив..
Море море врти вера што сте сите А знам, на ваш чоек да му се деси ова дека нема вака да зборите Греота
Нека го осудат. Ако е навистина во таков стрес како што кажува адвокатов, поарно нека го однесат на психијатрија да лежи, да го опраат за да може да си ја издржи казната, оти вака може да си крене рака на себе. Тоа е моето размислување. А за влијание на сведоци, ако дошло до тоа околу него има многу луѓе кои би можеле да делуваат на сведоци. Не е дека он Capo di tutti cappi на некоја мафијашка банда.
Хм, он го застапува обвинетиот и ја пренесе всушност неговата изјава. Го слушав адвокатот, верувај не е глуп да издаде податоци од истрагата. Впрочем имало камери, и тие најверодстојно ќе докажат што се случувало. И да претрчувале, пак не го амнестира оти на пешачки се и он морал да намали за да има време да реагира. Он возел брзо. Факт. @nena2010 во притвор е. Според мене му се определи најстрога мерка, можеше домашен притвор. И мислам на Апелација ќе ја преиначат одлуката.