Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Па очигледно треба да ти укаже некој. Забораваш дека предност имаат пешаците. Ти многу знаеш дали таа погледнала или не. Решила дека треба да премине според нејзина пресметка. Тоа што можеби си била замајана и ти дошло како изненадување, е твоја грешка.
     
    На Idedemja, Traveler91, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.848
    Пол:
    Женски
    фала што ми кажа каква сум била и дали сум видела.
    среќа моја ваков експерт на форум што сретнав:rofl:

    ај сеа да си пуштам серија.(highfive)
     
  3. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Не, сериозно. Голем дел од работите за општа култура, бонтон ги знам уште од учителката до четврто. И сите школски од мојот клас, излегле на прав пат. Имавме еднаш годишно часови со полиција, црвен крст и слично. После сменав училише и веднаш се осети разлика, немавме час нормален, а не па нешто повеќе.
    Оффтопик е, ама ако дома родителите не те научиле, барем училиштето да не потфрлело. Долг е процесот, ќе потрае додека да се исчоечиме. Муабетот со преминување улица ме инспирира.
     
    На KateKane, Biljarkata, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    22.151
    Пол:
    Машки
    Сметам дека повеќето имате или сте на обука за возење на кола, и инструкторите ви имаат кажано дека секогаш треба да сте претпазливи кога има пред вас пешаци, исто така да бидиш претпазлив и кај што нема пешачка зона, сепак се работи за човечки живот макар и животинче. :)


    Исто така ќе ве научат дека на полна линија не се престигнува кола во никој случај, а исто така не се престигнува кола, ако застанала на пешачки.

    Ова се само дел од елементарните работи, ама се многу битни.

    За курназлуци праење, имаме доста мангупи низ државава, јбг таква ни е. :)
     
    На ilenaki, Traveler91, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.848
    Пол:
    Женски
    Точно така.
    Од деца учиме да внимаваме, да се заштитиме.
    Ако сам не внимаваш на себе, онда кој ќе внимава на тебе!?
    Реални да сме.
    Не очекувам ниту еден шофер повеќе да внимава на мене. Секакви будали има. Возат пијани, возат дрогирани.
    Затоа на пешачки се застанува и се погледнува. А не наеднаш одиш одиш одиш, не даваш никаков сигнал и излетуваш јер пешачки има. Точно. И шоферот ќе го јаде. Ќе се докаже од снимки дека реагирал колку што можел, ќе плати оштета...ама ... пешакот останува инвалид за цел живот.
    Затоа не учат уште во школо да внимаваме на улици.
     
    На fana, Snowflake97, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Колку што возачите се криви толку и пешаците се криви, претрчуваат сред улица пример кај градска пензионерине трчаат по автобусите. Лично видов како удрија жена баш таму и таа беше крива, шоферот возеше поспоро зошто и гужва ја удри падна бидејќи постара најверојарно скршила или рака или колк зошто не можеше да стане и сега шоферот крив ќе плаќа оштета зошто бабата сака да претрчува преку улица каде што нема пешачки и две полни ленти. За Битпазар и Чаир муабет да не праиме добро што ги ставија банкини па сега нема рипачи пред кола. Исто и шофери што се ку*чат има летаат како да се на трки, живеев до партизанска се имам изнагледано сообраќајки...Трките навечер со мотори со коли. Треба да има на големиве булевари постојано полиција, едно време на "Борис Трајковски" после сообраќајката која загинаа сите тој што се удри со 150/160 во друга кола. Имаше постојано полиција како бубачки возеа. Долга улица е после последните семафори од Пинтија надолу е писта и тука најмногу се улетуваат дека се право е и сообраќајки и загинати има многу често. Исто и тој булевар е многу опасен.
     
    На Bratot, CareTee, $ophia и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Да, треба да се внимава и погледнува добро секогаш кога ние пешаците преминуваме на пешачки премин, бидејќи без разлика што има ознака, 90% од шоферите не ја почитуваат.
    Не сум шофер, ама како пешак секогаш поминувам на обележан пешачки, и секогаш брзам, бидејќи се случува една кола да ме пушти, ама втора и трета да ми се приближуваат и да ми кочат во нозе, и мислам дека некогаш и ќотек ќе добијам од некој нервозен батка бидејќи им покажувам со рака и викам пешачки е алоо, или во најлош случај ќе ме поткренат на хауба, а пази регуларно си поминувам на пешачки и притоа забрзано, оти мил ми е животот.
    Има и пешаци неодговорни, ама грото несреќи се поради аздис и невнимание на шофер кој е пијан, дрогиран или едноставно си вози лабаво да ја 'истресе' колата|(
    Престанете да возите ко шерифи, аман, аман!!!
     
