Не, таман е колнењето ко баби на селска чешма не знам само како можете да посакувате лошо некому, без оглед кој е и што направил. Па уште и адвокатот кој само си ја работи својата работа. Патем, тоа беше пишано за коментарите на ФБ, ама изгледа си се пронајде меѓу нив
Коа ја згазија жената и нејзините мали деца ја гледаа легната три саати на асфалтот, народот беше по грции и бугарии. Не може сеа на плажа да се замараат да судат кој колку да лежи, мајка му каква е и таа шо умрела зашо умрела. Таман посла. Ми се приповраќа од што се причитав у темава...
Немам коментирано ништо на темава до сега. И според тебе кај треба да го однесат, во хотел со 5 ѕвезди? И имајте малце емпатија за девојчето. Девојчето нема никогаш повторно да си ги гушне своите, а на мангупот ако му дадат 3 години затвор, ќе испадне на 25, ќе има можност да го живее пак животот. Ама Викторија не.
И, што променија 50 страни испишани? Наместо тоа, зошто не се соберете 20-30 души од тука и не иницирате средба со Данела или некој од вашите градоначланици? Ете, како што дел од тука први трчаат да резервираат Нови Години, 8-мо мартовски забавави, одмори, дневни кафе шеми, ако толку ги засега ова што се случува по улиците, нека потегнат граѓански иницијативи, разговори во своите месни заедници. Да, кретенот ја уби девојката. Прежално, но анализирање на неговото фамилијарно стебло не ја решава ситуацијата. Многу плитки и тривијални муабети, ко три свекрви пред бунар. Кое е решението? Тоа треба да се прашуваме сите, а решението е граѓански активизам. Тоа менува работи на терен, тоа врши притисок врз институциите да превземат нешто и да излезат од својот бирократски комфор. Вака ништо не се менува, ќе си лае народ се до наредната несреќа и се така во круг. Се почнува и завршува од нас. Колку се врши реален притисок врз институциите, толку повеќе ќе има резултат. За почеток иницирајте средба со вашиот градоначалник или со некој од неговите претставници. Сликнете фотка, лоцирајте ги проблематичните места во сообраќајот и како истите да се решат. Поставете временска рамка кога истите да се решат. Споделете на фејсбук, организирајте група итн. Решенија постојат милион ако се има волја. Кај мене немаше сијалици на улица. Тотален мрак. Си се организираа дечките, пишаа на градоначалник, сликаа, објавија на социјални мрежи и за недела дена улицата целосно осветлена. Тоа се бара.
Во домашен притвор ко што налага законот и ко што кажаа правниците во темава, прочитај понапред, и емпатија не се искажува ако ги колнам децата на адвокатот и викам дека мајка му е ку*ва. Поздрав
Ја од сеа максимално шо можам ќе избегнувам раскрсници и главни улици, тоа заклучив, сегде кај шо може да се лета ќе избегнувам, и понастрана од коловозот веќе ако морам на главна. Ви го препорачувам и вас истото Кој сака да се спроведат реформи дајте доете во темана за Мито шо ја напраив.Дајте бе луѓе кое ви онакво глејте што се дешава. Ова нема да престане.
Таму кај што треба. Вратете се на решение, а не кај сум јас. Решение на проблемот. Озборување не помага.
Премногу фама се дигна околу случајов. Навистина, треба да се подигнува свеста за ссобраќајната култура многу ама тоа не е нешто ново. Колку само случаи имаме пред овој кој завршиле со исти или слични последици? Се сеќавате на тинејџерот од пред неколку години кој исто вака настрада? Не. Епа нема да се сеќавате ни на овој после некое време. Воспитајте си ги децата пред да биде доцна. Ова е резултат на некултура и несовесност. Возач сум и знам дека се случува да ти одбегне вниманието на момент но, ако се почитува брзината која е пропишана, гарантирам дека нема да има вакви катастрофални последици. Трули сме од внатре. Следен пат, пред да подмитувате за возачки, да го задоволувате детето со најскапи коли и да го отупите емоционално, прво научете ги на совесност и одговорност.
