Со невладини организации бе. Мизерија сме еј.Џабе шо имаме преубава држава, преубави природни богатсва итн, кога тие што живеат во рамките на државата се трули и скапани
Страшно, стварно не ми е јасно што се случува . Дали сега обрнавме повеќе внимание или стварно се зголеми бројот на несреќи.
И јас не ја сакам пренаселеноста на градот, ама тоа не е доволна причина за хаосот. И други европски градови се милионски, со многу повеќе народ и сообраќај од нас, имаат и таму по две коли семејствата, ама кога ќе прекрши правило и ќе го опнат со дебела казна, да видиш како ќе пази после. И поголем ред имаат. Во Германија татко ми и мајка ми беа сместени кај луѓе што живеат таму, а се од мк по потекло. Луѓето ги изнеле на вечера во ресторан една вечер. Ги однел со кола до центарот човекот, вртел, вртел, ама неможел да најде паркинг слободен нигде. Ги оставил жена му и моите во близина на ресторанот и се вратил да ја остави колата дома, викнал за себе такси и им се придружил. Не решил да се паркира непрописно и по секоја цена, зошто казната ќе го кошта многу повеќе од едно такси. Дали ова е нешто што некој кај нас би го направил? Втор случај исто од Германија - германка раскажуваше- ако има стоп знак на раскрсница, застанувам и бројам до пет, погледнувам дали нема коли, па вртам. И да има и да нема коли, вели, ако не застанам и не почекам неколку секунди, зад кривината може да има полиција и да ме застане и да ме казни. Не ги интересира, вика, дали улицата била празна и дали сум била на раскрсница сама. Прекршокот, како и сегде, е рамен на поминување на црвено светло и казната е исто толку строга. Ама клучниот момент е дека ИМАЛО ПОЛИЦИЈА на критичните места и дека казнуваат. Контроли имаат за се и сешто. Казни им стигаат на домашни адреси, смеј не ја плати само. За жал, народот што нема сообраќајна култура, треба да го научиш само со надворешна мотивација т.е. со казни и редовни контроли. Зошто луѓето на кои не им е гајле, ништо не им менува се додека не го осети ударот по сопствениот џеб. Тогаш ќе пазат и да не сакаат.
Жално…Овој пешачки кај мостот Гоце Делчев е хорор. Секојдневно поминувам од таму, ненормално брзо се вози и многу ретко застануваат за пешаци. И да сакаш да застанеш мораш да пазиш од позади некој тебе да не те удри од што не се држи правилно растојание. Незнам веќе што се случува со народов, страшно време да се живее.
Точно ама кој да протестира.. Едната половина што се лижат на СДСМ или другата на ВМРО.. Ќе се соберат двајца, тројца..другите само на фб ќе се силат.
Ајде, зборувајте уште колку е тешко со траума да живееш што си згазил човек... Што се случува по улициве? И не се прашувајте зошто се пишуваат такви работи на социјални мрежи. Ќе ги жалам уште... Што прави полицијата? Очигледно грицка семки и сончоглед. На секого даваат дозвола, корумпирани створења. Оној министерон мува не го лази. Да ти е страв улица да поминеш, не знаеш под чиво тркало ќе завршиш. Ти се плукнам во неиживеаните, нецивилизирани, нека скапаат по затвори.
Ти си државата. Полнолетна си, гласаш, имш право да учествуваш во граѓански здруженија, во партија, да се бориш за промена. Не знам како поинку да објаснам. Сакаме казни да важат, ама кога ќе стигне казната, сите бараме некој да нѝ ја скине. Ама очекуваме другите тоа да не го прават. Тоа е маѓепсан круг. Ама хаосот на улица е од пренаселеност и од падавичарско понашање на многумина. Сериозно на сите им требаат две коли? Сериозно мора за секоја ситница со кола до ваму до таму? Секој тротоар е претворен во паркинг. Од каде дојдоа сите тие коли? Од граѓанството што мисли дека тоа е престижот, згради од картон и кола. Стана срамота да кажеш дека се движиш низ градот пешки, сите мислат дека си сиромашен штом не си ја возиш количката и до контејнер. пс. Ќе се надоврзам во овој пост на коментарот од погоре за другите градови/земји. Ево во Италија во центар не смееш да возиш. Не е важно дали сакаш да пиеш кафе или не. Кога се предлагаше да се врати возењето пар- непар, центар да биде строго пешачка зона итн. тогаш сите беа обесправени, ќе им се одземело правото на избор, како тоа, па како без кола ќе се живее, шо е тоа фашизам. И еве ти сеа. Милион луѓе и два милиона коли.
