Млада си, нормално е да си гневна, емоционална, да бараш правда по секоја цена, но факт е и дека ја бараш на погрешен начин. Правда никогаш не се бара со вжарена глава. Особено не за вакви случаи кои не се во доменот на јавноста според кривичниот законик. Хипотетички да му се случи на некој твој близок пријател пак нема ништо да може да промениш. Боли, ама тоа е факт.
Па баш оти сме млади и сме гневни. Оти ни здосади секој ебан ден да слушаме црни хроники. Старите се помирени бидејќи ради нив се дешава се ова. Врски, власт и се тоа. Ради постарите сме до ова дереџе. Ни здосади секој ден да слушаме изгорени автобуси, живи луѓе изгорени, прегазени млади. Ова не е нормално што се дешава. И баш кај секој постар го гледам тоа „тоа е“. Извинете, ама не е тоа. Од ден на ден во поголеми мизерии живееме.
Секунди се потребни за да се случи најлошото и може да се случи на секој кој не размислува трезвено и сака да осети адреналин и да се курчи. Сега нема назад, дали момчето ќе има траума и грижа на совест, не знаеме, можеби ќе има, можеби не, бидејќи сите знаеме по некој пример кај што тој што убил некого вака во сообраќајна несреќа, одлежал минимална казна, или поминал само со условна, ама животот за таа личност продолжува ко ништо да не било. Знам дека не може да судиме, ама сите имаме по некој пример каде што вакви виновници поминале минимално казнети или само со условна казна, и во меѓувреме се женат, имаат деца и што не, јас знам два примери каде што во несреќни околности две различни лица си убија другари, и за кратко се тоа се заборави, остана само фактот дека тие помалку среќните ги јаде црната земја на безвреме.... Што се однесува до актуелниот случај, малото идиотче, водено од аздисот дека има нова кола, си дивеел на булевар, а пред него на семафори фино лепо застаната веќе кола, ама тој упорно возел брзо и се случи што се случи. И дај @Luciferka не го правдај дека немал прегледност ради рестрикциите со струјата какви црни рестрикции жено, кога убаво и од слики и од видеа се гледа дека има добра осветленост. И чудни ми сте вие на рака што се броите и велите дека не ве радува казната на Ѓорѓиев, бидејќи не било фер само анонимуси да плаќаат, а деца на големци да се извлекуваат, браво бе, ај ако не, штом нема сила при правдина, да одиме колективно да убиваме и да не важи ниеден мочан закон. Да, треба да важат закони и за проклетите големци, ама ете не важат ама и за тоа сме виновни ние и новинарите, бидејќи тогаш треба исто вака да се прави јавен линч и притисок, ама не, ние тогаш си дремиме и после друг ни е крив. Нека почива во мир девојката, си замина и таа на безвреме, кој знае која по ред била во низата...жалосно, прежалосно е за нејзината младост, за траумата на дечко и, за загубата на семејството, ама одговорност мора да се сноси, и за нејзиниот трагично завршен живот и за сите претходни. Иако го осудувам возачат, сепак малку жал ми падна кога го одведоа во марицата, си помислив, сепак е стрес, притисок од новинари и полиција, ама ако му е, нека биде за поука дека животот се состои во секунди кои можат многу да не чинат со непромисленоста, нека служи како поука за сите такви кои сакаат да се курчат.
Овој случај нема врска со социо - економската состојба во државата. Има врска со законот за сообраќајни прекршоци. Настанот доби медиумска покриеност и јавен интерес од две причини. Првата е бидејќи во него се инволвирани млади луѓе и втората затоа што се случи во пулсот на град Скопје. Десеттици други случаи, во кои секојдневно гинат постари граѓани поради слични ситуации не им се дава ниту половина внимание бидејќи не се случуваат на фреквентни места.
@нина122 Дали реферираш на тоа дека постои снимка од безбедносната камера? Ако да, дали може да споделиш да ја видиме?
Не бил мал за да лета со автомобилот, а сега мал е да ја сноси одговорноста, абе ми се гади од вакви случаи. Нека го брани кој сака и колку сака од нечистата совест никогаш нема да побегне. И секој што вози не побрзо од дозволеното него пребрзо е убиец да!
Да, сите малку постари генерации кои имаат студирано право и подоцна дошле во комуникација со Јанковиќ дали за пракса, дали за совет знаат колку е сестран и добар во струката.
Ај ако не нека го пуштат на слобода до судењето дека е дете. А тоа шо има возачка, вози кола и притоа предизвикал сообраќајна незгода со жртва? Сето тоа нека се занемари дека е дете. Интересно е, шо младите се поретко и поретко помислуваат на потенцијалните последици од впуштање во определена активност,еве пример возење кола. Откако ќе се случи несреќата, немилиот настан тогаш им текнува дека се однесувале непрописно. Осеќам дека ќе му се даде минимална казна оти е “дете”, нема претходни прекршоци и згора на се најде добар адвокат.
За тоа постои казна затвор. И треба да биде осуден, потполно се согласувам. Ама притворот што му е определен е малку дискутабилен, пошто нема законски основ за него.
Поголема е веројатноста младите да го променат светот затоа што се водат според емоции, него токму ваквите старински сфаќања водени според навика и индолентност. Мислам каква врска има старосната граница со желбата за правда?
Во ред така нека биде, не сум правно образован па затоа и се трудам да не рипам многу. Имам само уште едно нешто да кажам: ги чекам правните експерти на темава по судската одлука, да образложат зошто и како. За нештата да бидат појасни.