Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Епа тогаш не пишувајте глупости со на секого може да му се деси.
    Може да му се деси во случај да е црвено за пешаци, да поминува вон пешачка зона, да претрчува како вол преку бетонските блокови.
    Кога ништо од тоа не е направено, најдобро е да молчите, наместо емпатија да ширите према дечкото.
     
    На Idedemja, Harper, prashinka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Батали, остај. Не вреди, џабе е.
    Кулирај.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Можеш слободно да игнорираш тоа што не сакаш да прочиташ девојче.
    Смири страсти малце.
     
    На Snowflake97 и BlackNight им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Каква улога игра факторот среќа во тоа што си возела споро ако сакаш молимте да ми објасниш? Пошто ако сама си дадеш одговор на тоа прашање, ќе биде јасно зошто сообраќајка со смртен исход не се случува туку така и не може да му се случи секому. Ако возам со прилагодена брзина, по пропис, со почитување на сите знаци и услови на патот, дури и некого да удрам, мали се шансите тој да одлета во свемирот и да се слепи на асфалтот.
    Намерно не можам никого да убијам со кола, ама можам намерно да возам брзо, да не мислам на знаци, на другите учесници во сообрќајот и со тоа, со индиректна намера, некого да усмртам.
     
    На Waverly Raven, Harper, prashinka и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Абе не било зелено за шоферов, па при тргање од семафор да му изрипале.
    Семафорот трепкал жолто. Постои правило како се минува на крстосница во таква ситуација.

    Јас мислам дека ова се случило на предниот пешачки, не каде што се застаната колата, бидејќи рекоа дека буквално ја одбацил неколку метри.
    Не видов ни траги од кочење, што значи дури таму успеал да застане.
    Друга кола била застаната, од каде знаеш што се случува на улица? Сомнително застаната кола, семафори не работат, мене прво што ќе ми падне на памет е дека веќе се случило нешто, а не да ми текне да претицам, на пешачки!!!

    Во меѓувреме, ми излезе линк, дека само по 3 дена шофер удрил во малолетни(мислам така беше) и избегал.
    Уште ќе бараме олеснителни околности?
     
    На Harper, ilenaki, prashinka и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Форумот фемина ќе го реши случајот.
    Што вештаци, што крим техника, што сообраќајно право? :D
     
    На MarijaMi90, prashinka, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Ако беше врнето или подмрзнато, и те како ќе ја удрев иако возев споро. Јас бев на метар од пешачкиот кога на неа и текна НАГЛО да се сврти БЕЗ да погледне дали има кола која е преблиску и може да ја собере.
    Пак ќе кажам по стоти пат. Примеров го дадов НЕ ЗА ДА ГО БРАНАМ, туку за свесност дека се може да се случи.
     
    На prashinka, Snowflake97, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Сега Данела е крива?
    Ме заебаваш нешто или...
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    23.748
    Пол:
    Женски
    Не нема иста одговорност, постојат правила во сообраќајот кога семафор не работи, а една од напомените е да се има особена претпазливост.
     
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Не, Цацко е крив.
    Кој е одговорен за крвотокот во град Скопје, улиците, семафорите, знаците, редот, мирот?
    Кој понесува одговорност ако има недоследност?
    Или тоа се луѓе само за да седат и лапаат пари секој месец без апсолутно никаков ангажман.
    Ти дали ме заебаваш со прашањево.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Офф топик ...Од овие случаи што намерно се џиткаат пред коли за да бараат оштета искрено памет немам...толку се ушемани и испраксирани да не се повредат, а сепак да бидат жртви тоа е чудо, едно време вриеше градот од вакви.
     
    На Snowflake97 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Офф топик.
    Може и не сакаше да се џитне.
    Може и беше замаена.
    Може и замислена.
    Може и нешо ја мачело у моментот.
    Се може!
    Дека од ум ме извади-ме извади.
    Јас ќе знаев дека не бев крива, ама оди докажи. Ќе ме распнеа ко да сум крива.
    Како стареам така се повеќе анксот ми е на најјако коа возам.
     
