Тука ако не пишеш да цркне детето,мајка му е к.рва,да се запали цела фамилија,значи дека го браниш дечкото.Неколку страни поназад една членка не прати сите на психијатрија. Ај уживај си во денот без нет
Ајде подобро да дефинираме. На секого може да му се деси, што нема познавање од правилата за сообраќај. Во таа дадена ситуација, нема оправдување за постапката. Не споредувај други случки за да го омекнеш моментот на секого може да му се случи. Кога влегуваш во кола и очи и чакри треба да ти се отворени, затоа што не возиш на полигон туку во градско подрачје со куп непредвидливи ситуации. И затоа како родител треба да бидеш малку посвесен и да не му купуваш таква кола, ако не знае да раководи со истата.
Па тоа збориме цело време, жолто и пешачки ти е исто ко да е црвено за тебе. Буквално нема разлика, ако има пешак на самиот тротоар дури, МОРАШ да му застанеш исто како да ти е црвено. Ние може сега да релативизираме во смисла еее абе кој застанува, така треба да возам 30, ама зошто семафор не работел, ама штетата е направена и правилата се тие. Семафор со трепкачко жолто е исто како да не постои семафор, и во тој случај важат правилата за предност, како на пешаци, така и на автомобили.
@LiliBoz во услови на влажен или подмрзнат коловоз не се вози со иста брзина како по сув. Особено летно време кога асфатлтот е многу загреан и нагло оладен од дожд. Тогаш е екстремно лизгав. На влажен или подмрзнат коловоз се лази такаречено. И да си ја удрела жената ќе било минимално. Има пропишана брзина и за такви услови. Несреќи се случуваат од различни размери. Оваа е од поголемите и нема оправдување за постапката на возачот во случајов. Тоа што семафорите не работеле се дополнителна одговорност, а не олеснителна околност за возачот.
Поентата беше - крив е, ама се прават грешки од небрежност. Грешки за кои одредува судот казна, не јавноста. Јавноста (ние) треба да протестираме со намера да ја покренеме свесноста во сообраќајот за да не се случуваат во иднина вакви работи. И да не се дава возачка на секоја будала што првично сите го напишавме кога се случи прегазувањето.
Кога ќе се случи сообраќајка заради преголема брзина, возачот не може да се вади на невнимание, оти свесно решил да не почитува сообраќајни прописи и да вози брзо.
Грешки од небрежност се прават, ама поприлично сум сигурна дека со брзина од 40 не можеш на лице место да усмртиш некој, уште помалце да имаш таква штета на колата како таа на сликите. Да, точно, секому може да му се деси грешка, ама тоа никако не намалува одговорност никому. Пак си усмртил човек, пак било твоја грешка. Едит: Пишувате животот му бил уништен. Каков и да е тој негов живот, со грижа на совест, со затвор и не знам што, он пак ја има таа привилегија да живее, за разлика од девојката. И животот не му е уништен од Рајко, Петко, животот сам си го уништил.
Епа пишуваа дека ја погребале во петокот а погребот бил во саботата. Пишуваат што сакаат а наше е да веруваме или не. Затоа не треба да судеме на никого пред време.
Претпоставував. Некогаш (не)искуството е пресудно за голем број на грешки кои можат и фатално да завршат. Мислам дека немаше алхохол во крвта типов, претпоставувам лоша и почетничка проценка. Видел жолто, може си рекол да дадам гас додека не ме фати црвено, видел застаната кола си рекол што стои колава тука(читам македонија паркираат пред пешачки), да ја заобиколам, Погледнал накај тротоарот дали има пешаци бе да размисли дека се веќе во слепиот агол или пред колата итн. Не е изговор или оправдување, туку баш почетничка грешка која е фатална и ќе си ја плаќа цел живот.
Јас мислам дека баш поради тоа неискуство на ништо од ова не помислил. Видел жолто трепка, слободна лента пред него, он на булевар - главна улица, демек имам предност... И на ништо друго не помислил. Ни за пешачки, ни за пешаци, ни за колите и нивната брзина околу него, ни за опасност...за ништо.
Пешачки премин,застаната кола и семафори со жолто трепкачко светло.Возилото на типот е прелом за таа брзина што ја рекол. Типот не ја намалил брзината и не застанал.Не почитувал сообраќајни правила. Едно лице усмртил,а друго повредил. А,жал ви е за него и се обидувате да го оправдате.Викате дека не го правите тоа,ама коментарите на тоа ви личат. И,не. Не може да му се случи на секој.Не може да му се случи на совесен и внимателен возач!