Да но сакам да кажам дека скапена ни е државата и дека со условна ќе помине господинот. Не дај боже да бев јас ќе скапав во затвор можеби ама овој со јак адвокат и пари и мил на мајка ќе си одмара дома
И делумно овие причини допринесоа да е изречена мерка затворски притвор што пак укажува за тоа колку пристрасно се донесуваат законски одлуки и адвокатот што рече дека ќе обжали одма дочека ваков линч, ете прочитавме што му се посакува. За другиот дел дека не возел пребрзо и дека колата е од полесен материјал затоа е толку оштетена според мене не му требаа тие муабети, ама започнува да креира слика за својот клиент како не било се до него, што не е коректно, било до него, не почитувал многу сообраќајни правила. Ама бидејќи кај нас се изврзани како црева ќе видиме како ќе биде се до крај. Коректно е што не избегал и признал вина, ама ако е толку тешко соработлив и некомуникативен и шокиран како што велат побргу му треба соодветна здравствена грижа и нега наместо да биде мета на напади и новинарски сензационализам, на што личи тоа снимање и довикување од новинарите, кај се да ги покриваат рочиштата и известуваат праведно и релевантно до крај? Ама за полнење наслови први се.
Еве јас не сакам да добие најголема можна казна, сакам да биде казнет колку и сите претходно што некого усмртиле на пешачки, па добиле условно или домашен притвор, ама народот толку фама не кренал за тие случаи затоа што биле синови на некој биг босс. Малку се, ама за тоа се криви законите, и тоа е тоа што треба од корен да се смени и за што зборуваме цело време тука.
Законите ни се тапи и ради тоа се влечат случаи со месеци и години. Човек што не ги почитувал сообраќајните правила и усмртил некого,е опасен за околина. Не би рекла дека не може да го повтори делото.Не му треба возачка за да стартува кола. Евриџ Џо не може да си дозволи јак адвокат,а типот има таков адвокат. Еве,да го стават во домашен притвор. Што ако му обезбедат врски,пари и други средства за да избега? Што ако бегајќи повторно удри некого?
E za ova zboram celo vreme ne za branenje na vinovnikot ama koj da sfati..imase i beter komentari od polupismeni luge sto ne ni znaat da pisuvaat ama bitno imaat pristap do internet i kolnat. Da zeme sega advokatot pa na site po edna tuzba da im akne.
Ви ја сфаќам лутината но сметам дека ви е насочена на погрешно место. Сигурна сум дека дечкото ни на сон не посакувал ова да се случи. Па затоа не можам да го рамнам со ладнокрвен убиец. Жално за девојчето и за дечкото. 3 фамилии завиени во црно. Едни од тага други од бес. Лутината треба да ја насочиме во државата. Колку несреќи се случија на овие улици и сеуште не е превземано ништо. Каде се лежечките полицајци, зошто сеуште ги нема?! Зошто не е превземено нешто за овие улици кои знаеме дека се црни точки низ градот?
Види и од притвор може да побегне, ако сега одиме дотаму. Ова за притворот што го пишував е според меѓународни препораки, конвенции. Ние и премногу и престрого го употребуваме дури. Бесот е едно, ама не може за секое едно дело да се изрекува притвор. Си има кога и каде, нема нас, јавноста да не прашуваат. Тие Закони некој кој е компетентен ги пишувал. Не ни се лоши законите, работата е што кај нас не се спроведуваат или се спроведуваат селективно. Барате се' што досега не се досудило, да падне на товар сега, во овој случај. А секој случај си е засебен. Да не се повторувам се едно исто. Дечково ќе си добие казна, ќе му се суди. Вашата енергија насочете ја кон нешто друго продуктивно, има многу начини како граѓани да барате да се стави ред во сообраќајот.
Што е крив адвокатот? Тоа му е работа од тоа фамилија гледа, има адвокати бранат силувачи педофили...тоа не значи дека ги оправдуваат туку едноставно им е работа. Голема држава сме па ќе бира кој да брани, фамилија има за гледање. Дечкото треба да си добие соодветна казна и да биде за пример на другите да отворат очи и да не изиграваат " Брзи и бесни" по улицине.
Некогаш се прашувам дали остана некоја човечност во нас. Епа, ајде ако не, сите од затвор нека ги ослободат, бидејќи некој за истото дело поминал неказнето, некој добил повеќе. И доста веќе го користиш моментот дека не е син на некој бос, затоа реагираме. Случајот доби толкав интерес, баш затоа што се мислеше дека е син на нечив бос. Што од овој аспект, сиромав, богат, не менува многу. Факт е дека прегазил човек на пешачки. Толку ли чувства немате за погината...Не знам како не се срамиш уште да пишуваш на темава. Нека ти стои.
Колку ми е само загрижувачки фактот дека повеќе се изнервиравте ради коментарите против Јордан и неговиот адвокат одколку неправдата кон мртвото девојче и семејството што сега може само да сонува за неа. Засрамете се. Гадно.
Чекав ти да ми кажеш да се засрамам, па може и стварно ќе се засрамам, ќе размислам и ќе ти кажам подоцна. Да не се повторувам по милион пати и да вртам едно те исто во круг, кратко и јасно ти кажувам за последен пат и не сакам веќе да ме цитираш. Не го бранам јас делото што го сторил он, и сакам да биде казнет, ама како сите така и он, а не сега целиот бес што е насобран од сите случаи претходно да се истури врз дечкото. Друго целото тоа колнење, и мешање на фамилија во случајов, па имот и уште што не, да не го коментирам колку тоа ме нервира. И не ме читај веќе те молам, стави ме на игнор. Поздрав.