Ne znam kolku lezel, duri 2019ta bila presudata donesena, a sto se cekalo tolku dolgo ne znam. I dali za seto toa vreme on bil vo pritvor ili si se rasetuval slobodno i toa ne e poznato bar za javnosta.
Ти ја сфаќам болката, знам и за кој случај се работи, јас ти го разбирам и гневот, бесот. И скроз нормален е. Но и сама знаеш дека на адвокатот тоа му е работа, тие прашања се доста незгодни, болат, ама мора да се постават. Може да се случи и Обвинителството да ги постави. Факт е дека во вашиот случај многи работи без изманипулирани, почнувајќи од сторителот, па се до казната. Имаше алкохол, побегнал од местото на несреќата, итн. Ова е еден од низата на случаи кои нашето судство ги дозволои со тоа индиректно влијае да се продолжува тој сообраќајен хаос, оти знаат дека нема да лежат многу. Знаеме дека на секого не му работи совеста. Од овде и гневот на народот, кој за жал е само на фб. Уште еднаш жалам за вашата загуба, жалам и за неправдата. Но еве се надевам дека овој случај ќе има соодветна судска постапка и пресуда. Нека судот го казни.
знам дека има луѓе и што разбираат. Ама тие адвокати се многу пооштри во судница. Ова што слушнавте на вести од адвокатот на Јордан, ништо не е. Болката никој не може да ви ја објасни. Нема објаснување за таква болка. Јас не посакувам никој никогаш да ја осети. Ко што пишав и во првото мислење, барем некои луѓе да не оправдуваат и да го бранат. Тој уби човек. И да, мене ме болеше тој случај и секој нареден ќе ме боли. И за жал, пак мислам дека истото ќе се случува. Дека за многу изгубени животи нема да има правда.
Јас не го оспорувам неговото знаење. Но навистина изјавите дека ударот е мал, колата била од пластика, затоа толку била искршена и дека не возел со повеќе од 50км не се во ред. На сите им е јасна ситуацијата и затоа со овие изјави тој само предизвикува поголем револт. ЕДИТ: со изјавата дека на секој може да му се случи вакво нешто не се согласувам ниту ми е логична. На секој може да му се случи да удри некого, ама не може на секој да му се случи да лета на исклучени семафори, да преминува веќе застаната кола и да усмрти некого.
@JuLleE posle kolku vreme vakvite slucaevi dobivaat presuda, zasto se ceka tolku dolgo? Nekade procitav min.pola godina a gledame deka i godini minuvale.. I sto za toa vreme so storitelot si zivee najnormalno, si vozi najnormalno?
Се се знае. Медиумите исто се поткупени и не смеат да известуваат. Нормално дека си се шета слободно. Кај што пара буши, бургија не буши.
Зависи, ама да, долго време се влечкаат по судови. Сторителите кај овие дела ретко се во притвор, освен сега, изнуден од јавноста, правно неоправдан. Може домашен притвор или се бранат од слобода. Ова не е убиство, им се одзима возачката, не можат да го повторат делото. Живеат нормално?! Не знам колку, постапката си трае, има судења итн. Па ќе бараат вештачања, ќе одолговлекуваат. Па една пресуда, па жалба, па пак на првостепен. Голгота за семејствата.
Си можел да го изземеш од случајот и смениш кога си се посомневал дека работел против тебе, а тоа дека ти признал се на крај ми е неверојатно си можел да го пријавиш во нивната комора и да покренеш тужба против него. На мои луѓе им се има случено адвокатот да признае дека го притискаат и дека не е во состојба да ги доодбрани и препорачува други добри адвокати кои ќе го дозавршат случајот праведно и непристрасно. Кај нас судството и адвокатите во одредени бранши, ајде и скоро сите бранши, се извразани како црева и кога прочитав погоре требало работа да направиш углед се изнасмеав, повеќе треба врски, да и треба да си ги бива да ги знаат законите и теоријата ама и врски и кликер да ги наоѓаат дупките во законот и по потреба ги искористуваат. Притисок врз јавноста не се прави со колнење, ако толку сакаат да бидат во контакт со јавноста ама сепак емоциите ги обземаат има личности кои непристрасно и разумно во име на најбилските навремено и релевентно би информирале до каде е случајот и за што да се рагира ако е некоректно во целата постапка. А во тоа голем удел имаат и медиумите а не само ударни вести да објавуваат и после никаде ги нема да проследуваат и објавуваат за се до крајот.
Аууу мајко. Шта речи... Коју поруку послати... До колнење на детето на адвокатот стигнавме... Браос. Јас познавам личност што има згазено човек и за жал човекот почина. Личноста беше многу паметна и многу вредна, никогаш немал проблеми од типот на алхохол и дроги и возење бесно. Едноставно бил на мајка му која што е болна да и купи леково вечерта, мајка му му зазвонела на телефон да се јави и толку било. Дел од секунда. Сега ќе нападнете не се збори додека се вози, не се гледа у телефон и не знам што. Жално, пак ќе речам, двете фамилии се во црно. Ама колнења.... не е убаво. Мајка ми ми викаше како помала. Не плукај нагоре ќерко ќе ти се врати надоле.... и за се што сум зборела се вратило.
