Во Европа конкретно во Словенија сум била сведок на таков собраќај каде што воопшто не си свртен да минуваш на пешачки туку само поминуваш по тротоарот и колите намалуваат, се има случено да стоеме неколку чекори подолу од пешачкиот на тротоар колите застанаа да почекаат дали ќе минуваме.
Како што има правило поточно за тие што управуваат моторни возила, така има и за пешаците кои поминуваат пешачки. И, секогаш кога не работи семафор и нема полициски службеник тогаш пешакот пред да помине треба да види лево или десно па да помине пешачкиот. Ова е според закон и не е измислено никаде. Дека видов погоре зборите пешаци не морале да гледаат лево десно и само да тераат право. Овде во тетово, ни пешачки не важи и никакви собраќајни правила. Колку што се криви тие што возат моторно возило толку и пешаците се дека се пикаат, прескокнуваат и сл.
шо се 50 еу за Ана бре. битно она да каже кој знае правила а кој не. Кој учел а кој не. Ама ете.. И со закон и у прво одд очигледно за некои луѓе џабе е. Нека си скокаат по хауби а ние ќе се надаме дека нема да им палиме свеќа еден ден.
Каков профил на луѓе го прават ова? Од психолошки аспект ме интересира. Инаку, се извинувам за оф топиците.
На Код беше кажано за откопувањето .. ама не памтам да чув дека сакале во странство да го носат телото
Не, ќе се симнеш од кола и ќе го прашаш дали мисли да помине или не, ако треба и ќе го преведеш.... Дајте бе луѓе во овој случај се збори за нагло скршнување и симнување од тротоар на улица, ма 100 пешачки нека има за твоја лична безбедност гледаш прво лево десно или барем подзастнуваш па се симињаш на пешачки. Точно знам за начинот на движење кое го објаснува Лили...ја отупевте со овој пример и само инат водите безвезе.
Не се објаснувај повеќе со такви шо само најдат нешто да се фатат како слеп за стап...кој сака да разбере, разбра.
Ако те удри кола ти ќе настрадаш повеќе дали со смрт дали повреди.. Затоа како пешак, повеќе треба да внимаваш дури и од тие со коли, затоа што он ќе искочи од затвор за 1-2 години како што ќе искочи и овој Јордан, ама последиците се потешки за пешакот и затоа треба да се внимава повеќе..
Да не се лажеме, исто колку што има пешаци што скокаат на хауба, толку има и шофери што возат ко да им е последниот круг во Монца. Не сум чула никогаш за сообраќајка во која пешакот го усмртил возачот. Пешакот може да предизвика сообраќајка поради невнимание, ама најчесто и самиот настрадува. Возачите мора да бидат убер претпазливи затоа што се супериорни во сообраќај, пешакот е најранлив. И многу често, како пешак, ако не тргнам своеволно на пешачки ко да идам на фронт, на шофериштата не им се ни застанува, особено онде кај Олимписки. Се случува да чекаме по неколку минути или да се расчисти терен или некој да се смилува и да застане. Повеќе се движам пешки отколку со автомобил низ градот, и да, шоферската култура е најслаба.
Исто и јас во Словенија, стојам барем малце блиску до пешачки без намера да поминам и колите застануваат, јас скроз изненадена. Никогаш нема да стигнеме до таа култура, ама барем да признаеме дека грешиме.
Еее. ..теоретски грешно мислам. Ако памтам убаво, со колата иде одговорноста дека треба сите да ги пазиш, и пешаци, и велосипедисти, и останати учесници во сообраќајот. Така барем мислам учев
Сакаат родителите зошто тука не им е веродостојно,а и доста докази не им признаваат.Со тоа што е телото откопано повторна обдукција неможе да има. @Acronia каков профил на луѓе? Пуштени на викенд затвореници,издрогирани.Друг тоа неможе да го направи.Мора да си пореметен.
Ми текнува порано пред 17 години кога одев во Грција на одмор, Певкохори и Халкидики како брзо возеа по улиците, само си викав среќа што живеам во Македонија го нема ова кај нас. Колку брзо се смени ситуацијата, преку ноќ.
Кај нас да беше така, дел од пешаците намерно ќе им стоеа близу до пешачки, за да ги зафркаваат возичите, да застануваат. Дај малку реално гледајте како сѐ функционира кај нас, на страна закони и се друго, зошто ништо не се почитува. Сите сме во стилот на, ајде бе ми е гајле, нема никој да не види, ќе поминам овде ќе поминам онде, ајде бе ми е гајле ако некој чека на пешачки, нема да застанам и ред други работи. Секој од нас барем еднаш направил некој прекршок, за среќа без да предизвика било каква опасност. Сите сакаме да е се подмачкано во државата, и сите знаеме да мудруваме вака треба, онака треба, вака е во таа држава, онака е друга држава. Е, да, не викам дека не е така, ама ние сме во Македонија! Македонија каде ништо не важи. Македонија ако татко ти е јак човек, немаш гајле од ништо.
И јас за таму зборувам, колата застанува, иако пешакот е непосредно неколку метри пред пешачки. Пешакот не гледа лево и десно, минува. Затоа пишав, јас пред пешачки често застанувам или скроз намалувам брзина, особено ако има на тротоарот луѓе, без разлика колку се оддалечени од преминот.
Како што реков, далеку сме од културата до тој степен, нема да ја постигнеме. Затоа, не се случуваат работи случајно, ние ги предизвикуваме. Има луѓе кои се трудат да возат најбезбедно, има луѓе кои најмногу ги кршат правилата, за да се курчат или пошто немаат трпение. Ама луѓе, пак ќе се вратам на оваа несреќа, треба најмал НАЈМАЛ дел од логика да ти проработи за да не продолжуваш после застаната кола на пешачки.
Така е. Но ако си пешак не си ни бог нели? Ко што има правила и прописи за шофер, има и за пешак. Сем за ана. Она е бог.