И сообраќај и судство и се е заминато во неповрат благодарение стариве, пак од некаде децата криви...
Романтизирате убиство. Не бил богаташ - и омекнавте сите. Ама он плачел и не можел да зборува од шок. Леле душа. Да беше рич кид, маме ќе му ебевте, ама дволични сте. Поназад прочитав гадости некои наводно од особа од сфера на правото и се потсетив зошто не започнав да студирам право, зашто имам срце и разум кој не сака да се прави блесав во ситуации во кои ќе се бара од тебе да бидеш блесав.
Мирно дете со таква мила, невина фаца сигурно 30 возел по булевар. Ама виши сили се навртеле против него и ги турнал ветер патниците накај колата со брзина од 80км на час. Возел непрописно и убил некој. Не е несреќа каде си возел по автопат, па му излетал пешак. Не обратил внимание и убил некој. Убиство од небрежност е. Правно како ќе се класифицира тоа не знам, ама факт е дека убил девојка поради неговата состојба на куроболие додека ја поминувал раскрсницата. И да, раскрсница поминувал. Не било ни само пешачки со семафор. Ако не ради пешаците, ради себе требало да пази и намали брзина. Некој паметен ко него да се нашол исто на раскрсницата во врата да го мавне, што ќе се случело? Не ми е жал ич за него дали му е уништен животот или не. Исто како што него не му било жал дали ќе усмрти некој или не додека поминувал ко шериф по најпрометно место на булеварот. Требало да мисли за последиците на време, сега му е касно.
ист случај.. И обата случаи со смртен исход ама млади се. Значи ја со моиве 20 можам покољ да напраам. Па уште боље бе кога не им мисли тоа тимбата, нека ја пројдат цела младост позади решетки. Саздо и Викторија младоста ќе ја пројдат во црна ладна земја, а овие?! Шо убаво на младоста и шо не гледам ќе се вадам. Утре правење ја три убиства и со кола ќе газам.И на суд ќе речам, абе млада сум и не гледам знаеш светлата со рестрикцииве.Ја неќев да ги убијам, погрешка беше Абе нека ми се изгонат и обвинителство и адвокати и судови Сите у пизду материну Затоа сањам навечер кошмари да не ги удри кола моиве, пошо знам дека некој копук вака ќе се вади и ќе треба ја да го лежам пошо со голи раце ќе го задавам. Ама ја нема да се вадам.Со ќејф ќе лежам. Млади биле мрш А човекон гладен за ЌЕБАПИ го осудија 3 години Ее моја гнасна земјо
Aх, да. Сакам светот да го гледам низ призма на розови очила. Баш новиве генерации што живеат на финансиите на мама и тато до 35 години ќе го променат светот. Инаку, не релативизирам околу случајов, не сакам да бидам цитирана во погрешен контекст. Дечкото треба да си ја одлежи казната одредено време дали домашно или затворски. Инаку, ситуацијава има врска со емоции и пристрасност. Младите луѓе повеќе размислуваат со чувства, тоа е генералното искуство на човек кој работи со колеги од секаква старосна граница неколку години во одреден сектор.
Ве изманипулираа дебело со лажна фаца,да види јавност дека не си фраер. На кој адвокат нема да му текне ова. Ви се чудам…
А бе обавезно. Крив е од авион се гледа и будала е да си седи дома и да види се десила сообраќајка не знам чие е детето, ама дај да се пикнам. Дајте видиете му ја клиентелата на адвокативе па после носете одлуки трезвено.
Ако немаш чувства, не си двигател на ништо. Ако вие старите, како што се идентификуваш, сте навикнати на ситуацијата на нашиот правосуден систем секогаш да пресудува во полза на сторителите на кривични дела, младите не сакаат да живеат во таков свет. Од некаде треба да се почне. Урко помина со условна, Зекиров од твое време, исто така. Ако бираш таков живот, повели. Јас бирам правда. Да не бевме ние младите понесени од чувства, гневно и ревносно да протестираме пред влада, како примерот со Нешковски, ништо немаше да се промени. И благодарение на новите генерации има доста големи промени во останатите сфери во општеството, а тие привилегии полека почнуваат да ги чувствуваат и оние постарите кои се научиле да живеат на шкрги.
Несреќен случај може да го кажеме оној случајот пред некое време кога возач на автопат навечер удрил и убил мечка. Оти на автопат нормално се вози брзо и не смееш наеднаш да се престојуваш, башка вечер било. Или памтам имаше случај каде дете што било на нива со родителите, се качило на тракторот, го упалило и кога почнал да се движи, детево паднало и тракторот за жал на место го уби. Мада и овде е вина на родителите до негде. Ова шо збориме е прекршување на најмалку две многу битни сообраќајни правила едно по друго. Не е дека му се фрлиле пред хауба од нигде никаде.
Или им е роднина или имаат многу пари, што не ми се верува за второто затоа што татко му ми личи на обичен човек, работник а изнајмување на ваков адвокат да те застапува кошта илјадници евра..
Пред колата на обвинетиот на пешачки, имало едно возило или колона возила? На телевизија рекоа колона, убаво слушнав неколку пати на различни телевизии.
Како и да е се надевам дека ќе си одслузи казна, ама во државава наша каде буши пара не буши бургија.
Не си запознаена очигледно како работат кај нас институции, адвокати и сл. Штом има некоја сообраќајка, посебно, па ако е со смртни последици, адвокатите нозе ќе скршат за да може да земат таков предмет. Секој адвокат си има доушник во полиција што им кажува кога има незгода. Не е ништо случајно. Големи пари се во игра. Дегутантно ми е да пишувам за тоа, ама кај семејството на жртвата, сигурно еден куп адвокати кружат за да го земат предметот, зашто само од трошоци од судска постапка која ќе трае сигурно со години, ќе земат илјадници евра. А плус она што ќе договорат, па процент од оштета.
Ajде и ти селективно почна да читаш сега. Ниту се идентификував како стара, ниту реков дека не треба да добие казна Ѓоргиев. За вториот дел од цитатот само ќе кажам дека ептен почна да мешаш случаи, да не речам лончиња. Со други зборови пишуваш ствари кои не се поврзани со случајов. Да бевме сите ние олку страствени за тие наведените што ги спомена ти - Урко, Мијалков, Смилковско езеро, нивните случаи немаа да бидат скриена фасцикла под тепих денес, туку ќе беа лично зад решетки, ама добро, suit yourself. Само совет другарски од мене ти е да не се крстиш многу во тоа "младината". По себични створења (мнозината од нив) нема...
Не и за адвокати од овој калибар. Овие се адвокати кои се фамилијарни адвокати и не дај боже да затреба се на повик. Тоа знам многу убаво.
Процент од оштета минимум 10 посто зимаат во внатрешноста. Скопје може иде и до 20 %. А овде ќе има солидна сум на оштета. Плус другите трошоци. Штетите се едни од најпрофитабилните случаи.