Ај погоди зашто? @fairy88 и мене ми се гади тоа чепкање по приватноста па и колнење, па мајка му се премажила за побогат ( кој знае од што избегала, од добро не бега никој) и сега на грешницата ова и било казна. Па слики до 10 колено на фб.. Аман бе. Аман. Нека си добие казна за тоа што го направи. Што сакаат со притисоков и он да се убие? Око за око, крв за крв?? Се претера по мреживе. Па и мајката и таткото на дечкото на девојката што загина, а бе гледајте си маката не туку пишувајте по фб. Одете најдете се на родителие на девојката ако толку ја сакавте, одете гледајте си го синот да ви се опорави. Стварно сме гаден народ. Болката на семејството на Викторија е незамислива, ама дека на дечково му е сеедно или на неговите и тоа не верувам.
Се' што можам да заклучам од целата фама е дека грото од народов не се разбира ни од закони, ни од процеси, ни од правна држава. Епа чорба.
@nena2010 не може да ме убеди никој дека дете од 22 години е ладнокрвен убиец. Зборам за нормален човек. Ќе се изедеш и депресија ќе те фати да знаеш дека си убил некого. Верувам дека никој од нас не би спиел мирно да знае дека му зел живот на некого. И пак ќе речам, нека го казнат и нека лежи затвор, ама да не му прават хајка по социјалните мрежи. Оти мислам ако е психички понестабилен и он ќе си посегне го неговиот живот. И тоа што не излегол од колата мислам дека стварно од стрес не излегол. Абе, воздрасни не можат да гледаат крв/мртви. Од околината ми викаат ни сакам да гледам, ниту пак да фаќам. Јас работам во болница, ама тоа ми е на мене нешто секојднево. Треба да се пружи помош, ама и не секој може и знае да ја даде. Не сме сите исти.
Погрешна проценка на дечково го кошташе и него и девојката живот. Тоа е едноставно. Он веќе во кола не влегува, он е готов. Каков беше изгубен кога го внесуваа во марица. Ај да бил пијан, ај да бил под дрога, ај да шибнал да бега.. И тоа што викаш, не реагира секој подеднакво. А и како тргнале ништо чудно и да си посегне. И што направивме тогаш? Борбата е да го казнат по закон, а не да се бара крвна освета.
Јас само се надевам дека дечково не ги чита коментарите на фб нз како е во шуткаа имаат ли телефон, интернет, мислам дозволено е ама се надевам не чита оти комментарите се косат со секоја човечност чиниш психопати ги пишуваат.
Како мислиш не посакувал? Што мислел дека ќе се случи ако не почитува ниту едно сообраќајно правило? Да банализирам, идеш на испит, од 30 прашања погрешни се 29, па после леле професорот е курва, ме мрази, можеше шеска да ми стаи, ауу животот е тежок. За некои работи во животот имаме поправен испит, за некои не. Тоа се вика одговорност.
Па тоа и треба да биде казната за возачи кои усмртиле некого, да нема право веќе на возачка. Што е тоа толку драматично? Крај на светот? Ќе си оди пешки, ќе си вози точак, ќе си плати такси, што ќе му фали? Ако веќе мислиш/мислите дека бил толку растревожен, тогаш нека му се направи едно поштено психијатриско вештачење за да утврдиме. Растревожен е затоа што живее со помислата дека убил некого или е растревожен затоа што живее со помислата дека ќе оди во затвор? Ако е ова првото, тогаш ќе си плати психијатриска и психолошка помош и терапија исто како што плаќа адвокат и ќе му биде подобро. Луѓе живеат и се борат со секакви трауми, и тоа е тоа, се борат, ќе се бори и он, што е посвилен он од другите? А ако е второто, тогаш нема место за емпатија баш многу.