@firstTimeUser значи никој не го брани возачот, туку се осудува тоа што се зборуваат ужасни работи за него и за сите од неговата страна (адвокати, роднини, родители) јавно. Тоа се осудува. А не се брани ни сторителот ни неговите постапки. Разбирам дека кај луѓето постои револт кон правосудството и корупцијата, ама некому да посакуваш смрт, колку и да си повреден, не разбирам. И ова ти го зборувам како некој кој изгубил на ист начин дедо и кој сеуште го боли загубата. Пишав претходно на темава, може да се навратиш ако сакаш да прочиташ, пошто си нова, не верувам дека си прочитала. Бевме и лути и револтирани зошто се случи, не само што тагувавме. Ама во ниеден момент не сум посакала да умре 20-годишникот што му го одзема животот.
Мерката притвор е мерка за обезбедување присуство кога постои опасност од бегство, кога сторителот може да го повтори делото, да влијае на текот на постапката, сведоците, доказите. И е најстрога мерка, која треба да се употребува како последна и во исклучителнни ситуации. Ова не е таков случај. Сторителот не може да го повтори делото, доказите се веќе приберени, камери, вештаци од лице место, сведоци испрашани, значи не може ни да влијае, па затоа доволен ќе беше куќен притвор. Мислам дека на Апелација ќе го преиначат во куќен.
Цел гнев за сите претходни случаи сега се истура. Не е во ред тоа. Дечкото е крив, ќе го судат и тоа е. Кога ја прегазија жената кај Јосп Броз додека маж и ја чекаше со бебето,никој ниту разбра кој е возачот. Зошто тогаш јавноста не ја интересираше,а сега цела фамилија му ја развлекуваат?
па јас ќе ве замолам да ги прочитате повторно моите мислења и да видите дали некаде сум посакала некој да умре. Реков дека сфаќам што значи да бидеш гневен а дали оправдувам или не такви коментари е друго прашање. Ве молам убаво да ги читате мислењата. И да, апсолутно стојам позади тоа дека возачот не би требало да се брани ко што прават овде на форумот. Тој уби човек, исто така 20 годишен човек. и дај малку повеќе осудете дека тој уби човек од тоа што пишуваат за него и неговото семејство. У групата кај што се пишуваат глупости за јавни личности и се оговараат, верувам дека пола и повеќе од вас биле активни. Или тогаш оправдувањето беше: ама тие се јавни личности.. а сега не може да биде оправдување дека луѓето се гневни за делото? И ај се исклучувам од форумов пошто се нервирам. Поздрав
Пред 3 години мој братучед згази човек.. Во село возел 50(така вели) пијан стар човек се фрла пред неговата кола и почина на лице место. Братучет ми излегува му пружи помош вика полиција болничка се што треба. Настанот се случува касно во 1 пополноќ. Гледачи од страна (ќе ги наречам гледачи пошо никој не помогнал) коментирале така му требаше не му е прв пат да се фрли пред кола. Констатирана смрт. Братучет ми во притвор исплашен 23год си ја чукал главата и повторувал мораше ли баш на мене тоа да се случи. Тука записи, адвокати и парична казна... Заклучок човекот повеќе пати пријавен во полиција заради фрлање пред коли со обид да се убие не си го сакал животот. Жално за девојчето што почина пред некој ден ама Македонија е ова ќе помине со неколку евра и ќе се заборави се...
Jas na ovoj slucaj ne se ni sekavam..pamtam nekolku slicni slucaevi ama ovoj ne. Na pesacki isto bilo?
Да истово си го мислев сега. Не е прв ваков случај, за жал мислам дека нема ни да биде последен ама еве баш за него овде пишуваме стотици страници. Мислам дека моменталното незадоволство со пошироката ситуација во комбинација со сензационализмот на медиумите и со социјалните мрежи како можност да се каже јавно се и сешто се причината. јасно ми е дека не посакувате да умре, ама имаше од вас прашање зошто го бранат сторителот. Повеќето не го бранат, само осудуваат јавен линч, говор на омраза и земање на правдата во свои раце. Некои овде шпекулираат поприлично и личи дека го бранат можда, ама верувам дека се работи повеќе за неинформираност, отколку дека толку го бранат него. Факт е дека во сообраќајот пешакот е секогаш во предност. Како и да се случила несреќата меѓу него и возилото вината е секогаш на тој што вози моторно возило.
Случајот со твојот братучед и овој случај се сосема различни. Братучед ти ако возел според правилата не е виновен, во случајов е виновна државата, штом имале пријава дека човекот се фрлал пред коли со цел да си го одземе животот, морале да реагираат. Во сегашниот случај девојката не се фрли пред колата.