Не волкава фама се дигна, затоа што Јордан не е син на министер, премиер или татко му не е некое мафијашиште, затоа по послабите се плука толку. Да беше син на некој познат "босс" од нашава држава (кажав и претходно) ќе ќутевте како пи*иња и само сочувство ќе изразувавте.
Епа требало да мисли за да не се деси болдираново а дали сакал или неќел исто требало да мисли и да ЗАСТАНЕ дај шо ви е бе луѓе, вака никад нема да смениме ништо
Прегазена е на ПЕШАЧКИ! ЖИВОТОТ И ЗАВРШИЛ ЗА СЕКУНДА! Што сакаш во темата да прочиташ? Абе.. Се дешаваат грешки, ете, згрешил. Ај сега, оти е млад, ќе му прогледаме низ прсти, и за 5 години пак истото да го направи, оти немаме закони во државата.
Ти во таа ситуација што би направила? Или уште поубаво што си направила ти во случаите кога синови на министри газеле луѓе? Протестираше? Пишуваше на анонимен форум? Или ќутеше и ти? Не ги споредувај воопшто двете ситуации затоа што борбата со криминалците е борба со ветерници. Ние како граѓани не можеме да победиме во таа борба. За нив не важат истите закони како за нас. Тоа е јасно. Ама не може тоа да биде единствениот изговор.
Ниту знаев кој е, ниту пак ме интересира. Не си прави претпоставки. Што има врска чив син е? Да не се плашам мислење да пишам, кога често плукам по влада и опозиција, каде и да стигнам.
Еј доста, и на Фб глеам ,,затоа шо не е син на овој на оној" И вие праите селективна правда вака, а после се жалите за истата.Хипокрити. Треба да се смени се` од корен. И се дигна фама као шо кажа *не знам која членка беше веќе полудев Пошо ни` е преку кур да умираат млади луѓе.И онака сме малце у државава, па и тие шо останавме да гинеме како свинчиња пред Божиќ ај доста. Ич не сме сложни, глејте брачата колку се сложни и као го тераат своето, една позитивна карактеристика кај нив- СЛОЖНОСТ. Ние меѓусебе си копаме очи и после се чудиме зашо не` дупат сите.Сами сме си криви шо не би е јасно. Глејте за какви работи се расправаме..затоа после не` заебаваат сите и има и мито и корупција. Викам ја треба Хитлер да стане и да ни` ебе матер. Или масивен брејн ваш.
Девојката да беше Албанка,сите Албанци ќе беа на нозе. А,Македончето на форум бара емпатија за убиец. Знам дека судот нема да го класифицира делото како убиство,ама типот одзел живот и ради тоа е убиец.
Баш. Да беше син на некој немаше ни да се знае да случкава не па да се дига ваква фама. Кажав и погоре, еден тон вакви случаи има особено во Скопје, дел ставени под тепих, дел јавно објавени. Моментот е тоа што ништо ново не се случува, се си тече по старо а ние си куцкаме тука место да земеме да се чукнеме по тоа главите.
Аха, видовме за несреќата во Бугарија.. Живи изгореа 50ина Албанци, кај беа алабниците да протестираат? Они се сложни само кога треба да бранат криминалци, за се останато се пасивни гледачи.
Многу се оди во крајности и ова ги поминува сите граници на толерантното. Убиство е убиство. Тој не ја усмртил само девојката, туку и целото нејзино семејство. После ова тие се само духови и за нив животот завршил. Испратиле живо, здраво, право девојче на шопинг, а ја вратиле во ковчег. Апсолутно нема оправдување. Зошто е ова убиство? Затоа што тој бил должен да ги почитува законите и прописите за возење. Не ги почитувал. Крај на приказната. Треба да си одговара според уставот и законите на оваа земја. Проблем настанува ако случајот почне да се релативизира и става во фиока. Тука е проблемот, но треба да се почека. Што исто така многу ми смета. Одење во крајности. Да се убиело детето, клетви кон целото негово семејство, те ова, те она итн... Забораваме еден факт. Дете не посакувал да ја убие, ниту ја силувал, ниту ја тепал, ниту малтретирал. Тоа не ја намалува неговата вина, но тоа не го ни прави лош човек. Можеби е душа од човек, можеби приватно е другарчина, се е можеби. Никој не знае како му е нему сега на душата и дека нема за некој период да си го одземе животот. Не е ни првпат, ни последен. Психа е заебана работа. Треба да оставиме судот и полицијата да си ја вршат работата, ако има неправилности да се реагира. Не е наше да судиме кој и каков човек е. Не сме ние некоја нација за пример. Да не се лажеме. Ги има илјадници и илјадници како него несовесни возачи, само имале среќа и не згазиле некого. Тие Драгици на социјалните мрежи што највеќе колнат истите дома, повеќето, чуваат слични ко нему.
Кој од нас рече да се убиел Ај не претерувајте. На фб тоа може.Таму и колнеа и сѐ Ние рековме дека е убиец и дека местото му е во затвор Ништо повеќе Не мешај сеа баби и жаби
Во затвор да, ама затвор за рехабилитација, нешто како Шутка, ќе може да размисли што направил, таму се лежи за поблаги казни.. Во Идризово ако го пратат, 1 година да е таму, душевно ќе се поремети(и ние имаме осет, сепак е човек), ама не верувам, со толку јак адвокат, не верувам во Идризово да отиде...
нормално дека нема така да го класифицира. сообраќајна незгода со смртни последици и убиство со умисла не е исто. Не бранам никого, ама дека излегол да згази човек-не излегол. И пред да речете можеше твое дете да е-точно, моеше и мое да е. И на улица, и во колата.
Па зависи, ако има преоптовареност во Шутка во затворот во даден момент, можат да го пратат во Идризово и за помала казна и обратно, не мора да значи дека ако има помала казна, баш во Шутка ќе лежи, ама Идризово е хорор.
Шутка е за извршување на казна затвор за прекршочни дела до 3 год. И кривични дела до 6 месеци. Над 3 год.прекршочно и над 6 месеца кривично е во Идризово.
Грешка, олкава фама се дигна оти баш се мислеше дека е син на некој големец. На народот преку глава од тоа му дојде. Нели прво името на девојката излезе, па после дури на убиецот. И дека сите чекаа за негови информации се мислеше дека кријат оти е некој од "битните". На крај кога се докажа дека не е одма почнаа да излегуваат такви што бараат емпатија за кутрото дете што му се згрешило во секундата. () Не, не може на секој да му се случи да усмрти човек што поминува на пешачки, а притоа друга кола има застанато за да поминат. Џабе се обидувате да му намалите кривица на убиецот. Треба да си ненормален да возиш со толкава брзина и тоа на пешачки да претицуваш. Па уште пешаците му се фрлиле пред кола бе. Дури и да ти се "фрли" некој ако возиш прописно ќе закочиш и worst case scenario ќе му скршиш нешто, нема да го фрлиш неколку метри и да го усмртиш.
И Шутка и сите затвори во Македонија се ,,КПД” - казнено поправен дом. Само не се враќаат сите поправени хахахај Имаше збор во правото на р, да ме убиеш не ми текнува.Кога лицето после затвор се враќа на истите дела.. Така да