Еднонасочно гледање на работите. Ако 89% од учениците одговорат погрешно на прашањето, одговорноста неможе да е само на учениците. Одговорноста е и на наставникот. Од ова си патиме во државата. Во ред, ајде да го обесиме дечкото на плоштад. Нека биде убиец, ма нека е сериски убиец. Сакаш да ми кажеш дека после него нема да се случи ниту една несреќа? Сакаш да кажеш дека сите ќе ги почитуваат пропишаните правила? Не драга, нема. Одговорноста е и на државата. Таа не превземала ништо за да си го заштити своето население после толку многу несреќи кои се случиле на оваа улица. Друга работа е што примерот со професорот воопшто не е соодветен. При возењето постојат рефлекси, кој не секој возач ги има а кои можат да се подобрат со текот на времето. Затоа велат за да бидеш добар возач треба искуство. Токму тие рефлекси им фалат на младите луѓе кои се зад воланот. Знаеш колку млади луѓе под стрес наместо коченица притиснале на гас?! Да се разбереме, Не го правдам дечкото, тој треба да оди во затвор. Но мораме да се фокусираме на тоа да се сменат некои работи на нашите улици зошто така ќе спречиме барем 70% од идните несреќи во населените места. Останатите 30% нека останат да бидат на совеста и на одговорноста на возачите.
Сакам да кажам дека имаш разлика помеѓу кривец кој е во шок од тоа што го сторил и кривец кој баш го заболе за жртвата туку му е дека ќе лежи во затвор ( како што имавме пример со еден дотичен на викенд кога направи сообраќајка). Не може да ја споредуваш состојбата на овај и на онај кому ничиј живот не е е свет. Е тој вториот и после 10 вакви несреќи гајле ќе нема, а како овај дечко готов за век и веков.
Некои болки, состојби и трауми, ниеден психолог, психијатар или пари или поминати години неможат да ги избришат, кажувам од искуство и мое лично и на други. Од мојата кратка произволна проценка ( не тврдам , не сум сигурна за тоа треба повеќе работа да не бидам сега нападната ти од кај си сигурна) од видеото што го видов ова ќе е таков случај најверојатно.
Да, претерано е, ама со тоа сфаќаш дека сите се извлекуваат поради недостатокот на закони и функционален систем во државата. Возачи со ич казни/помали казни, вакви ботови со мобинг и ширење хејтерство... и крај нема. Омраза на интернет има откако постои интернетот, кон секој кој ќе нѝ се испречи на патот кога сакаме да го исфрлиме најлошото од себе. Овие не го претставуваат мнозинството секако.
Супер ако ти со еден поглед си дала "скоро сигурна" дијагноза. Некои трауми се тешки, не си ти единствената кое има такво искуство во животот, сите си ги носиме сопствените. Не мислам дека имаат иста тежина траумата како последица од сопственото однесување и траумата како последица од туѓото однесување.
Мислам дека треба да се направи една студија за да се мапираат сите критични точки во Скопје каде набрзо се вози, каде се случуваат највеќе сообраќајни несреќи, каде има лоша усогласеност на семафорите, каде во кој дел од денот има највеќе возила, и да се достави до град Скопје за да се постават лежечки и стоечки полицајци во делот од денот кога има највеќе фреквенција на возила.. Пример е Водњанска, значи кај школото што е после кружниот тек тука има лежечки полицаец ама на пола улица, на пола улица нема, комотно можеш да си го заобиколиш, такви феноменални решенија кој што би натерале да успори само некој кој прв пат поминува таму и не знае што и како е, да нема..
Ама ти можеш да потпишеш со две раце дека неговата состојба е предизвикана од чувството на длабоко каење? И врз која објективност ја базираш својата сигурност? Ти можеш за себе да тврдиш како би се чувствувала на негово место, ама не и за некој друг.
Во него удрило БМВ х5. https://newz24live.com/voznemiruvachko-foto-nova-tragedija-vo-skopje-zagina-peshak/
Медиумиве грам осет немаат со сликањето. На друг медиум ја има сликава не заматена. Дали така треба да дознае семејството за несреќата?