    На VDT2906, ilenaki, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    Амин.
    Шо трубев ја вчера цел ден.
    Свесно не застанал.
     
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.773
    Пол:
    Женски
    Мене ме учеле кога возам да намалам пред пешачки и во случај да увидам оти нема пешак. Ако настапне на асфалт должен си да го пропуштиш. И секогаш пешакот е во право оти е најнезаштитен во сообраќајот. Така ме учеле, така знам и почитувам.
    Не мешајте околности во кои пешаци свесно се фрлат пред кола.
    Овде не станува збор за таква ситуација. Пешачкиот премин е најсекојдневно нешто што се среќава при возење. Не му пукнала гума, па ај не знаел како да изреагира.
    Пешачки премин - се е јасно.
     
    На Nausicaa, mariz, bertold и 7 други им се допаѓа ова.
  10. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Значи која сака кола нека застанува, кога ти е црвено си чекаш и крај!
    Ако е празна раскрсницата и нема возила/пешаци си врвиш со колата на црвено или чекаш да светни зелено!?
    Исто е и за пешаци!
    Тој што застанал на бавна лента е негова работа, на пешаците им е црвено и треба да чекаат да светини зелено за нив и крај.
    Тие за каде брзале толку што не му се чекало уште неколку секунди па да се пикаат?
    Не е битно во смисла не се менува исходот за жртвата без разлика дали била во право или не.
    Колку испревртувате значи ..
     
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.595
    Допаѓања:
    63.103
    Пол:
    Женски
    Eве поминаа неколку денови, мене уште главата не може да ми се излади. Го читам секое мислење на темава и од правен аспект и од аспект на шофери, на пешаци на све и никако не може да ми се смири гневот што го осеќам. Последно олку пелин се направив преклани кога у Јурумлери тој вампирот со повеќе од 2 промили алкохол усмрти 10 годишно детенце.

    Не можам и не можам емпатија да најдам за Јордан, душава не ми дава, пред очи ми се сите луѓе кои умираат на ваков или сличен начин, сите семејства завиткани у црнина затоа што им се збеснати хормоните и седнуваат газ во коли кои ако не се управуваат како што треба гледаме како може да заврши.

    Не смее да се преќути ова, точно дека мајки, татковци, стрини и вујни не треба да се мешаат, ама не може да се размлакне случајот и ова да пројде неказнето. 24 годишно девојче почина, а 24 годишно момче остана без човекот што го сакал највише у животот. И не е само она, пошто ништо не се превзема остануваме во токсичен лупхол каде млади луѓе ни гинат оти некој не знае како да си ги заузда хормоните и беснее во кола.

    Не ни можам да избројам колку пати за малку јас ќе сум настрадала од вакви, фобија имам кога преминувам улица. Не лажам, еве @lovestoneddd ме познава лично, искачаме некогаш заедно, нека ви потврди она дека јас пред да преминам улица гледам сто пати и дека секогаш чекам зелено светло и се тресам кога проаѓам. Во слична ситуација и мене ќе ме изгазеше еднаш еден, една кола ме пушти да поминам и од нигде никаде еден што леташе буквално ќе ме собереше да бев неколку секунди понапред.

    Сите овде сме нечии деца, партнери, родители, другари. И стварно не е фер заради нив да се бара оправдување за несовесни шофери - затоа што нема. Не може и не може да ми падне жал за него, каква сакате мислете ме, ама не може едноставно. Сликата од девојчето не ми искача од глава. А не е ни прва, ниту пак ќе е последна ако не почнат сериозно да се казнуваат вакви работи. Ни на најлошиот душман вакво нешто не му посакувам, најсериозно.

    Требаше да искочиме на протест, како што беше протестот и во Железара изминатото лето и во Јурумлери за случајот погоре. Требаше.
     
    На Nausicaa, Waverly Raven, cresa-jagoda и 28 други им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека во случајот дечкото намерно не сакал да помогне.
    Медицински докажано е дека може при шок да се укочат и раце и нозе, цело тело. Најверојатно тоа и нему му се случило.
    Но дека возел со преголема брзина и дека не почитувал правила, тоа е очигледно.
    Зашто другар му не се обидел да помогне?
     