    На MarijaMi90, prashinka, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Ќе си ја удрела, да, со смртни последици, ќе леташе жената неколку метри? Те молам да не читаш селективно и ако сакаш да ми одговориш на прашањето, фактор среќа каква улога игра во твоето споро возење? Затоа што знаеме за многу случаи во Скопје особено кога неандерталци претрчуваат улици и тогаш коментарите не се никогаш на старната на пешакот, туку "шо му напраи на човекот мора да те лежи сега", буквално никој не сочувствува со настраданиот и за тие случаи викаме леле беља.
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    90.773
    Пол:
    Женски
    (Не сум возач.)
    Зошто на најфреквентна улица да трепка жолто?
    Зошто семафорот да не работи кога има фреквенција на луѓе?
    Дали ако семафорот работеше,дечково би успорил и застанал на црвено, а девојчето ќе беше живо?
     
    На Need for Speed, crimson, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    НЕМАШЕ да лета.
    Од таа брзина, не.
    И уште еднаш ама стварно за последен пат ќе кажам зошто ако од прва или евентуално од втора не ви влезе во глава, од стота па ич.
    Никој не го одбрани типот што ја удри Викторија.

    Фактор среќа пишав погоре, ама кој да чита нели.
    Еве пак со големи букви.
    ДА БЕШЕ ВЛАЖНО ИЛИ ПОДМРЗНАТО БЕЗ РАЗЛИКА ШТО ВОЗЕВ СПОРО ЌЕ ЈА УДРЕВ.
     
    На prashinka, Snowflake97, Camille84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Па жртва го направија баш оние што бараа да се носи дирекно на бесилка, што му извадија приватни работи за мајка му, демек проститутка за пари, оние што сметаа дека треба јавно да се каменува дечково за да се задоволи некоја правда.
    Дечково треба да одговара и да биде осуден, пошто очигледно е, а и ќе се докаже во текот на постапката дека е виновен. И треба да биде казнет соодветно, не како досега што ги казнуваа.
    И не скокајте дека не може да му се деси секому, не знаете какви се ситуации има. Татко и син во шума сечат дрва, таткото ја сече тополата, таа паѓа и го убива синот на лице место. Сакал татково да си го убие синот. Секакви ситуации има. Затоа постојат судења, и таму се ценат сите околности. Кај нас проблемот е што ние немаме доберба во правосудниот систем, пошто досега многу се провлекле со минимални казни или без казна. И жално е што, ако дечково има врски, ќе пројде минимално, ама ако нема ќе си изеде казна и за сите претходно.
    А од она што досега го гледаме, не избегал од лице место, признал вина, во притвор е. Повеќе од тоа не може. Едино да земе да се самозапали. Нормално и логично е да има адвокат што ќе го брани и тоа е тоа. Сега само останува да има објективно и непристрасно судење и да си ја добие заслужената казна.
     
    На Harper, friendy, MarijaMi90 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.909
    Допаѓања:
    23.771
    Пак ќе кажам, и доктор што направил лекарска грешка немал намера да го убие пациентот.
    Дали имате емпатија вака и за нив зашто "на секој може да му се случи"?
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.313
    Допаѓања:
    259.509
    Косми затоа уште на почеток алудирав дека државата, системот имаат голема улога во несреќите. Оти тој сообраќајен хаос треба некој да го регулира, контролира и обезбедува.
    Партизанска е проблем, оддамна. И досега нема никакво решение, а жртви има многу често.
    Општо, во Скопје, па и Македонија проблем е сообраќајот и воопшто не е безбедно, ниту за пешаците, ниту за возачите.
     
    На MarijaMi90, Cosmi и BloodElf им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Ако докторот пет секунди пред да ја исече главната артерија на пациентот почнува да добива знаци на срцев удар кој успева на крај да го преживее е исто како доктор кој влегол пијан у Гевгелија да пораѓа жена?
    затоа постои суд.
    и затоа ќе се суди.
     
    На Konfetka, Snowflake97, Srckata28 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Селективно читаш, ама ако, јас сум трпелива. Не реков никаде дека го браниш возчот, посочи каде ако си прочитала од мене некаде такво нешто.
    Ако кај тебе факторот среќа одлучува за тоа дали ќе возиш брзо или споро, тогаш убаво размисли за тоа каков возач си.
    Да било влажно, а ти си возела споро, ќе си ја удрела жената но мали ќе биле шансите да има смртни последици. Во Скопје ако отвориш билтен на мвр има десетици сообраќајки дневно, не се сите со жртви, и не, не е тоа поради факторот среќа.
    Исто како што убиство во самоодбрана е сепак убиство и има предвидено казна, така хипотетички, и во твојот случај. Ќе си ја удрела, ќе се утврделе сите околности и на двете соодветни казни на секоја според грешките.
     
    На prashinka и LiliBoz им се допаѓа ова.