Kolku sakate moze da davate primeri, i jas sum vozac, samo edno kje kazam a foa se 3 fakti : 1. Preteknuval svesno so polna gas na pesacki. 2. Koga trepka zolto ne znaci "daj gas majstore" tuki " vnimanie". 3. Pesacite imale prednost. Kraj. Edno e da vozis nornalno i da ti istrca ludak na sred partizanska. Uste edno mi e sumnjivo: kako bre oreku nokj isceznaa od site soc mrezi. Majka, tatko, on..
девојчето кое почина на 18 год јер дечкото на другарка и возел пијан/дрогиран. паднаа у канал само таа почина.
Ааа татко и што сакајки да се свети најми убиец и сега јадниот е во затвор. @Acronia едно е реконструкција друго е снимка од сообраќајна да објавуваш.. Дајте малку осет нема ни 48 саата како е починато девојчето. Вчера ја погребаа.
Да бе ајде, ќе стојам на тротоар и кога ќе наиде кола ќе истрчам пред неа, па после таа ќе е крива? Прво се гледа лево десно, па се поминува пешачки. И да има, и да нема таков закон, тоа е така. Не знам вие како поминувате, без да погледнете дали наидува кола? И пешаците се исто криви, колку и возачите. Толку. (општо зборувам, не конкретно за овај случај, да не бидам погрешно сфатена)
Буревесник пишува дека му е сместено, дека девојката е убиена намерно. Се работело за доста богати семејства.
Знаеш, ни тој случај не се расветли како што треба. Убиецот доби условно или е на слобода, како беше?
Од каде знаеш ти кој каде е? Ајј да те видам ти така врви си на пешачки без да се уклучи црвено светло за пешаци "на запад" па да видиме што ќе биди.
Остај. А типот коа излегол на викенд од затвор отишол со другари и го копале гробот. Наводно барале злато. Ова е најјезивиот случај после Мартин Н.
Тој па тој не ми го спомнувај. Мајка му на дечково ја постави (ако е таа) на тапет, па и пораката како му кажуваат. Море мрш. Не го правдам дечково, нека го казнат како што следува ама да не си и во кожа на мајка му и сестра му. Се развела се премажила јака работа. Ми се згади како ја напаѓаат женава па уште и карма било ова што го оставила татково и се премажила за богат.
Јас ќе додадам дека лично имам фобија од големи улици!!! Никогаш не се случило да поминам улица а да не е на пешачки, меѓу мнозина други луѓе. И никогаш не се случило да не погледнам лево - десно и да чекам СИТЕ автомобили да поминат за јас да поминам. Еве материјал до вас, злоупотребете го утре ова против мене кога ме навредувате, плукате, мразите, исмевате, баш ми е гајле.
За Јелена се маткаат многу работи.И јас не верувам дека татко и сакал да најми убијци,него полесно ќе им биде ако он е во затвор.Тука играат големи пари и имиња.Требаше да се носи телото на обдукција во странство,и за да ги спречат го откопаа гробот.На нејзиниот татко му пратиле слики во затвор од откопаниот гроб,черепот и го оставиле на гроб.Зарем нема нешто поболно за еден родител. Ни мртва раат не ја оставаат.
Не си единствена. Чекам да биде празно, па со најголема брзина поминувам. Хорор. Пред малку бев бензин да полнам и требаше да поминам баш од таа раскрсница не можев. Вртев по други улици.
Затоа овде има лежачки полицајци, издигнати. Мора да намалиш брзина. Знаете како влетуваат, си оди по третоар и си стапнува, не гледа лево или десно. Особено пак, овие со електрични тротинети и моторите до 50 кубика. Буквално од никаде излегуваат. Затоа често и подзастанувам пред пешачки. Во цел град има само неколку семафори, се е регулирано со кружен ток и нели правилата и сообраќајните знаци.
Исто, дури и на еднонасочна улица погледнувам на двете страни, зошто кај нас се е можно. Да ме собере некој што му текнало да вози во спротивна забренета насока, јас ќе настрадам, после џабе е сѐ. Исто и додека не застанат сите коли во редот, не тргнувам ако сум сама. Друго, ми се има случено на пешачки, првата кола застанува, јас тргнувам, а позади таа кола што веќе застанала, доаѓа кола што ептен брзо вози и додека закочи, се удира во застанатата кола и таа директ во мене. Среќа успеав на време да изреагирам и избегам опасност. На сѐ треба да се внимава. Џабе кажувате закони вакви такви, кога реалноста е скроз различна. Повеќето од тие закони, се само за на хартија.
Малце спин оф на темава има. Ако, и тоа е за луѓе, кому што одговара. И како што вика Јуле, сега се отвара прашањето дали возел "на отворено", дали кочел воопшто бидејќи нема траги и дали возел 50 или 150? Бидејќи за разлика од неговиот адвокат кој со големо достоинство си ја врши работата, јасно е дека не се 30, ниту 40, веројатно не ни 50км на час.