Едно е да бараш правда и осуда. Да бараш што е можно повисока казна, затоа што е виновен и заслужува. Тоа никој не го негираше. Сосема различно е да копаш по цела фамилија и да посакуваш истото да им се случи. Гнев не се искажува со колнење, нарекување со секакви имиња. Ама океј. Како и да е, веќе се изјаснив на темата, нема да се повторувам.
абе луѓе, тој што го браните од колнење уби 24 годишна девојка на пешачки... само да ве потсетам. и да, уништени се две семејства само што едново ќе има шанса да си го гледа синчето, а другово само ќе си ја замислува ќерката и ќе плаче. На секоја веселба ќе ја замислуваат. Како ќе беше да била вработена, да била мажена, со деца. Каква ќе беше стара. да беа толку среќни да можеа некои, ко што велите небитни луѓе зад тастатура, да им го вреѓаат и колнат детето само наместо мртво да им лежи на улица..
Искуство позитивно и од др.држава. Буквално коли што во Мк не би застанале овие кочат и со рака ти покажуваат слободно да минеш. Дури на некој начин те охрабруваат дека е безбедно. Јас имам страв кога преминувам бидејќи тука во Мк имав случај со таксист кој ќе ме збришеше. Тој ме удри, кочеше нагло. Многу многу голема среќа беше што завршив буквално без гребнатинка (и до ден денешен не знам како). Луѓе што беа на местото, не ни претрчаа. Само ме гледаа чудно и мрмореа како сум без повреда.
Сосем го разбирам револтот на народот. Возачот е 22 години, на 22 години се очекува некој да се однесува одговорно и секако да вози според правилата. Дечкото се однесуваше како тинејџер. Оправдувања од типот, ударот е минимален или немал прегледност се глупости.
Да беше судството како треба и да си ја вршеа должноста како што треба до сега, немаше ваков да биде народот. Нормално е да има вакви посгови, кога беќе однапред се знае што ќе биде со детето-убиец и сите знаеме дека нема да оди во затвор. Затоа и народот е гневен, за да изврши притисок за да добие најголема можна казна. Иначе адвокатите што ги фатиле се доста јаки.
Навистина невкусно. Но, револтот е поради сите оправдувања кои ги изјави тој иако сите знаеме дека тие изјави не се точни.
да ви кажам случка од суд, ваков јак адвокат беше во прашање. Јас сведок. Виновникот после газењето избега од лице место. Адвокатот го оправдува, бил исплашен. Од друга страна, ми поставува прашање на мене: Дали си сигурна дека беше мртва? Дали и помогна на некој начин? Знаете што прават ваквите адвокати во судница? Невкусно е да, да се пишуваат вакви коментари. Но многу поневкусно ќе биде во судница само за да се добие што помала казна за клиентот.
Од народ што во нервоза си го колне мажот и свекрвата од нигде никаде не очекував да застане да брани некој кој свесно возел над дозволеното, не застанал на пешачки, предизвикал смрт со својата постапка и тешки последици кај преживеаниот, за семејствата ич да не коментирам. Браво, алал да ви е. Исто вакви ќе бевте ако девојката ви беше ќерка, сестра, братучеда, другарка?
ама тоа му е работа.За тоа е платен.За тоа посветил години учење.Убаво или не ама таа е работата на адвокатите насекаде.Исто ко шо лекар МОРА да прегледа и наркоман,и силувач,и убиец.
Ke odi vo zatvor e sega kolku ke vidime, krajnata presuda za storitelot na soonrakajkata vo koja zagina devojkata od Palanka e 3 godini, celo vreme namaluvale, zgolemuvale. No toj imal alkohol vo krvta i izbegal od mestoto i toa vlijae na goleminata na kaznata. Site sme soglasni da si ja dobie kaznata.
99% од адвокатите се подмитливи. Го осетив тоа и на своја кожа. Изгубив добиен случај. А адвокатот ми призна дека се видел на само со виновникот. Наводно тој го барал да се види. Значи, мојот адвокат, работел против мене. Па видете вие како ќе помине и овој случај. Мајката на детето има пари (нели има богат дечко од 90 години), адвокатите едни од најјаките во градот, а судството корумпирано.
Невкусно било. Не е невкусно, болно е да пишеш да се убие детето на адвокатот. Деновиве се виде колку луѓе се за во институција.
Пресудата е 3 години, а колку е одлежано? Воопшто не сум оптимист дека ќе се реши и овој случај, ама да видиме, може нешто ќе се смени.
@WildMk Шведска и ние сме црно и бело, верувам дека е така бидејќи другарка имам, таму живее, култура и се имаат и закони а кај нас кој што сака си прави, нема казни и им се може, само да беше овој случај супер ќе беше, блиска личност ја лупна пијаница, ајде тоа пијаница што бил, ама тоа му беше 4та сообраќајка значи четврта... Што повеќе да се очекува?! Овде на форуми до утре ќе играме игра на зборови ама во пракса нема ништо луѓе од ова, секое чудо за три дена и ова ќе се заборави.