Ќе му одредат утре домашен притвор, да спие маминото синче до мамичка. Кај што има сила нема правдина, тешко на тој што си заминува. Овој ќе го извлечат, па на поклон уште едно количе ново да му помини стресот.
Многу скромно дете : според адвокатите на Ѓорѓиев адвокатиТЕ дури.Не е еден. Решил да се испере.Кај му е совеста и на него и на неговите бе? , не може да побегне бидејќи пасошот му е истечен уште во септември, но и дека не може да го повтори делото, со тоа што ќе му биде одземена возачката. ја мајката, колку возат без возачка.Кого праи удрен овој удрениов
Демек за да избега пасош му треба или па не може да се направи фалш. Абе кога читаш мислиш Швајцарија сме…
Криво ми е што го прават народот дека е глуп. Прво го правда дека не возел поќе од 50, а колата сол. Чевлите на девојчето видовте кај беа на снимката исфрлени? Срамота и резил, ич не ми е жал ни за тоа шо ги колнеле. Со таква душа и совест баш се совесни луѓе . Па викаат демек имал стрес и немало да спие со мирна совест. Можда имал стрес дека количето е сол или многу гледал Јужни Ветар. Ни трошка емпатија по тоа што синчето одзеде човечки живот.
Ама неможе сиот товар од неговите предходници да падне врз овој возач , никаде нема притвор уште одма тоа сите правници го викаат, друго, оти вака не беа сите гласни порано луѓево и зашто медиумите се насочија спрема овој случај само, пример што е со младата мајка што ја згазија лани кај Јосип Броз? Ништо немозе на интернет да се најде освен иницијали, не е коректно едноставно. А за клетвите баба ми викаше, ќерко , не плукај нагоре ќе ти се врати право на тебе, е ова важи и за колначите и за тие што подржуваат колнење. @Legally_Blonde како може да нема стрес човек сведок да си па ќе се потредеш не виновник за нечија несреќа , реално да збориме недај боже животинче ке удри човек па ке се потресе и трауми ќе има не човек.
Вие мислите тој ќе седни зад волан сега нема шанси може години ќе минат додека собере храброст да седни позади волан. Тоа гарантирам сум работела со луѓе со трауми и знам.
Мене ми се гади од тоа што некои фаќаат по приватноста на возачот. Нека одговара и да биде казнет, ама без да му се чепка приватноста. Потполно се согласувам со постот на Влатко Илиевски. Нема право никој ојле дојле да објавува кој му се мајка и татко колку се стари, што имот имал. Тоа е се небитно. Си има суд да го казни. Треба да го казнат за делото,а не дали бил имотен или не. Се случило голема несреќа. Нека си поплукаат силните по социјалните мрежи и на нив или нивни блиски да не се случи нешто слично. Оти колку и да внимаваш може да удриш или згазиш некого. А, како почетник возач веројатноста е уште поголема.
Супер, сега држвата е крива што возач не застанал на пешачки кога поминувале пешаци! Епа НЕ! Од милион други несредени работи во сообраќајот за кои е држата крива и во овој и во други случаи единствен крив може да биде само возачот што на строго обележен пешачки премин не застанува. Како воопшто можете со такви коментари??? Може треба полицаец да влегува во секоја кола и да ги опоменува стој пешачки. Строго обележан пешачки премин аууууу научна фантастика , што ли значи??????
Што е ова бе??? ало една недела не помина од дешавката со Викторија.. Кој им купува на 18 годишни вакви коли??? КОЈ? И неговите и он у затвор.Какви ретардирани створења крпи државава не ми се верува бе.Од кожа се вадам веќе Што е ова бе А и уште една вест ќе постирам во друга тема
Ова е на Бит пазар, таму виша сила владее, виша сила што брани луѓе заштитени како бели мечки, за разлика од овој, Јордан ќе го јаде' многу повеќе..
Ма ич гајле не ми е дали сарај дали арачиново Една бекатонка у глава и кај Господ на судење А не овде ќе се влечеме
Нема притвор за овој излеа, нема ништо, Сител не добиле ни информација дали дечкото е во полициска станица сѐ уште..
Ќе си стаам ја една палка у кола.Шо е сигурно сигурно е.Чим мора правда во свои раце, океј.И онака само од Господ се плашам и Неговиот суд
Поминувам денес кај хотел Карпош на семафори, зелено ми беше, гледам лево, гледам десно, нигде кола, толку страв да поминам улица никогаш не ми било, дојдов до кај Силбо, си мислам да поминам да си купам за јадење од другата страна, да не поминам, и не поминав, си одев само од едната страна.. Мава на психа ова веќе, со толку сообраќајки..
Па мава најсериозно.Да не можеш да искочиш од дома.. Господ напомош.Освен Господ веќе нема кој друг да помага мислам..Јас уште одамна дури и во еднонасочну се вртам лево десно..Отсега ќе избегавам и главни улици, и понастрана од коловоз.И за моиве ќе важи истото!Не ме интересира, нека летаат ако треба. Не дека ако некој скапе у затвор, дека ќе пројде болката за изгубената личност, или ќе ја врати..ама мноогу повеќе боли кога го гледаш него дома у куќен како си го прчи, на слобода, или полежал една година и чао. Затоа треба построги казни:Ама немаат душа бе. Аман луѓе гледајте ве молам, со 6 очи ако треба, не 4
Нешто мора да се смени во склоп на град Скопје. Имаме километарско долги улици кои дур ги преминеш во најдобар случај може три коли да ти закочат на милиметар до петици. Кружни текови, еднонасочни улици, да се внесе некој ред, не знам. Ако треба младиве да преполагаат на полигон или на годишно ниво да прават дополнителни возни тестови, нека се внесе и тоа во системот. Битно, целиот фокус да не е ставен на ковидот... Зошто не е само ковидот како состојба во животецов убав. Ние дури се замараме со вртоглави бројки, жаришта, заболени и починати, годините рапидно ни минуваат пред очи и влегуваме во сива статистика по број на прегазени и загинати пешаци. Затоа треба Арсовска сериозно да си ја сфати работата и да продолжи со средување на улиците онака како што почна нејзиниот сопартиец и колега Коце. Не беше и он цвеќе за мирисање, да не се лажеме, и баш во негово време се случија пулсните несреќи кои оставија дамка во сеќавањето на многу семејства, ама сепак беше за четири нијанси подобар од Шилегов, а, најверојатно и барем пет од Арсовска. Она бар толку му должи на градот. За повеќе да не се лажеме, се нема очекувања.
Јас петта година веќе не поминувам на пешачкиот кај шо прелетав преку кола. Ни сам не знаеше колку возел ама пошо не умрев и поминав со две модрици (фала богу) ниту одговараше некој, ниту оштета плати. Јас дури сум жива нема да префрлам улица тука, а за друго место јас си знам како префрлам ама битно греота се шофериве, им скокале пешаците сами, им влетувале на пешачките. Уште шо не прочитав дека треба да им се извиниме шо постоиме.