Никој не рече пофалби да се пишуваат, ама па веќе бре го распнавте детето, па каде ви е емпатијата и спрема него, згрешил и сега он ќе живее со таа грижа и траума до крајот на животот, а ние ќе лаеме како гладни кучиња пред месара, само ние за сеир и да се ситиме на туѓата несреќа. Да се дигаше волку фама и претходно, за претходните газења на луѓе ќе разберев и за овој случај, ама сега ја претеравте веќе. Ама заборавив, вие тука сте безгрешни. Наместо тоа да колнете некаде глејте си ја работата, или ако толку ви е дојдено преку таквото од вакви ситуации излезете на улица и протестирајте, а не си седите дома на топло, чекате да се деси нешто вакво и после се натпреварувате кој погаден коментар ќе пише, и појака клетва ќе мавне. Промени не се случуваат со куцање на тастатура.
Емпатија затоа шо прегазил девојка? Но, тенкс. Може со куцање нема да променам ништо, ама барем немам емпатија за некој што усмртил девојка.
Каква емпатија кон идиот што усмрти девојка,нечие дете? Дали ќе бараше емпатија за тој ако тој усмртеше некој твој близок?
Шо е битно кај е, што и да не штима дечките ќе средат, а он ќе им прави to do list. Може е некој проект менаџер.
Зошто би имала емпатија према него? Да поминувале вон пешачки, на црвено, да не погледнеле ни лево, ни десно, да имам емпатија. Едноставно не можел да изреагира навремено. Дали се читате воопшто што пишувате? За какво ситење на туѓа несреќа правиме муабет? Јас барам правда. И зошто овој случај крена толкава медиумска фама, знаеш? Затоа што ни е преку кур да не газат по пешачки, по тротоари, да усмртуваат, а притоа да нема никаква одговорност и таквото однесување само да се стимулира.
Види нормално е да сме гневни, бев и јас, ама после волкав линч што доби детево и целата негова фамилија, секакви гадни клетви и што уште не, тоа е неправедно и тоа е тоа што ме нервира, далеку од тоа дека јас делото му го правдам. Што и да пишуваме колку и да го вреѓаме девојката не се враќа веќе, да он и го одзел животот ама после таа несреќа он останува да живее со последиците од тоа што го сторил непромислено, со трауми, и најгадно извреѓан на секој можен начин. Пробјте ставете се во двете ситуации, јас сочувствувам и со болката на семејството на девојката, кажав веќе девојчето ми е генерација сум можела јас да бидам таа што лежи таму на среде улица, ама без разлика. Веќе нема назад, да може да се врати времето и дечково сигурно не би сакал ова да му се деси и да одземе нечиј живот.
Би имала емпатија кон газачов да било навистина несреќа. Не било "мало невнимание" да шиба на раскрсница со трепкави жолти светла. Тоа е свесно опасно возење. Законите и онака предвидуваат премали казни за ваквите ко него, па ајде уште повеќе да ги намалиме ако можеме. Да, на адвокатот негов тоа му е работа, за тоа зема пари. Тоа е јасно и не ме шокираат или разгневуваат неговите небулози изјавени. Мислам...тоа е очекувано, тоа му е работа. Не сфаќам зошто надвор од судницата има вакви релативизирања за усмртување на девојчето. Скоро сите тука сепак пишуваме од морална гледна точка, пошто не сме адвокати од угледни фамилии. Поголема казна од законски предвидената сигурно нема да добие. Гневот и притисокот од јавноста е да не помине лесно ко сите претходни случаи. Ама веројатноста е дека ќе го осудат на 2-3 год. од кои ќе одлежи пола година и ќе е пуштен на слобода. Ќе живеел со грижа на совест. Епа таман работа да не живее со грижа на совест. Не мавнал контејнер, одземал живот на некој. Се надевам дека ќе го мачи цел живот таа помисла. Пошто освен тоа, лагоден ќе му е животот, ич да не му се секирате.
Чесно си ја одработи @RainBow работата, нема што. Уште не разбравме кои се колначите и дали се вистински или плод на нечија фантазија или нешто трето.