Некои луѓе и нивните размислувања се толку контрадикторни, што се на граница да бидат и смешни и трагични. Прво, ај греота девојчето, да си ја добие заслужената казна возачот. Па после, абе од правен аспект треба да се гледа случајот, па на адвокатот му е работа да манипулира и да си го брани клиентот, нема тоа врска со реалниот деликт. И ако е адвокатот најдобриот адвокат и успее да ја изврти реалноста за да се ослободи виновникот или за да му се намали казната, тогаш ЗАШТО СЕ КУКА за малите и несоодветни казни? За што испишавме десетици страници барајќи СООДВЕТНА КАЗНА?
Супер, како тргнала работава на крајот ќе биде дека возачот не ни возел туку стоел во место, пред него друга кола немало,светилката над семафорот во тој момент не работела, а тоа не било пешачки премин!!! Тие двајцата неранимајковци ко што напиша еден преминале со трчање и брзина од 90 км на час и се удриле во неговата кола На крај не е лошо родителите на девојката да му се извинат на возачот за психичкиот стрес и траума и да му купат нова кола
Едно детенце преге чекаше на пешачки да дојде некој да му помогне да помине,мене ми побара помош и му помогнав бидејќи и овде каде што живеам возат многу лудо откако ја направија улицата. Трауми ке имат и децава после се ова што се случува,греота.
Адвокатот ќе бара казна согласно законските прописи. Значи законот тоа го дозволува. Јас навистина не знам што очекувате од адвокат на одбраната. Коментарите, конкретно моите се согласно моменталните законски прописи, и отприлика знам како би се одвивала постапката. Овие случаи се тешки за желудникот, ама се профитабилни. Адвокатот работи за пари. И секако борба е да се земе ваков случај. Тоа е реалноста, не битно дали вас ви се допаѓа или не. Никој не го брани, виновен е и треба да си одлежи.
Ништо од никого не очекувам. Според ова што го кажуваш, сите досегашни казни се во рамките на прописите, значи ние уствари немаме проблем ниту со закони ниту со правда. А за парите и професијата, ќе се воздржам.
Епа упорно зборуваме дека имаме проблеми со законите и судството ама додека не осетиме на себе само ќе си куцкаме по соц мрежи.Родителите ќе се влечат до старост по судови,а кога ќе се исцрпат емотивно и финансиски и они се откажуваат.
Ние имаме проблем со спроведување на законите и реализација на казните. Околу сообраќајните прописи, јас лично сметам дека треба да се поголеми. За професијата и парите, една од најпрестижните професии. Ама не може секој да ја работи, затоа и бираме што ќе работиме.
Жал ми е за згаснатиот живот. Ама по фб а и тука еден куп гнасни коментари изначитав за дечково.Ако испадне дека не возел над прописно?? зар ние пешаците не претрчуваме?! пензионериве сто пати ќе тргне-застане.Со точаци сегаде се пикаат.Не го бранам,ама можеби и целата вина не ќе е негова.Едно е овие шо се пуваат пијани издрогирани,се тркаат ...ама има и несреќни сообраќајки. Ми се гади што се изнесуваат детали од неговата интима.Биле разведени неговите..и,шо?! еба*те тоа малограѓаните у вукојебинава. До вчера сите беа експерти за вакцини,сега правници ќе судат. .... Греота за двајцата. Ама вакви случки го вадат најгнасното од нас ко народ.
Како целата вина не ќе е негова? Тој пред него што застанал за да поминат на пешачки луд бил? Девојката не претрчала на улица, прописно на пешачки одела, должен си да застанеш!!!
Што има престижно во тоа да манипулираш и за тоа да зимаш пари. Вие си знаете, секој си знае колку мирно спие ноќе.
Za ova mora da ima debeli kazni i moja koleska taka ja sogazija na pesacki premin zenata imase 60 god koga ja sogazija i mesec i pol se macese duri da ispuste dusa a so mene bese do posledno toj den zaedno se vrakavme od rab i ona prodolzi do bankata a jas nakaj doma i na vrakanje od bankata ja sogazija na pesacki premin
Зашто да не работиш извршител, одбивно ти е тоа што ќе ги пљачкаш луѓето со високи камати? Никој не ги терал да се задолжуваат, нека си мислат со време, а и ако тоа ти донесе убав живот, зашто да не.. Позитивната работа е што ќе бидеш една од ретките кој со мерак ќе си живее во својата држава и нема да сака да се отсели..
Се додека не се научите да ги гледате објективно работите ќе лупате без врска. Додека на форумов сите сте светици, примерни шофери, безгрешни, успешни во се, и све нај, еве има и обични смртници што едноставно некогаш грешат. За жал некој грешки се со катастрофални последици, ама пак ќе кажам дека на секој може да му се случи, и на најискусниот шофер, бидејќи цело време се фаќате за тоа требало да застане кога ја видел колата пред него, ама никако не разбирате дека тоа е буквално секунда во прашање. Поготово ако бил почетник возач, тогаш и не му се доволно брзо развиени рефлексите, башка од голема паника во моментот кога ја има видено девојката пред кола може наместо да притисне на кочница ја има зацапано гаста до крај. Вака е многу лесно да дробиме на форум и по коментари што и како требало да направи, ама во пракса не е секогаш така. И не, не го бранам, сакам да си добие казна, ама реално од една страна ми е жал за овој линч јавен што го доби детево, бидејќи да беше син на некој министер сите ќе ќутевте како пи*иња и устите ќе ви беа залепени.
Лудо возат тоа е. Еве сега пред некој саат со маж ми се враќавме дома и влегувавме со колата во дворот еден литаше со колата, колата прво отиде на горната страна па на долната страна се качи на тротоарот и за малку ќе се забиеше во нашата мрежа, ќе ни влезеше во дворот. Не знам како литаат на овој снегж без памет.
Да Не се задолжува секој за комар. Некој се задолжува од безизлезност. И не не можам некој да морам да го оставам на улица гол и бос.