Пешаците, од каде на каде се движеа, од зад застаната кола или спротивно, кон застаната кола? Веројатно кон, штом она е последна и штом момчето е живо? Значи возачот има јасна слика пред него, ги гледа и не кочи? Вози брзо и нема време да реагира?
Возел 'фраерот' и повеќе од 50, тоа е неспорно. Само проблемот во вакви ситуации е што кога се прави премногу притисок од страна на јавноста, често се изрекува непрофсионална казна од Судството. Не е поентата дечкото да се искористи како топовско месо. Да, крив е сам, никој тоа не го спори. Затоа му се отвори досие, одзема возачка и сигурно ќе добие казна. Ама овде како се тргна со навреди, пцовки, злоба, необјективност при случај кој сеуште нема изнесено доказни материјали испадна многу лошо за читање. И да, на крајот од денот вака гласни да бевме за Врхушките од двете поранешно владеачки структури можеби далеку ќе стасавме. ...Вака сами си даваме граѓански автогол, бивајќи гласни за едни случаи повеќе додека за други помалку. Ама вие си знаете.
Ве молам само немојте да лажете ако не сте биле присутни директно на местото на настанот. Ако сте биле слободно споделете, убаво е да се имаат на увид двете страни од приказната. Јуле ти постави добри прашања, верувам сите ние би сакале да чуеме одговор. И да, сдп што се случи со снимката од безбедносната камера, може да се види истата? Вчера Нина спомна за истата нешто, но не ја постави.
Еве како реагира оваа кола ако се вози со 40-50 на саат, и ако удри пешак во неа. Овој има шибано бааги https://twitter.com/aleks_photo/status/1484890495771942922?t=bd3gETa2g8s6OpiiGvdx5w&s=19
И нема да се постави, тоа е за мвр не е за по соц мрежи. Уште тоа да излезе и да гледаат родителите и блиските. Забегувате малку. Не е ова Северина сними ново видео па да го гледаме. Осет малку.
Ма катастрофа е. На ништо не се внимава ниту па совест се има. Се вози со телефон во рака( зборување или пострашно допишување), многу возачи не ни знаат дека постои жмигавец или како правилно се користи. Даваат на една страна вртат на др. Има за жал еден куп примери како и што не треба да се прави
Ај препрочитај, убаво е објаснето што се случи. Не сакам да помислам дека не можеш да сфатиш нешто толку добро објаснето.
А можеби ни ти не разбираш што зборувам? На жената, замисли си, и текнало да се сврти за да помине на пешачки, додека ти си била близу, така? Ги знаеш основните правила за сообраќај, верувам? Те учеле кога полагаше? Едно од основните е дека кога се доближуваш до пешачки треба да ја прилагодиш брзината за во случај како твојот да можеш да реагираш правилно Simple as that Не знам каква вина има жената во случајов? И тоа што се обидуваат да ти кажат е дека нема среќан околност во случајов оти си возела 40, туку тоа е нормална брзина за градско подрачје
Мојата брзина беше таман. Госпожата треба да застане пред да пушти нога на пешачки, а не ко мува без глава од тротоар директ на улица. Ти така поминуваш на пешачки? Уопште не застануваш? Ако има кола која веќе е на пешачки врз неа се качуваш?
Зошто бе да застане? Има правило кое вика така? Ти како возач треба да подзастанеш кога поминуваш на пешачки, особено ако гледаш дека има пешаци на тротоарот, не она. Што ви е?!!!
ана, сакаш да кажеш ако видам човек што си оди по патот треба да закочам за случајно да не му текне да ми скокне
Во прво одделение се учи! И пешаци и автомобили се дел од сообраќајот на улица и подеднакво треба да се однесуваат одговорно!
Во најмала рака треба да бидеш претпазлива, особено ако се доближуваш до пешачки. Ама... сигурно си ги заборавила правилава, пошо ова се учи на почеток. Секој добар инструктор ќе ти го каже истото. Ти како возач имаш оружје со кое можеш да убиеш (како во случајов со дечково и девојката) и треба како возач да бидеш многу попретпазлива од пешаците. Пешаците се ранлива категорија во сообраќајот, не е обратно.
Не ми кажувајте прво / второ одделение... Прашав дали има закон кој го вели истото? Јас колку што знам, нема.. Така што... Одете на запад и однесувајте се како тука да ве видам! Ќе ви земат трајно возачка!!!
Па, и снимката/фотографиите за Јелена од Куманово не беа за јавност, но сепак беа подоцна презентирани во емисијата КОД. Нина рече дека ја видела снимката (значи е јавна). Јас само побарав ако е јавна да ја видиме сите.
Да не ги знам правилата таа ѕ мај помен ќе и вадеа. А ти размисли убаво што погоре кажа зошто навистина не те знам како некој што вака размислува. Жената не стоеше на тротоар да чека. Жената се движеше (јас се движам во иста насока со неа) и нагло се симнува од тротоар. Значи јас да бев навлезена, ќе ми седнеше на хауба. Дали појасно ме разбра сеа? Се повеќе мислам дека само без врска зборите колку да се најдете у муабет. Ниту читате не пак да разберете. Само прстот да се впери во друг, да се рече не знаеш, не си во право, ти си крива... ама уствари многу добро знаеме тоа од каде потекнува. Ајт