Што повеќе да се каже? Што? Ќе го потиме со глупости и офтопици недела дена, дури не го убијат некого пак. Срам и брука сме, шупак на светот.
Не можеш на некој да му забраниш да иде во Скопје. Ниту некој е обврзан да се оправдува дали доаѓа во Скопје за шетање или за работа.
Спасовски да си напушти ОДМА Као за Венко шо се буневте сеа и за Спасовски. Башка Авто Испитен не е негов сеа? на тендер не го доби? Одма да си иде ОДМА И онака усра СЕ у државава @Caramell јебале их и ВМРО и СДСМ, трчаат по книшка за работа, пошо ги мрзи без врски да се помучат, а истите тие (и двете партии) ја ебаа државава за век и векова.Исто ко у турско да сме.Лапаат пари за сопствени цели, порано за сараи и џамии да градат, сеа за вили на Водно и Мерцедеси. Само греота ми е шо ние младите примеќаме и се буниме, а постариве со прст не мрдаат.Епа ако ви е тогаш.
Nepotrebno me citiras. Citiraj gi onie koi se zalat deka Sk e milionski grad i radi toa se desava vakov haos, jas ne rekov nisto.
За Скопје. Урбанистички, и по површина, не е предвидено да има толку жители. Не е доволно големо, и сосема очекувано е да има проблеми со сообраќајот. Поради што е хаосот? Секој е слободен да се движи како сака и каде сака, сѐ додека им го овозможува истото на другите. Каде се движат пешаците? На улица? Каде се паркираат колите? На тротоар. Вам ако ви е добро така, тогаш терајте.
За кирилица не ти треба нов компјутер. Ама, ако се чувствуваш полесно да ме нападнеш и да ми направиш одма психолошки профил, го фор ит.
Некогаш е потреба да имаш две возила, зошто во едно семејство се повеќе возачи. Ние сме имале две уште од 90-те, и кога бев девојка кај моите, зошто од 4-ца само еден не беше возач. И сега имам две коли, зошто имаме потреба од нив. Не ги возиме често ама некогаш и двете ни требаат за различни намени. Две третини од годината одиме и маж ми и јас со точаци на работа, секој ден. Поефтино, побрзо и поздраво е. Да можам и зиме би возела ама ми смета студот. Одиме зиме организирано повеќе лица со една кола на работа, најчесто со нашата. И не ми смета што е строг центар затворен, до кај сакаат нека го затворат ако е тоа некое решение. Само ми смета што не е цел град прилагоден за велосипедисти. А оној кој сака да се чатали се чатали и со една кола и со неа се качува кај стигне.
Глеаш не е само Јордан. Ја не сфаќам, не гледаат по социјални мрежи шо се дешава.И да си речат ејј треба да се пази кога се вози. А они ко да викаат ,,абе шо ќе пазам кој ги ебе нека умрат”
Се сложувам со сѐ, но сакав да укажам на квантитетот на коли. Во Скопје не е гужва, туку хаос. Толку луѓе и автомобили и мнозинството не почитува правила, и ете го хаосот. Години поминав во Рим, знам што е катаклизмична гужва, ама вака не.
Не, мислем дека некаде прочитав дека ја одбиле жалбата на адвокатот. Останува во 30 дневен притвор. После 30 дена обвинителот може да бара да му го продолжат за уште 30 дена, адвокатот негов пак ќе бара да му определат мерка куќен притвор или да се брани од слобода.