Не, ама се потсмеваш со туѓо мислење. Да беше хипотетички така, немаше да ја прашаат на суд, а чекај, ти погледна лево и десно.
како да не се потсмевам? има деца. вајда не им вика-скокајте како ќе стигнете на пешачки. се знае како се поминува. и те како ќе се потсмевам.
Па баш дека има деца. Свеста различно работи кај возрасен и дете. Не секогаш децата сфаќаат колку сериозно може да чини тоа пристапување кон пешачкиот без да погледнат дали оди возило или не. Затоа ти, таа што управува со машина, ќе возиш како на секој пешачки, да треба да помине пешак.
Ме интересира дали барем еден извлече поука од настанот? Еве гледам, пак возат како луди. Во Битола, улицата Васко Карангелевски е права и долга, возат брзо иако во близина има основно и средно училиште. Јас кога учев немаше недела а да нема сообраќајка. Поставија лежечки, сакаш неќиш ќе намалиш. Кај средното медицинско исто. Е Скопје сите улици се вакви, чаре дали има не знам, тешко. На сите ум со инка не можиш, барем малку да се намали ваквото дивјачко возење, фали и малку трпеливост. И да, сите треба да имаме сообраќајна култура, не само возачите. Маткање по пешачки, зборање на телефон, растрчвање по улица... За ова ни треба едукација уште од мали, тогаш се почнува.
Така е. Ќе го јадам и јас. И тој што не глеал може да остане инвалид. И не дај боже некој така да го јаде. Ама среќа па постојат камери, постои и увиѓајна... и постои и нешто што ми вели дека треба да престанам со деца по форум да се расправам зашто секако, паметот од дома иде. Не од мене.
Со ова апсолутно се сложувам. Возам како да има пешаци. Мора да бидеме свесни дека штом сме со моторно возило, супериорни сме во однос на пешаци, велосипеди, мотори. Стварно е пешакот најкревок, и еве, од последниот настан гледаме дека и сто очи да отвориш, пак "победува" возилото.
Во Шведска... си стојам покрај пешачкиот, маж ми го чекам да излези од продавница и оооп, автобус застанува да поминам. Не бев за вревење, ама незгодно ми падна и преминав
мхм.... Повели, вози вака во странЦтво, ќе видиме што ќе ти се случи... Нема таму врски да ти кинат пријави или да свртиш две/три бројчиња. Истрауматизирани скроз се возачите таму, за греота уше одалеку кочат кога ќе видат пешачки или пешак
Точно пајче, тогаш се почнува. Виделе децата некогаш сообраќаен полицаец? Кај мене барем еднаш годишно одат на сообраќајно игралиште, со полицаец, за едукација. Од мали да знаат сообраќајни знаци, правила и прописи. Не знам тоа што кажувате казни, никој учен не се родил ама ако не научи еднаш, неучен ќе остане.Ама пошто во мк сите се знаат, и појаси се за глупи, и коли се за сите, и така. А и животот е видеоигра.
За греота... Те гледам потресена си Не е лесно секојдневно да ти скокаат пешаци на хауба па и да треба да им застануваш на пешачки, место ко луѓе да чекаат да се расчисти сообраќајот Значи!!!! Невоспитани низаедни!!!