    На fana и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.362
    Пол:
    Женски
    Јас пак прочитав дека другарот веднаш излегол од возилото, тој викнал брза помош- ова го изјави адвокатот
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.060
    Пол:
    Женски
    Не го оправсувам дечкото во ниеден случај, но се пеашувам зошто ако веќе не работеле семафороте на таква прометна улица тој паметен што ги исклучил не бил попаметен и не поставил униформирано лице?

    Детето сигурно не сакало никого да прегази, кој сака некого да прегази? Живпт човечки си отиде прежално но џабе се сите камења и дрва фрлени по детето само он си знае како му е и тоа ќе го прати цел живот како и неговата фамилија и фамилијата на починатата. Девојчето нека почива во мир... претажно и за двете страни.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.908
    Допаѓања:
    23.742
    Ако би можел да види полицаец и да знае дека треба да застане, зошто не би знаел дека на трепкаво жолто се пази?
     
    На cresa-jagoda, Mikha4 и bertold им се допаѓа ова.
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.060
    Пол:
    Женски
    Можеби касно приметил дека е трепкаво зелено, сега може само да нагаѓаме како и да е сметам дека не е во ред не само за овој случај туку секаде каде што се гаси семафор треба да има сообраќаец.
     
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    што би кажала за претицувањето возило кое е веќе застанато пред пешачки?^_^ тој што застанал бил глуп?
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it и ilenaki им се допаѓа ова.
  18. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.060
    Пол:
    Женски
    Не тоа секако треба да му е знак.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.908
    Допаѓања:
    23.742
    Не знам како касно би приметил освен ако возел брзо и ич не обрнувал внимание.
    Зашто кога никој не би пазел семафори зашто "касно виделе" секој факинг ден по 500 пешаци би гинеле зашто не приметиле семафори возачите.
    Баш навечер и тоа поубаво се гледа шо боја е семафорот.
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it и bertold им се допаѓа ова.
  20. firstTimeUser

    firstTimeUser Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Направив профил само за да пишам на темава. Да ми биде полесно. Гневна сум, гневна сум на секој еден што го оправдува возачот. Гневна сум на сите они што после толку сообраќајни несреќи велат: еј ајде да направиме нешто...

    А зошто? Затоа што една 2015 година, можеби за Вас далечна но не и за мене, јас бев на местото на дечкото на Викторија. Тргната да поминам улица на пешачки, во очите уште ми е вклучено зеленото светло.. И да, налетува една будала, јас се враќам чекор наназад но една личност што одеше со мене одлучува да проба да го премине пешачкиот до крај.. Ќе погодите дали успеа?

    Стоев на средина на улицата, на средина на пешачкиот и немо гледав сенки. Не бев ни свесна дека некој мој ми газат пред очи. Не боли моментот кога гледате, од искуство кажувам. Не сте свесни што гледате. Боли секој нареден момент, боли и не поминува.

    Ни на мене, ни на сите блиски луѓе. Никогаш не ни помина, никогаш нема да ни помине.

    И еве, години покасно, многу сообраќајни несреќи. Викторија, бог да ја прости, ме врати точно на истиот момент. Ја исплакав, срцево искршено уште повеќе ми го скрши. А не ја ни познавав. Но познавав некој што заврши ко неа, на ладните скопски улици..

    И гневна сум што имате оправдување. И гневна сум на сите Вас кои што никогаш не излеговте на улиците да протестирате, а имаше протести за слични случаеви (имаше и за случајов за кој сведочам). Гневна сум и на вештаците кои што беа поверодостојни од моите очи кога рекоа дека сме тргнале на црвено. Гневна сум на сите. Искрено Ве замолувам, не оправдувајте. Или барем, не го правете тоа јавно за да не читаат луѓето што се наоѓаат или се наоѓале у таква ситуација. И нареден пат, не пишувајте на форуми, на социјални мрежи, туку излезете, ко што тврдите дека би направиле, и дајте ја таа поддршка.

    Нас, многу ни требаше. Но не ја добивме, само најблиските протестиравме. Другите беа гневни но, беa гневни дека сме им ги блокирале улиците.
     
    На P.S.love, Nausicaa, Waverly Raven и 40 други им се допаѓа ова.