Ако се работи и за ваше дете, брат, сестра, секој ќе се обиде да го ангажира најдобриот адвокат во ваква ситуација, па макар да продаде се што има.
Дечкото не е уништен, туку се уништил. Многу сме ненавикнати да бидеме одговорни за нашите дела ако не ни се допаѓа исходот. Тогаш е секогаш виновна лоша среќа, карма, беља, судбина, семафори, пешаци што истручуваат. Ќе полежи во затвор и млад здрав и прав ќе си продолжи со животот.
Леле леле што се не прочитав. Рестрикција на струја? Претрчале на пешачки!!!! Кола застаната? Ударот не бил силен? Абе ќори сме при очи ли? Ај уште еднаш, што ќе се случи ако цел град снема струја и семафори не работат, газиме луѓе, урааа!! Види ти олеснителна околност, истрчале, на пешачки бе!!! Само што овој возел со 40 и не ги видел, оној шо застанал сигурно со 180 возел, или уше поубедливо, сигурно му ја земаа и наместија колата, па он воопшто и не удрил у нив, туку сигурно некој нервозен минувач со тупаница ја искршил. Дај бе следен пат кога ќе наоѓате вакви глупави изговори бидете пореални. Се извинувам, ама уште се смеам, рестрикции на струја бе!!!!
Жими очи слушнав. Така рекоа. И тоа на едните вести ко да слушнав, после на други реков внимателно да слушнам, колона рекоа.
Јас не знам кој вози било каде со 30, но добро, не знам како рекол. Ете пишува дека побарале снимки, значи ќе се види убаво на суд како било и тоа е тоа.
Зашто мешаш криминалци со тапија во овој случај? Има ли некој нормален кој не мисли за нив дека се криминалци? Ако размислуваш така, значи дека правила/закон/судство/казна воопшто не треба да постојат како концепт и сите треба да бидеме изземени од вина, затоа што криминалците се ослободуваат. Значи сите треба да станеме криминалци. Каква ви е таа логика.
Не изревитализирав јас, реториката беше на Грим, јас само се надоврзав на вториот дел од нејзиниот цитат. Прочитај ја целосно дискусијата.
Какви 30 или 40 од авион се гледа дека станува збор за удар со многу поголема брзина или дупла брзина.
Знам и јас го слушнав адвокатот. Пак ќе речам, многу невистини кажува како за адвокат. Дали му се од сведоци или не - не знам, ама нека провери прво пред да каже нешто.
Фино читам. Страста на јавноста нема врска со фактичката ситуација и следствено казната. И скриените фасцикли не се скриени поради незаинтересираност на јавноста.
Аман бре, тоа му е работа. Никогаш до сега не сте стапнале во судница, не ве бранел некој вас или некој ваш близок за да видите како вербално се манипулира со информациите? Па, неретко и со материјалните докази за жал. Toa им е професија на адвокатите, тие немаат врска со вистинитоста на починетото дело, туку имаат обврска да го бранат клиентот во постапката.
Адвокатот рече според него ( возачот) возел 40-45 но дека ќе се проверело. Никаде не е спомнато 30, преслушај убаво.
Ај ако сакаш те молам објасни ми, пошо гледам цело време се потенцира моментот на претрчување на жртвите... Дали е казниво ако пешак на пешачки претрча? Според кој закон? Дали некаде е наведено со колкава брзина пешакот треба да се движи на пешачки? За каква видливост збориме, кога обвинетиот направил низа прекршоци кои довеле до кривично дело? За какви олеснителни околности? Тоа што признал вина? Што се каел? Жити олеснителните околности!!! Ова сигурно многу ќе им помогне на семејствата на жртвите. Ама... ништо не ме чуди, знам какво ни е судството и за жал, бев во многу слична ситуација со член од најтесното семејство и долги години се влечевме по судови додека судиите и вештаците бараа „олесниетлни„ околности
Да се дообјаснам. Дали е јавноста заинтересирана за овој случај или не, не ги менува фактите врзани за настанот. Во смисла на тоа дека се случила несреќа со смртен исход во која возачот возел спротивно на прописи. Јас и ти никогаш да не сме чуле за Јордан и Викторија, фактографијата останува. И не, биди сигурна дека казната нема да биде поголема поради тоа што се пишува во медиумите. А ти ако сакаш статистика на црна хроника ќе читаш дневен билтен на мвр, медиумите поради просторот на располагање не можат само за црна хроника да известуваат, тоа никаде го нема.
Па ти одговорив, и да претрчувале, не го амнестира возачот кој бил должен да ја намали брзината. Не знам што сaкаш повеќе да ти објаснам. Јас ти зборувам за делото од правен аспект, нормално дека адвокатот ќе проба да најде начин да ја ублажи казната, тоа му е работа. И нормално, во секој случај има олеснителни околности кои се користат. Јас ова не го измислив, ова постои во правото. И не само кај нас, секаде.